Бакарно време: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Нова страница: {| width="225" align="right" border="2" cellspacing="0" cellpadding="4" rules="all" style="margin:1em 1em 1em 0; margin-left:2em; margin-top:0em; border:solid 1px #AAAAAA;...
 
с Бакарно доба преместена како Енеолит: Се работи за ист временски период со различни именувања
(нема разлика)

Преработка од 11:50, 15 август 2007

Трипериоден систем
Холоцен Праисториски епохи
Железно доба
  Доцно бронзено доба  
  Средно бронзено доба
  Рано бронзено доба
Бронзено доба
    Бакарно доба (енеолит)    
  Младо камено доба (неолит)
  Мезолит
Епипалеолит
Плеистоцен     Доцен палеолит  
    Среден палеолит
    Ран палеолит
Камено доба


Бакарното доба или Енеолитот го опфаќа периодот од 4.500 - 2000 год. пред н.е. Првите сознанија за овој период, археолошките ископувања и истражувања биле извршени пред повеќе од педесетина години. Тогаш за прв пат е констатирана енеолитската населба на Скопското Кале, неколкуте во Пелагонија, како: Шуплевец, Бакарно Гумно, Црнобуки, Висок Рид, Горни Висои, Крушеанска Чука, Тумба-Карамани. Во охридско-преспанскиот регион се регистрирани две населби: Устие на Дрим и "Црквени Ливади". Во поново време во кумановско, констатирана е енеолитска населба на Костоперска Карпа, "Жеглиговски Камен", во скопско "Врањак", во делчевско "Градиште" кај с. Град, а во кочанско "Пилаво". Археолозите се согласија регионалната културна група во Македонија да ја наречат Шуплевец-Бакарно Гумно, која што хронолошки се вклопува во пошироки територијални рамки, во културниот комплекс Бубањ-Салкуца-Криводол. Од сите наведени локалитети презентирани се 160 експонати движен археолошки материјал во салите на Музеј на Македонија.Тоа се разновидни керамички садови, алатки изработени од бакар, коска, камен, кремен, глинени тегови и прешлени, амајлии, накит од школки, зооморфни и антропоморфни фигурини, пинтадери и друго. Документацијата и преостанатиот материјал се чуваат во Музејот. За енеолитот во Македонија објавено е во повеќе наши и странски стручни списанија, а основните податоци може да се добијат од Археолошката карта на Македонија бр.1 и бр.2.



Надворешни линкови