Ванчо Михајлов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''Иван Михајлов''' ([[26 август]] [[1896]] - [[5 септември]] [[1990]]), познат уште како '''Ванчо Михајлов''', '''Ванче Михајлов''' и ''Радко'', е една од најконтроверзните личности во [[историја на македонскиот народ|македонската историја]]. Обично сметан за предавник во [[Република Македонија|Македонија]] и славен како голем револуционер во [[Бугарија]], два факти за Михајлов се неспорни - тоа дека бил лидер на [[ВМРО]] по [[1924]] како и тоа дека се изјаснувал како [[Бугари|Бугарин]].
'''Иван Михајлов Гаврилов''' ([[26 август]] [[1896]] - [[5 септември]] [[1990]]), познат уште како '''Ванчо Михајлов''', '''Ванче Михајлов''' и ''Радко'', е една од најконтроверзните личности во [[историја на македонскиот народ|македонската историја]]. Обично сметан за предавник во [[Република Македонија|Македонија]] и славен како голем револуционер во [[Бугарија]], два факти за Михајлов се неспорни - тоа дека бил лидер на [[ВМРО]] по [[1924]] како и тоа дека се изјаснувал како [[Бугари|Бугарин]].


Ванчо Михајлов е роден во [[Ново Село]], [[Штип|Штипско]]. Од [[1910]] година Ванчо бил ученик во егзархиската [[Солунска машка гимназија]]. Малку пред [[Меѓусојузничката војна]] (позната уште и како Втора [[Балкански војни|Балканска војна]]) го напуштил [[Солун]] и се вратил во Штип. Во [[1918]] година бил повикан како регрут во бугарската војска и служел во [[Софија]].
Ванчо Михајлов е роден во [[Ново Село]], [[Штип|Штипско]]. Од [[1910]] година Ванчо бил ученик во егзархиската [[Солунска машка гимназија]]. Малку пред [[Меѓусојузничката војна]] (позната уште и како Втора [[Балкански војни|Балканска војна]]) го напуштил [[Солун]] и се вратил во Штип. Во [[1918]] година бил повикан како регрут во бугарската војска и служел во [[Софија]].

Преработка од 10:07, 26 септември 2005

Иван Михајлов Гаврилов (26 август 1896 - 5 септември 1990), познат уште како Ванчо Михајлов, Ванче Михајлов и Радко, е една од најконтроверзните личности во македонската историја. Обично сметан за предавник во Македонија и славен како голем револуционер во Бугарија, два факти за Михајлов се неспорни - тоа дека бил лидер на ВМРО по 1924 како и тоа дека се изјаснувал како Бугарин.

Ванчо Михајлов е роден во Ново Село, Штипско. Од 1910 година Ванчо бил ученик во егзархиската Солунска машка гимназија. Малку пред Меѓусојузничката војна (позната уште и како Втора Балканска војна) го напуштил Солун и се вратил во Штип. Во 1918 година бил повикан како регрут во бугарската војска и служел во Софија.

Во 1919 се запишал на Правниот факултет во Софија. Истата година бил привлечен во редовите на ВМРО од Тодор Александров во Задграничното претставништво на организацијата во Софија. Во 1920 бил еден од основачите на Македонското студентско друштво Вардар и прв негов претседател. По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1924 година, Тодор Александров бил убиен (31 август 1924) и раководството на ВМРО го презема Иван Михајлов кој се пресмета со своите противници. На 31 октомври 1927 год. српската власт во Штип ги убива татко му Михаил Гаврилов и поголемиот брат Христо Михајлов. На 7 јули 1928 по негова заповед бил убиен генерал Александар Протогеров.

На негова иницијатива во Женева од 14 јуни 1926 година започнал да излегува од печат весникот "Ла Маседоан". Исто така ги поткрепувал дејностите на Македонскиот Научен Институт во Софија, Македонската Патриотска Организација за САД и Канада и весник Македонска Трибуна.

На 21 јули 1928 год. во село Крупник, Горноџумајско, е одржан Седмиот конгрес на ВМРО, на кој Ванчо е повторно избран за член на новиот ЦК. Во 1934 учествувал во организацијата на убиството на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј, Франција. Избегал во Турција во 1934, по воениот преврат во Бугарија, кога ВМРО била забранета. Таму бил уапсен до 1938 година, кога бил пуштен и заминал со својата сопруга Менча Крничева во Полска.

По окупацијата на Полска, го добил правото да живее во Варшава. Кога била создадена независната Хрватска држава во 1941, се преместува во Загреб, кај својот верен пријател Анте Павелиќ, каде живеел до крајот на Втората светска војна. После војната живеел во Аустрија, Шпанија и Италија. Таму има напишани доволен број на книги на македонска тематика.

Ванчо Михајлов умрел од природна смрт на 5 септември 1990 година во Рим, Италија.

Врски