Љубомир Фрчкоски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Нема опис на уредувањето
Ред 45: Ред 45:
== Наводи ==
== Наводи ==
{{reflist}}
{{reflist}}



{{МВР-министри}}
{{МВР-министри}}


{{DEFAULTSORT:Фрчкоски, Љубомир}}
{{DEFAULTSORT:Фрчкоски, Љубомир}}

[[Категорија:Македонски правници]]
[[Категорија:Македонски правници]]
[[Категорија:Македонски политиколози]]
[[Категорија:Македонски политиколози]]
Ред 60: Ред 58:
[[Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994]]
[[Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994]]
[[Категорија:Министри за внатрешни работи на Република Македонија]]
[[Категорија:Министри за внатрешни работи на Република Македонија]]
[[Категорија:Министри за надворешни работи на Република Македонија]]

[[bg:Любомир Фръчковски]]
[[bg:Любомир Фръчковски]]
[[de:Ljubomir Frčkoski]]
[[de:Ljubomir Frčkoski]]

Преработка од 18:44, 23 ноември 2010

Љубомир Д. Фрчкоски

Љубомир Данаилов Фрчкоски, (р. на 2 декември 1957 во Скопје), македонски политичар и кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија на изборите одржани на 22 март 2009.[1] Фрчкоски е професор по меѓународно јавно право и меѓународни односи на Правниот факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј- Скопје, Република Македонија.

Љубомир Фрчкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.

Политичка биографија

Професор Фрчкоски беше министер во Владата на Република Македонија во периодот 1990 до 1997 година. Министер без портфељ до 1992, министер за внатрешни работи од 1992 до 1996 и министер за надворешни работи во периодот 1996 - 1997.

Од 2000 до 2001 година, Фрчкоски е именуван на функцијата извршен директор на Фондацијата за стратегиски истражувања Киро Глигоров.

Професорот Фрчкоски беше Советник на Претседателот на Република Македонија за уставни прашања и прашања од областа на човековите права од 2000 година.

Научно-истражувачка дејност

Фрчкоски беше еден од експертите вклучени во подготовката на Уставот на Република Македонија од 17.11.1991, како и на амандманите на Уставот од 2001 година.

Од 1994 година, тој е член на IFRI, Францускиот Институт за меѓународни односи.

Фрчкоски, исто така е член на Асоцијацијата за меѓународно право- Скопје и. поранешен генерален секретар на Форумот за човекови права.

Во 2002 година, професор Фрчкоски беше избран за член на ECRI при Советот на Европа.

Фрчкоски е визитинг професор на I.U.I.E.S. Меѓународниот универзитетски институт за Европски студии во Италија и член на Научниот комитет на Институтот за социологија во Горица.

Дел од библиографијата на трудови

  1. Меѓународно јавно право, Фитко (1991)[2]
  2. Тези за политичкиот плурализам и правната држава во Македонија, Погледи 1 (1991)
  3. Меѓународно јавно право (учебник, монографија) Табернакул (1994)
  4. Меѓународно право за правата на човекот, Фондација Институт Отворено Општество Македонија (2001)
  5. ЕУ политика: меѓу принципите и Балканската пракса, Венецијанска Комисија- Совет на Европа (2001)
  6. Современи политички теории, Форум (2003)
  7. Меѓународно право за правата на човекот, второ дополнето издание, Магор (2005)[3]
  8. Стекување и независност на Република Македонија, МАНУ- Зборник на АСНОМ (2005)
  9. Преговарање во конфликт на идентитети, Темплум (2007)

Надворешни врски

Наводи