Вовед во анатомија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Бот Додава: uk:Анатомія Грей
Ред 267: Ред 267:
[[th:แพทย์มือใหม่ หัวใจเกินร้อย]]
[[th:แพทย์มือใหม่ หัวใจเกินร้อย]]
[[tr:Grey's Anatomy]]
[[tr:Grey's Anatomy]]
[[uk:Анатомія Грей]]
[[zh:實習醫生]]
[[zh:實習醫生]]

Преработка од 19:04, 20 октомври 2010

Вовед во анатомија
Grey's Anatomy
Логото на серијата
Жанркомедија, драма
Создадена одШонда Рајмс
УлогиЕлен Помпео
Сандра О
Кетрин Хајгл
Џастин Чејмберс
Т.Р. Најт
Чандра Вилсон
Џејмс Пикенс Џуниор
Сара Рамирез
Ерик Дејн
Чилер Ли
Брук Смит
Кевин МекКид
Патрик Демпси
РаскажувачЕлен Помпео
(како Мередит), понекогаш и други ликови
Тематски композиторPsapp
Воведна темаCosy in the Rocket
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони5
Бр. на епизоди100 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Шонда Рајмс
Бетси Бирс
Марк Гордон
Криста Верноф
Роб Корн
Марк Вајлдинг
МестоположбаСиетл, Вашингтон и Лос Анџелес
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежа ABC
А1
Сликов формат480i (СДТВ)
720p (ХДТВ)
Звучен форматСтерео, Долби дигитал
Првично прикажување27 март 2005 – сè уште
Хронологија
Слични програмиПриватна пракса
Надворешни врски
Мрежна страницаabc.go.com/primetime/greysanatomy

Вовед во анатомија (англиски: Grey's Anatomy) е позната американска медицинска телевизиска драма. Дебитираше на телевизијата ABC на 27 март 2005, во терминот по Очајни домаќинки. Главниот лик во серијата е докторката Мередит Греј (Елен Помпео), која започнува да работи како специјализант во болницата Сиетл Грејс во Сиетл, Вашингтон.

Насловот на серијата е изведен од насловот на познатиот медицински прирачник Анатомија на човечкото тело (Gray's Anatomy).

Во САД моментално започна седмата сезона. Во Македонија, Вовед во анатомија се емитува на А1 телевизија. Се емитуваше секој вторник во 21 часот се до крајот на втората сезона. По летото, 2008, започна емитување на третата сезона со финалето во април, 2009. Се емитуваше секој вторник во 21 часот, со последните неколку епизоди преместни во среда во 22 часот поради директниот пренос на бугарското музичко шоу „Музички Идол“. Четвртата сезона беше прикажана во термините од 22.00 во вторник и среда. Во моментов на А1 започна прикажувањето на петтата сезона во терминот од 17.00 од понеделник до петок.

Продукција

Име

Локации

Дејството во серијата се случува во измислената болница Сиетл Грејс која се наоѓа во Сиетл. Освен во болницата некои настани се случуваат и во куќата на Мередит каде повеќето ликови живееат. Помал дел од настаните се случуваат и во становите и куќите на останатите ликови. Иако дејството на серијата се случува во Сиетл повеќето сцени се снимани во Лос Анџелес.

Поголемиот дел од сцените кои го вклучуваат екстериерот на болницата се снимани во студиата на подружникот на ABC, KOMO-TV. Местото од каде полетува хеликоптерот на болницата е снимано токму во овие студиа. Ентериерот на болницата и останатиот дел од екстериерот се снимани во една медицинска установа Кер центар која се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија. Куќата на Мередит е изградена сцена во студиата на АВС. Во втората и третата сезона можевме да го видиме и станот на Престон, кој исто така е изградена сцена како и станот на Кристина виден во неколку епизоди пред таа да се пресели во станот на Бурк. Во четвртата сезона кога Бурк повеќе не е во серијата Кристина повторно си купува стан кој е исто така изградена сцена.

Пред почетокот на петтата сезона имаше најави за изградба на нова сцена. Бидејќи во петтата сезона Мередит и Дерек конечно се заедно и нема повеќе пречки во нивната врска тие ќе решат да купат своја куќа која фановите ја нарекуваат The McHouse, име добиено според прекарот на Дерек McDreamy. Затоа имаше и најави дека во изградба е почната оваа фамозна куќа.

Издигнување до славноста

Во 2005, ABC решава да и даде шанса на оваа тогаш неславна серија. Тој на Вовед во анатомија решава да и го даде терминот по емитувањето на турнирот за рагби на 5 февруари, 2006.[1] Премиерата привлекла неверојатни 38.1 милиони гледачи. Вербата на телевизијата во оваа серија беше потврдена и тие решаваат да и го дадат терминот по Очајни Домаќинки што ја става серијата во ист термин со хит серијата на CBS Истрага на местото на злосторството. Ризикот бил огромен но на крај се покажал и повеќе од исплатлив, бидејќи самата премиера привлекла неверојатни 3 милиони гледачи повеќе од Истрага на местото на злосторството.

По премиерата оваа серија превлекувала се повеќе гледачи. Во понатамошните сезони серијата прераснува во хит и се здобива со се поголем број на награди од година на година. Третата сезона се покажа како најуспешна досега, но веќе четвртата го спушта рејтингот на серијата подоле. Рејтингот паѓа, наградите се намалуваат, но ова не ги спречи продуцентите на серијата да направат прекрасен пресврт во петтата сезона кој го качи рејтингот погоре.

Музика

Приватна пракса

На 21 февруари, 2007, The Wall Street Journal изјави дека ABC размислувала за придружна серија на Вовед во анатомија со ликот Адисон Монтгомери како главен лик.[2] На 3 мај, 2007, двочасовна епизода од Вовед во анатомија послужи како воведна епизода за предложената серија. ABC официјално ја одбра Приватна пракса за есенската сезона во 2007 на 11 мај. Серијата ги емитуваше своите први девет епизоди за време есента во 2007 секоја среда навечер во 21 часот, со својата премиера на 26 септември, 2007 на ABC.

Актерска екипа и улоги

Ликовите во серијата во основа се медицински специјализанти и доктори кои на стажистите им служат како ментори во нивните приватни и професионални животи. Продуцентите на серијата користеле така наречена „слепо-распоредувачка“ техника, која се резултирала во актерска екипа со актери од различни националности и раси. Сите улоги за Вовед во анатомија се бирани без пред тоа да се каже од која раса треба да е улогата, тоа всушност била визијата на создавачот, Шонда Рајмс.[3] Петте ликови кои служат како централната точка на серијата се: Мередит Греј (Елен Помпео), Алекс Карев (Џастин Чејмберс), Џорџ О‘Мали (Т. Р. Најт), Изи Стивенс (Кетрин Хајгл) и Кристина Јанг (Сандра О). Тие започнуваат како стажисти во Сиетл Грејс болницата, напредувајќи во специјализанти по нивната прва година во хируршката програма. Отпрвин тие се предводени од специјализантот Миранда Бејли (Чандра Вилсон), хирург по општа хирургија која подоцна станува и шеф на специјализантите, а потоа решава да се пријави и за педијатриска колегијалност. Хируршката програма е предводена од шефот на хирургија Ричард Вебер (Џејмс Пикенс Џуниор) кој ја познавал Мередит пред таа да се вработи во болницата, имајќи тајна љубовна врска со нејзината мајка кога Мередит била сè уште мала. Под служба на Вебер се хирурзите Дерек Шепард (Патрик Демпси) и Престон Бурк (Исаија Вашингтон), кои се глава на неврохирургија и кардиоторакална хирургија, соодветно. Дерек служи како главниот љубовен интерес на Мередит, додека Престон започнува врска со Кристина, која за жал завршува лошо, оставајќи ја пред олтарот. Вашингтон вушност е отфрлен од серијата поради хомосексуални навреди упатени кон својот колега Најт.[4]

Ликови воведени во втората сезона се хирургот по неонатална хирургија, гинекологија и акушерство Адисон Монтгомери (Кејт Волш), хирургот по пластична хирургија Марк Слоун (Ерик Дејн), ортопедскиот хирург Кели Торес (Сара Рамирез) и кардиоторакалниот хирург Ерика Хан (Брук Смит). Адисон е поранешната жена на Дерек, која се враќа во Сиетл за да ја обнови нивната врска. Волш ја напушта серијата во третата сезона со тоа што се префрла во посебна преодна серија Приватна Пракса, но сепак одвреме-навреме се појавува и во Вовед во анатомија, но како гостин. Марк е поранешен најдобар пријател на Дерек, кој е виновен за распадот на врската помеѓу Дерек и Адисон, имајќи тајна врска со Адисон. Кели е воведена како љубовен интерес на Џорџ, со кој подоцна и се венча, но на крај се разведува. Ерика го заменува Престон како глава на кардиоторакална хирургија и започнува лезбејска врска со Кели, но набрзо заминува од серијата во петтата сезона.

Во третата сезона се запознаваме и со младата стажистка Лекси Греј (Чилер Ли), полу-сестра на Мередит. Набргу развива цврсто пријателство со Џорџ и започнува многу чудна и неразбирлива врска со него. По неколку неуспешни врски започнува сериозна врска со Марк. Втора стажистка, Седи Харис (Мелиса Џорџ) е воведена во петтата сезона, но откако Мелиса не успева да стане главна улога во серијата и по неколку навреди упатени кон сценаристите ја напушта серијата. Покрај Џорџ во петтата сезона се воведени и траума хирургот Оуен Хант (Кевин МекКид), кардиоторакалниот хирург Вирџинија Диксон (Мери МекДонел) и хиругот по педијатрија Аризона Робинс (Џесика Капшоу). Оуен започнува врска со Кристина, Ричард се обидува да ја убеди Вирџинија да ја замени Ерика како глава на кардиоторакална хирургија и Аризона Робинс станува нов љубовен интерес на Кели.

Отпуштања

Исаија Вашингтон

Некаде во октомври 2006, токму кога започна третата сезона на оваа серија, актерите на серијата ги привлекоа медиумите кога актерот Исаија Вашингтон наводно го нарекол Т.Р. Најт „педер“ за време на некоја расправија со Патрик Демпси. По многу шпекулации за тоа дали навистина Најт е хомосексуалец тој излегува во јавноста и признава на сите медиуми дека всушност е хомосексуалец. Иако Вашингтон одрекува дека го искористил тој збор, тој пред цела јавност се извини за тоа што користел „непримерни зборови“.

Овој неспоразум продолжува за време на 64 Доделување Златен глобус, откако серијата се здоби со награда за најдобра серија, актерската екипа отиде во медиумската соба да одговорат на некои прашања на новинарите. Додека Шонда Рајмс беше прашувана прашања поврзани со инцидентот, Вашинготон сосем неочекувано се исфрлува пред Шонда и го зема микрофонт и изјавува: “Не, не сум го нарекол Т.Р. педер.“ (Hollywood Foreign Press Association ја стави снимката на нивниот вебсајт.)

По ова, во едно интервју со Access Hollywood, Кетрин Хајгл го критизира Вашингтон за тоа дека го искористил моментот во новинарската соба да каже лага и вели „тој едноставно не треба да зборува во јавноста. Точка.“ Подоцна таа недела, Најт се појавува на Елен Диженерес' шоуто и тој исто како и другите потврдува дека тој и останатите го слушнале Вашингтон како ја кажува истата лага и во октомври.

Gay & Lesbian Alliance Against Defamation го повикаа Вашингтон јавно да се извини.[5] Извршителите на телевизијата решија да го натераат Вашингтон да се преиспита себеси, кој се согласил со нив и излегува во јавноста со изјавата: „Неможам ни да го оправдувам ни да го објаснам моето однесување... и исто така морам да престанам да си одрекувам на самиот себе дека имам проблеми кои дефинитивно треба да ги преиспитам со мојата душа и затоа побарав помош.“ Во обид да потврди дека не е лага, Вашингтон се пријавил во специјална установа да се преиспита себе си поради инцидентот со навредата.

Покрај се, на 7 јуни, 2007, ABC најавија дека нема да го обноват договорот со Вашингтон и дека тој ќе биде отпуштен од серијата. Реакцијата и одговорот на Вашингтон во една изјава беше: „Премногу сум изнервиран, премногу и нема веќе да го трпам ова“[6] Тој исто така кажа нешто и за расправијата: „Морам да си го исчистам името. Ќе почнам од почеток. Ќе кажам се. Затоа еве ја вистината... го употребив зборот за време на едно несогласување со Патрик Демпси, но потоа се извинив за тоа, се ракувавме и потоа се вративме на работа како ништо да не било“. Тој исто така изјави дека Најт бил тој што зборот и целата ситуација ја свртел како тој да е нападнат, со надеж дека ќе му ја зголемат платата и улогата. Вашингтон исто така рече дека планира да превземе и легални мерки и дека Патрик Демпси ќе го подржи во се што е изјавено во неговата последна изјава.[7]

Се оттогаш Исаија тврди дека не е лут туку „тажен“ поради се што се случи. Тој исто така рече дека го прашале дали сака да направи камео појавување во серијата, и тој рече дека не би се двоумел да каже „да“.[8]

Слика од ликот на Вашингтон (Престон Бурк) беше искористена за една реклама на 9 мај, 2008 за епизодата „The Becoming“. Сликата беше во една статија во еден весник каде што пишува дека тој (Бурк) има добиено една награда. Откако ова беше прикажано, Питер Нелсон адвокатот на Вашингтон веднаш контактирал со телевизијата и им рекол дека тоа било навистина глупава употреба на сликата која ја имале. Неговиот публицист, Ховард Брегмен, изјави за Hollywood Reporter дека: „Тие имаат секакви права да продолжат да ја развиваат неговата приказна и да зборуваат за неговиот лик, но не да ја објават сликата“ и изјави дека очекува ова да се реши преку „финансиски надомест“.[9]

Брук Смит

Сезони

Прва сезона: 2005

Nielsen Ranking (2004-05 U.S. ТВ сезона; базирано на просечниот број на гледачи по епизода): #9 (18.5 милиони гледачи)[10]
Актерската екипа од првата сезона

Првата сезона во Америка започна на 27 март 2005 а заврши на 22 мај 2005. Првата сезона била скратена од телевизијата и наместо 14 имало 9 епизоди (оригинално финале на сезоната требало да биде епизодата „Bring the Pain“).

Оваа сезона започнува кога младата стажистка Мередит Греј која е и протагонистот на оваа серија го запознава докторот Дерек Шепард во еден бар и ја поминува ноќта со него. Следното утро всушност е и првиот ден на Мередит како стажистка во болницата Сиетл Грејс каде на нејзино изненадување дознава дека таму работи и Дерек. Таму ги запознава и останатите стажисти со кои е во иста стажистка група: ладнокрвната корејка Кристина Јанг, поранешниот модел Изабел „Изи“ Стивенс и несамоуверениот Џорџ О‘ Мали. Нивни ментор е д-р Миранда Бејли, чиј прекар е „нацистка“ или скратено „наци“ поради нејзината строгост која иако по изглед лоша е еден прав ментор. Стажистот Алекс Карев кој се претставува како бесчувствителен и арогантен најпрвин е сместен во друга стажистка група но поради неодговорноста и арогантноста, ненајдено го сместуваат во групата на д-р Бејли. Се запознаваме и со докторот Престон Бурк кој е еден од најдобрите кардиоторакални хирурзи и со шефот на хирургијата д-р Ричард Вебер.

Оваа сезона се врти околу врската на Дерек и Мередит, сексуалната врска помеѓу Кристина и Бурк која ќе се резултира со Кристина бремена, малото ривалство помеѓу Дерек и Бурк, заљубеноста на Џорџ во Мередит и неговите проблеми да се вклопи во општеството, арогантноста на Алекс Карев и желбата да ја понижи Изи, борбата на Изи да ја гледаат како компетентен доктор и тајните поврзани со мајката на Мередит, Елис Греј. Оваа сезона завршува со појавувањето на Адисон Монтгомери Шепард (жената на Дерек) која доаѓа од Њу Јорк да се смири со Дерек.

Втора сезона: 2005-2006

Nielsen Ranking (2005-06 U.S. ТВ сезона; базирано на просечниот број на гледачи по епизода): #5 (19,9 милиони гледачи)[11]
Актрерската екипа од втората сезона

Втората сезона започнува да се емитува во Америка во недела, 25 септември 2005, а завршува на 15 мај 2006. Има вкупно 27 епизоди.

Неколку епизоди кој требале да се емитуваат во првата сезона се префрлени во оваа сезона. Првата сезона требала да има 14 епизоди но извршителите на ABC сакале финалето на сезоната на Очајни домаќинки и финалето на сезоната на Вовед во анатомија да бидат во ист ден што значи прво на Очајни домаќинки а веднаш по него на Вовед во анатомија. Шонда Рајмс креаторот на оваа серија вели дека иако сакале епизодата „Bring the Pain“ да биде последна епизода на првата сезона доаѓањето на Адисон Монтгомери Шепард се појавило идеално за крај на првата сезона. Таа исто така вели дека во епизодата „Bring the Pain“ може да се забележи како таа сакала да ја направи таа епизода за финале на првата сезона. Ако таа епизода била финале на првата сезона ќе завршела како Дерек се двоуми кого да одбере Мередит или Адисон. И вистинското финале ќе било како Мередит е во чекање да види кој одбрал Дерек дали нејзе или Адисон. Но сепак Шонда вели дека е задоволна и дека имале идеален крај за првата сезона.

Втората сезона се фокусира на врската на Мередит и Дерек која ненајдено се прекинува со доаѓањето на Адисон Монтгомери Шепард (жената на Дерек). Адисон се бори за Дерек и го убедува да и се врати со ова таа добива и постојана работа во Сиетл. Мередит пак е бесна и потиштена. Дознаваме и многу работи за врската на мајка и Ричард со примањето на мајка и во болницата. Кристина и Бурк ја продолжуваат својата врска и таа станува се посериозна во оваа сезона. Изи исто така започнува врска со Алекс, но таа врска се прекинува, па повторно продолжува и се така, додека Изи не се заљуби во Дени Дукет пациент со болно срце и конечно му раскинува на Алекс. Џорџ конечно зема храброст и и кажува на Мередит дека ја сака што се резултира да тие спијат заедно. Кога Мередит ќе заплаче среде сексот тој се налутува и се преселува да живее кај Кристина и Бурк. Д-р Мирандра Бејли забременува и во оваа сезона дознаваме повеќе за нејзиниот приватен живот. Ричард пак се потсетува на старите времиња поминати со Елис и започнува редовно да ја посетува во домот каде што е сместена. Алекс поминува низ тешки периоди и поради тоа станува и многу депресивен.

Мередит купува куче за да ја ублажи болката нанесена од Дерек. Таа започнува и врска со ветринарот на кучето но длабоко во себе знае дека го сака Дерек. Џорџ започнува врска со Кели Торес но не се вљубува во неа, Изи започнува врска со Дени Дукет и прифаќа да се омажи за него. Кристина се преселува кај Бурк и нивната врска поминува низ разни фази и Марк Слоун се појавува во болницата и ја бара Адисон назад но таа не прифаќа.

Сезоната завршува кога Ричард дознава дека Адел од самиот почеток на нивниот брак знаела за неговата афера со Елис. Изи почнува да плаче и е во депресија зошто Дени умира. Кели му признава на Џорџ дека го сака но тој и вели дека не може да и возврати со љубов бидејќи сѐ уште не е вљубен во нејзе. Мередит има секс со Дерек на матурската вечер. Изи му признава на Ричард се за Дени и според протоколот на болницата Ричард размислува да ја отпушти но со крајот на сезоната ова останува нерешено. Последната сцена е како Мередит стои помеѓу Дерек и Фин и незнае кого да одбере.

Актерите Сара Рамирез и Ерик Дејн во оваа сезона имаат споредна улога но со почетокот на третата стануваат главни улоги. Исто така и вечната ривалка на Бурк, Ерика Хан се појавува во сезонава но не станува главна улога се до почетокот на четвртата сезона.

Трета сезона: 2006-2007

Nielsen Ranking (2006-07 U.S. ТВ сезона; базирано на просечниот број на гледачи по епизода): #4 (22.3 милиони гледачи)[12]
Актрерската екипа од третата сезона

На 16 мај, 2006, утрото по завршувањето на втората сезона, ABC најавија планови за трета сезона на Вовед во анатомија за да го пополнат терминот на вечерите секој четврток,[13] кои се во 21 часот.

Во оваа сезона љубовниот триаголник Дерек-Мередит-Фин продолжува откако Дерек ќе се разведе од Адисон. Адисон го повикува Марк во Сиетл и тој се придружува на персоналот. Изи е во депресија поради Дени, но конечно собира сили и се враќа на работа. Забрането и е да присуствува на операции и како консултат и е поставена Сидни Херон.

Џорџ ја продолжува врската со Кели, исто и Мередит и Дерек откако таа ќе го напушти Фин. Алекс почнува да го идолизира Марк Слоун, но Марк Слоун не го забележува и цело време го користи за различни глупости но не и за операции. Кели му раскинува на Џорџ и започнува афера со Марк.

Бурк се опоравува од операцијата и е примен повторно на работа. Но само Кристина знае за неговата болна рака. Тој заедно со Кристина почнува да оди на операции за да Кристина може да му помогне во операциите ако добие напад на раката. Тие исто така ја продолжуваат со врската носејќи ја на следното ниво.

Ричард добива ултиматум од Адел - или неа или работата. Кога тој се одлучува за работата таа го брка од дома. Ричард и се бори против другите доктори и болници кога почнуваат да се распрашуваат за мистериозниот случај Дени Дукет.

Повеќето доктори од болницата почнуваат да ја предизвикуваат Миранда и да се соменваат во нејзините способности. Миранда решава да ја преврти целосно својата кариера и се кандидира за Шеф на хирургија.

Татко му на Џорџ е примен во болницата што доведува до враќањето на Ерика Хан.

Четврта сезона:: 2007-2008

Петта сезона: 2008-2009

Шеста сезона: 2009-2010

На 23 април, 2009, ABC ја одбра Вовед во анатомија за 2009-2010 телевизиската сезона.[14] За шестата сезона Џесика Капшоу која беше воведена во петтата сезона како педијатарот Аризона Робинс ќе добие редовна улога.[15]

Прифатеност

Награди

Меѓу другото Вовед во анатомија е серија која има добиено доста Еми и Златен глобус награди.

Гледаност во САД

Рејтинзи по сезона (базирано на просечната гледаност на секоја епизода) на Вовед во анатомија.

Белешка: Скоро секоја телевизиска серија започнува во доцниот септември а завршува во доцниот мај.

Сезона Време на емитување Премиера на сезоната Финале на сезоната Телевизиска сезона Рангирање Гледачи
(во милиони)
1 Недела 22:00 27 март, 2005 22 мај, 2005 2005 #9 18.5
2 Недела 22:00 25 септември, 2005 15 мај, 2006 2005–2006 #5 19.9
3 Четврток 21:00 20 септември, 2006 17 мај, 2007 2006–2007 #4 19.5[12]
4 Четврток 21:00 27 септември, 2007 22 мај, 2008 2007–2008 #10 15.9[16]
5 Четврток 21:00 25 септември, 2008 14 мај, 2009 2008–2009 #7 16.42

Трговска стока

DVD изданија

Литературни поврзаности

Саундтраци

Видео игра

Референции

  1. "'Anatomy' Lesson Follows on Super Bowl" Zap2It, 31 октомври, 2005.
  2. Предлошка:Цитирана веб страница
  3. 'Grey's Anatomy' Goes Colorblind, The New York Times, 8 мај, 2005
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име wash.
  5. Grey’s Stars Still Seeing Red over Slur, 17 јануари, 2007, eonline.com
  6. „Washington Out of `Grey's Anatomy'. The Washington Post. 2007-06-08. Посетено на 2007-06-08.
  7. edmontonsun.com - Other Entertainment - Grey’s star sees red over firing
  8. „WASHINGTON: 'I'D CONSIDER A GREY'S ANATOMY CAMEO'.
  9. "Actor Washington files complaint over 'Anatomy'", Reuters.com, Retrieved 8 октомври, 2008. http://www.reuters.com/article/televisionNews/idUSN1155789020080512
  10. „2004-05 Final audience and ratings figures“. Hollywood Reporter. 27 мај, 2005. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. „2005-06 Final audience and ratings figures“. Hollywood Reporter. 26 мај, 2006. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. 12,0 12,1 „Hollywood Reporter: 2006-07 primetime wrap“. 25 мај, 2007. Занемарен непознатиот параметар |source= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. ABC Fall 2006 Schedule, Zap2It.com, 11 јули, 2006
  14. ABC Announces Early Pick-Ups for Next Season, The Futon Critic, 23 април, 2009
  15. [http://ausiellofiles.ew.com/2009/02/greys-exclusi-1.html
  16. „ABC Medianet: Season Program Rankings“. 28 мај, 2008. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски