Странски пропаганди во Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
бришење
Ред 136: Ред 136:


По [[Берлинскиот конгрес]] доаѓа до стагнација и опаѓање на унијатската пропагнда. [[Австро-Унгарија]] не успеала да ја реализира замислената идеја за засилување на пропагандата, и по една деценија нејзините преставници во Македонија заклучиле дека унијатската пропаганада е во опаѓање а онаму каде што постои унијата, населението тоа го правело од политички цели а не од верски побуди. На 30.09.1889 година, австро-унгарскиот конзул испратил извештај во кој истакнал дека унијаската пропаганда опаѓала затоа што францускиот конзул му дозволил на рускиот преставник да дејствува против унијата, и тоа во интерес на француско-руското пријателство. Меѓутоа треба да се истакне дека тоа било точно само делумно, по формирањето на [[Бугарската Егзархија]] дел од македонскиот народ почнал да преминува под јуриздикција на Егзархијата, бегајќи од погрчувањето тие наишле на егзрхиска стапица која била поставена на словенска основа но со тенденција да бугаризира. Бугарскиот трговски агент од [[Солун]], [[Атанас Шопов]], во разговор со францускиот конзул Стег, истакнува дека е нормално откажувањето од унијата и преминувањето во Егзархијата, бидејќи унијатите не можеле да преживеат во православна провинција. Егзархијата на своите верници им забранила да даваат или земаат моми од унијатите, да венчаваат, крштеваат и обратно. [[Католичката црква]] имала слична забрана до своите верници. Од друга страна францускиот конзул Стег истакниваа дека населението во [[Македонија]] не било навикнато да први догматска разлика помеѓу унијатите и православните. Тоа само го потврдува фактот, дека [[ТМОРО]] која се зародила во егзархиската средина брзо се зацврстила и меѓу унијатите. Во 90-години на 19 век, откажувањето од унијата и преминувањето кон егзархијата станало масовна појава. Цели села се откажувале и преминувале кон егзархијата, 1894 година од унијата се откажал и самиот кукушко унијатски епископ Младенов. На 20.12.1894 година францускиот конзул во извештајот до министерството за надворешни работи истакнал дека во некое подобро време, унијатската пропаганда со друго раководство би имала успех. Притоа тој констатираал дека на 1 000 000 жители имало само 20. 000 унијати.
По [[Берлинскиот конгрес]] доаѓа до стагнација и опаѓање на унијатската пропагнда. [[Австро-Унгарија]] не успеала да ја реализира замислената идеја за засилување на пропагандата, и по една деценија нејзините преставници во Македонија заклучиле дека унијатската пропаганада е во опаѓање а онаму каде што постои унијата, населението тоа го правело од политички цели а не од верски побуди. На 30.09.1889 година, австро-унгарскиот конзул испратил извештај во кој истакнал дека унијаската пропаганда опаѓала затоа што францускиот конзул му дозволил на рускиот преставник да дејствува против унијата, и тоа во интерес на француско-руското пријателство. Меѓутоа треба да се истакне дека тоа било точно само делумно, по формирањето на [[Бугарската Егзархија]] дел од македонскиот народ почнал да преминува под јуриздикција на Егзархијата, бегајќи од погрчувањето тие наишле на егзрхиска стапица која била поставена на словенска основа но со тенденција да бугаризира. Бугарскиот трговски агент од [[Солун]], [[Атанас Шопов]], во разговор со францускиот конзул Стег, истакнува дека е нормално откажувањето од унијата и преминувањето во Егзархијата, бидејќи унијатите не можеле да преживеат во православна провинција. Егзархијата на своите верници им забранила да даваат или земаат моми од унијатите, да венчаваат, крштеваат и обратно. [[Католичката црква]] имала слична забрана до своите верници. Од друга страна францускиот конзул Стег истакниваа дека населението во [[Македонија]] не било навикнато да први догматска разлика помеѓу унијатите и православните. Тоа само го потврдува фактот, дека [[ТМОРО]] која се зародила во егзархиската средина брзо се зацврстила и меѓу унијатите. Во 90-години на 19 век, откажувањето од унијата и преминувањето кон егзархијата станало масовна појава. Цели села се откажувале и преминувале кон егзархијата, 1894 година од унијата се откажал и самиот кукушко унијатски епископ Младенов. На 20.12.1894 година францускиот конзул во извештајот до министерството за надворешни работи истакнал дека во некое подобро време, унијатската пропаганда со друго раководство би имала успех. Притоа тој констатираал дека на 1 000 000 жители имало само 20. 000 унијати.

== Протестантска пропаганда во Македонија ==

{{Main|Протестантизмот во Македонија}}

Протестантизмот зачекорува на [[балкан|балканските простори]], преку првите [[американци|американски мисионери]], кои пристигнуваат после официјалното воспоставување на дипломатските односи на [[Америка]] со [[Отоманската Империја]]. Во [[Цариград]], во [[1831]] година американските
мисионери ја основаат првата мисионерска станица во тогашната Империја. Со отварањето на првото мисионерско седиште, се создаваат изгледни можности за планско делување и ширење на протестантските идеи, првенствено меѓу [[христијани|христијанското население]], бидејќи припадниците на [[ислам]]от кои што се преобраќале, биле казнувани со смрт. Цариградската мисионерска станица, од самото свое формирање развила низа активности, опфатени во три насоки: литературна, образовна и евангелизаторска. Скромното образование, маргиналната општествена улога, која што ја имале христијаните во Отоманската Империја, биле појдовни позитивни моменти кои ветувале „остварливи можности“ за поширока и потемелна евангелизација, односно „покрстување“ на православните верници во протестанти.

За теренска работа на мисионерите неопходен бил преводот на [[Библија]]та и обезбедувањето литература на [[македонски јазик|матичниот јазик]] на населението. Поради тоа прво се отпочнувало со превод на Библијата, преку печатење на брошури кои ги појаснувале библиските содржини. За да можат сите тие содржини да бидат разбирливи за корисникот, неопходно било негово културно издигнување и просветување. За таа цел, се отварале училишта, курсеви, семинари и се организирале најразлични видови на контакти со народот, кои имале едукативни цели. Мисионерите се спуштиле меѓу обичниот свет, им понудиле утеха на многумина кои се наоѓале на самото дно на општественото скалило. Мисионерите, на тој начин постепено почнале да партиципираат<ref>''Партиципацијата во духовна креација (се мисли на мисионерската партиципација) на поединецот го вклучува првенствено психолошкиот момент на сугестивност. Активниот едукатор се наоѓа во позиција да пласира информации (можеби и селективни), но истовремено тој е во позиција, токму поради непосредниот и примарен контакт, да добива "брза" повратна информација. Од друга страна, ако се има предвид релативно малата општествена улога на христијаните во муслиманската држава, неможноста да дојдат до некоја повлијателна општествена функција, односно да се здобијат со повисоко образование, како поголема општествена групација, првенствено значи „овозможување“ на протестатските мисионери значително да го преобратат христијанското население. Но, делувањето на протестантските мисионери меѓу христијанското население можеби и може да се толкува и како тактички потег на Отоманската империја, бидејќи така христијанското население може да се раздели, односно да се раздвои, на една страна би биле православните, додека пак од друга страна би се формирало значајно јадро на протестантите. Општо гледано христијанската поделеност можеби и не би била така изразена ако се има предвид цврсто устоличениот ислам, кој со својата позиција придонесува повеќе кон обединување отколку кон раздвојување на христијанскиот свет''.</ref> во креацијата на нивниот индивидуален и групен духовен живот. Скромното образовното ниво на населението, надополнето со главните „каркатеристики“ на социјалното опкружување, непосредно и глобално, како и вклучувањето на [[антагонизам|антагонистички]] поставениот ислам, „креирале реална можност“ за успешно воведување на протестантизмот на Балканот.

Малцинскохристијанската верничка структура е прашање кое буди голем интерес и кое цврсто ја раздвижува "интересната" екле-
сиолошка теорија и практика. Според потеклото верниците се категоризираат во три групи:

* '''Верници кои потекнуваат од малцинските заедници'''. Во оваа категорија, во основа влегува '''методистичкото верништво''', односно тоа е верска заедница која во Македонија има едновековна традиција и која остварила неколку репродуктивни циклуси. "Саморепродукцијата" на верничката маса е во директна корелација со затвореноста и тенденцијата кон "изолираност", надополнета низ развиениоит егоцентризам на самата верска заедница.

* '''Преобратените православни верници''', чинат скоро една третина од вкупниот број верници методисти<ref>''ИСППИ, Скопје, 2000''</ref>. Ова прикажано низ апсолутни бројки веројатно одбројува мал број верници, но и овој мал број сосема е доволен да укаже на постоењето на "осетливи точки" на православната организација и практика. Во структурата на малцинските христијански заедници, бројот на покрстените исламисти не е воопшто значаен, но многу е значајна стратегијата која што ја негуваат одреден број заедници, кои што се стремат кон христијанизирање на албанското население. Во светлината на овааа акција тие ја гледаат благопријатната иднина на Македонија. Kонфликттноста во одредена малцинска заедница дирекно може да влијае на создавањето нова исто така малцинска верска заедница. Имено оние верници кои ќе се почувствуваат "како вишок" во претходната заедница, стануваат промотори или се врзуваат за некоја нова верска заедница.

* Третата група ја сочинуваат верници кои потекнуваат од '''категории на население во кои не е цврсто дефинирана религиозната рамка'''. Тоа се во нашава средина [[Роми]]те, кај кои доминира [[синкретизам|синкретизмот]]. Оваа категорија станува многу битно јадро за канализирање на одредена идеја. Не е мал бројот на Ромите, кои се активно вклучени во овие заедници и кои имаат тенденција брзо да се прошируваат. Но, без разлика каква е "етиологијата" на малцинските христијански заедници, карактеристична е нивната експанзионистичка моќ, значајно водена од меѓународната заедница. Апстрахирајќи ја методистичката црква, грото малцински христијански верски заедници, кои што се "вгнездиле" во овој простор, ја живеат почетната фаза, фазата во која доминира зачетниот ентузијазам, ревност и харизмата на "неискварените водачи". Евангелско-методистичката црква веќе зачекорила подлабоко, посигурно и потемелно веќе го "оживеала" зачетокот и завлегла во вториот век од живот во Македонија.


== Наводи и белешки ==
== Наводи и белешки ==

Преработка од 17:02, 20 октомври 2010

Заземени територии на Македонија по Првата балканска војна, кои биле воедно и подрачја за дејствување на соодветните пропаганди.
Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.

Тешката економска, социјална и политичка ситуација во Отоманската Империја, а пред сè во Македонија не давала добри и позитивни знаци за побрзо разрешување на македонското прашање, едно од последните нерешени на Балканскиот полуостров. Како додатно на тоа, ситуацијата да биде ушто покомплицирана, допринел и конфузниот милет - систем за попис на народот со кој народите не се сметале според националност, туку според религиозната припадност.

Сеќавањата за минатото потполно исчезнале и кај селаните останале само нејасни преданија за дамнешната слобода која тие ја уживале. Во едно зафрлено село во близината на Охрид, во кое нема ни учител ни свештеник, а неговите жители незнаат ниту да пишуваат ниту да читаат, говорев со неколку дечиња за да дознаам колку тие знаат за минатото. Ги однесов кај едно осамаено и необично закосено ридче на чиј врв се наоѓа руините на бугарскиот цар, тие се наоѓаат над езерото и долината. Кој го изградил ова? Ги запрашаав. Одоворот беше впечатлив: Слободните луѓе. А кој биле тие? Нашите дедовци. Да ама дали тие биле Срби, Бугари, Грци или Турци? Не, не биле Турци, тие биле христијани. И тоа беше изгледа се што тие го знаеа[1]

Таквата тешка и комплицирана ситуација во Отоманската Империјата овозможила продор и вкоренување на повеќе странски пропаганди на територијата на Македонија, кои дополнитело го попречувале национално-конститутивниот процес на Македонците.[2][3][4][5] Во Македонија активно дејствувале повеќе пропаганди, како што се грчката, бугарската, српската, романската, католичката и протестантската пропаганда. Првите три пропаганди имале исклучиво асимилаторски карактер, додека останатите биле поставени врз верска основа, но со политички цели и треба да се истакне дека последните две пропаганди не дејствувале ретроградно врз македонскиот национален индивидуалитет.

Главни задачи на бугарската, грчката и српската пропаганда во Македонија биле да се придобијат што повеќе т.н. „национални приврзаници“ кои би се искористиле како „внатрешни сојузници“ и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Овие пропаганди воглавно дејствувале преку црквите, училиштата и хуманитарните институции. На црковен план се дејствувало преку одржување на постојните цркви, но и преку подигнување нови верски објекти, преку создавање на црковен кадар и верска литература. На просветен план се дејствувало преку одржување и подигнување нови училишта, финансиска издршка на учителите и директорите, стипендии и пансиони за учениците и студентите, како и соодветна литература која не била на македонски јазик. На хуманитарен план најчесто се дејствувало преку болниците. Покрај овие мерки пропагандите се користеле и со закани до населението, обвиненија и клевети на населението дека се бунтовници, потоа преку користење на рушвети или поткуп на турските власти. Треба да се истакне дека пропагандата била ширена и преку употреба на сила и дејствување на воружени чети. Вакавата воружена пропаганда особено се засилила по Илинденското востание.[6][4]

Грчката пропаганда во Македонија

Грчката пропаганда е една од најстарите пропаганди што дејствувале во Македонија. Оваа пропаганда била раководена од Цариградската Патријаршија, но треба да се истакне дека нејзините пропагандни позиции биле нарушени во 60-те години на 19 век за време на антифанариотските борби. Дополнително позициите на грчката пропаганда во Македонија ослабуваат со создавањето на Бугарската егзархија[7]. Со други зборови, Македонците бегале од погрчувањето и се надевале на заштита од Егзархијата, но треба да се истакне дека македонците наишле на егзархиска стапица која била поставена на словенска основа, но со тенденција да бугаризира [4], со што дополнително се зголемувал анатaгонизам во Македонија. Бидејќи македонската црква долго време била укината, тоа довело до плодна почва на странските политички и духовни пропаганди.

Грчка просветна пропаганда

Географска карта на Мегали идејата - Голема Грција - Елефтериос Венизелос, творецот на Мегали идејата

По создавањето на Егзархијата една од главните задачи на грчката пропаганда е да се спречи понатамошното преминување на Македонците под духована јуриздикција на Егзархијата. Со таа цел по разни извори грчката пропаганда добила големи финансиски средстава за зацврстување на своите позиции. Друштвото за ширење на грчката писменост со седиште во Сер до 1879 година добило 189 000 драхми [8], а оваа сума во 1885 година се искачила на 536 000 драхми. Финансиските средства за ова друштво во 1896 година изнесувале 1 000 000 драхми. Треба да се истакне дека како што се зголемувале средствата така се зголемувал и бројот на грчките училишта во Македонија со текот на годините. Ако грчката пропаганда во 1877 година имала 256 училишта и 10 968 ученици веќе во 1886 година имала 836 грчки училишта. На тој начин во 1896 година во Македонија егзистеирале 970 грчки училишта со 53 633 ученика [9]. Спред еден англиски податок кој се повикува на весникот „Селаника газет“ во 1885 година во Солун имало 11 грчки училишта каде работеле 39 учители и 29 учителки, а наставата ја посетувале 1060 ученика и 1230 ученички [10]. Според истиот податок во Серскиот санџак имало 166 грчки училишта со 168 учители и 33 учителки, а училиштата ги посетувале 5 333 ученика и 949 ученички [11] . Во Драмскиот санџак и во тамошните кази имало 99 училишта со 91 учител и 31 учителка, а овие училишта биле посетувани од 4861 ученик и 1387 ученички.

Репресивниот карактер на грчката пропаганда

И покрај сите обиди кои грчката пропаганда ги презела за зацврстување на своите позиции во Македонија таа не успеала да го спречи преминувањето на Македонците под јуриздикција на Егзархијата, и затоа грчката пропаганда почнала да се користи и со методи од репресивен карактер. Имено, грчките чети на Катархјас и Каракас во 1880 година испратиле заканувачко писмо до жителите на селото Ѓавато од нив побарале или да го затворат словенското училиште или да се иселаат во Бугарија, во спротивно тие истакнале дека ќе дојдат грчки чети во селото и нема да остават ниту живо куче [12]. Треба да се истакне дека слични закани имало и до останатите македонски села. Дополнително на оваа грчката пропаганда се користела и со рушвети и обвиненија кај турските власти. Во 1880 година во Струмица повторно било отворено егзархиското училиште, но грчкиот владика веднаш ги обвинил родителите на учениците дека се бунтовници и биле уапсени 15 луѓе. Во 1888 година во селата Муртино и Моноспитово тамошното македонско население дошло во судир со локалните Турци и веднаш овој судир бил искористен од страна на грчкиот струмички владика да побара остранување на егзархиските учители и нивана замена со грчки. Во селото Босилово сите жители преминале под духова јуриздикција на Егзархијата со исклучок на свештеникот и неговото семејство но грчката пропаганда успеала да издејствува преку рушвет црквата да остане под контрола на Патријаршијата [13]. Воружената грчка пропаганда до 1903 година во Македонија била со послаб интензитет, а една од поголемите акции во овој период е Андартската провокација од 1896 година кога поголема група на андарти навлегле во Солунскиот и на дел од Битолскиот вилает.

Антисловенскиот карактер на грчката пропаганда

Треба да се потенцира дека грчката пропаганда во Македонија имала изразен антисловенски карактер, односно оваа пропаганда сакала да ја уништи словенската култура и писменост во Македонија. За антисловенскиот карактер на оваа пропаганда дополнителна светлина фрла и писмото од 26 август 1881 година испратено од проигуменот Дионисиј до Стефан Верковиќ во кое се истакнува:

...фанариотските владици настојуваат по секој начин да погубат и уништаат се што е словенско [14]

Дополнително Дионисиј истакнува дека грчките свештеници пред властите го денуницирале секој побуден Македонец. На овој начин грчката пропаганда успеала да го стави под своја контрола селото Горно Броди притоа биле уапсени 40 луѓе, 15 луѓе биле заточени по затворите во Солун и Сер, а спасот во кнежеството Бугарија и Источна Румелија го побарале 250 лица. Потоа во селото биле донесени грчки свештеници и учители и се започнало со погрчувањето на тамошното македонско население. Во двете цркви повеќе неможела да се слушне молитвата „Господиј помилуј“, а кога еден селанец се осмелил во некоја од црквите да каже „Оче наш“ тој бил казнет со 280 гроша и еден месец затвор. Антисловенскиот карактер на грчката пропаганда се гледа во тоа што во Горно Броди и во тамошните цркви на иконите на Св. Кирил и Методиј им биле ископани очите. Антисловенскиот карактер го потврдува и бугарскиот трговски агент во еден свој извештај од 1900 година во кој истакнува дека грчката пропаганда не била насочена против „бугарската народност“ [15] туку против словенската писменост и азбука. Антисловенската кампања го зафатила и единствениот словенски параликс во Сер, словенското население повеќе неможело да се помоли со зборовите „Миром Господи помолим сја“ и „Господиј помилуј“.

Бугарската пропаганда во Македонија

Бугарската просветна пропаганда

Во 1881 година бугарскиот министер за надворешни работи и вероисповест Влкович изработил правилник за финансирање на црковно-просветната активност на Егзархијата во европска Турција, а истата година во ноемвриНаум Спространов подготвил еден проект - правилник за уредување и управување со црковно-училишните општини во Македонија. Во јануари 1883 година Констатнтин Стоилов изготвил програмски документ за бугарската пропаганда во Македонија, во оваа програма тој искористил дел од проектот - правилник на Спространов и таквиот документ го преставил на бугарскиот кнез Александар Батемберг [16]. Во оваа програма било истаканто дека

секој Македонец треба да е вдахновен со мислата дека во Софија се грижат за неговата судбина, за неговата сегашност и за неговата иднина[17]

Стоилов притоа истакнал дека кај населението во Македонија треба да се разбуди и развие „бугарското национално чуство“. Треба да се работи на просветен план, и затоа бугарската влада и егзархија треба да работат рака под рака. Да се внимава кој се испраќа за учител во Македонија, воспитаниците да ги воспитуваат учениците во бугарски патриотски дух и кај воспитаниците и останатото македонско население да се всади идејата дека бугарскиот кнез е господар на целиот бугарски народ и дека тој ќе го изврши обединувањето на целиот бугарски народ. Со таквата цел, во 1883/1884 година, при Егзархијата во Цариград бил формиран училишен оддел кој требало да раководи со просветната дејност во Македонија и да го надгледува трошењето на финансиските средства испратени од Бугарија, а наменети за веќе зацртаниот план[18]. За оваа ситуација, Петар Поп Арсов ќе истакне дека:

(Егзархијата се претворила во б.н) чисто бирократско оделение на софиското надворешно министерство [19]

Во 1890 година, по иницијатива на бугарската влада била изработена специјална програма за просветната егзархиска политика во Македонија, која била прифатена од Народното собрание на Бугарија. Меѓу другото, во седмата точка од оваа програма стои:

за учители во Македонија да се назначат само родени Бугари, а за учители по турски јазик да се назначат само влијателни лица кај турските власти. На учениците што ќе завршат гимназија во Македонија, ако не сакаат да добијат повисоко образование да им се даде служба во Бугарија. Ако некои од учениците сакаат да прифатат учителски позив, откако ќе поминат четири години на практика во Бугарија да се назначуваат за учители по нивните родни места[20]
Васил К’нчов, еден од позначајните бугарски пропагатори во Македонија.

Затоа не треба да зачудува што поранешниот бугарски министер Михаил Сарафов бил поставен за директор на Солунската егзархиска гиманзија [21] , ниту пак треба да изненадува изјавата на Васил Иванов К’нчов дека:

дошол за учител во Солун за да ја бугаризира Македонија [22]

Таквите бугарски емисари во Македонија постојано се подигрувале со чувствата на интелектуалците - Македонци, кои се обидувале да се спротивстават. Притоа, учителите - Македонци биле навредувани дека се просјаци, ќемидадешковци, цигани и ќе ми дадеш пари ќе се чинам Бугарин [23]. Таквата црковно-училишна политика спрема Македонците, влијаела во Македонија да се развие силно антиегзархиско и антипропагандно движење. Македонскиот отпор против пропагандите бил манифестиран преку ученички бунтови, барања за воведување на македонскиот јазик во наставата, обиди за обнова на Охридската архиепископија, формирање на друштва и асоцијации за организирано спротивставување на пропагандите во Македонија, печатење и растурање на списанија и разни повици [24]. Цели и задачи на ТМОРО се дијаметрално спротивни со методите на работа на Егзархијата. Додека МРО се залагала за полна политичка автономија на Македонија, Егзархијата преку својата црковно-просветна дејност го подготвувала теренот за присоединување на Македонија кон Бугарија. Оттука конфликтот меѓу нив бил неминовен. Тој започнал веднаш по конституирањето на МРО во почетокот на 1894 година. Најголема арена на овој судир бил Солун, Егејска Македонија [25].

Бугарските егзархиски училишта во Македонија

Солунската егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиj, упориште на бугарската пропаганда во Македонија.

Бугарката влада со текот на годините постојано ги зголемувала финансиските издатоци од својот буџет за потребите на црковно-просветаната пропаганда во Македонија. Ако во почетокот се издвојувале 30 000 лева, веќе во 1882 година сумата се искачила на 100 000 лева, а во 1883 година на 200 000 лева. Во учебната 1896/97 година средствата изнесувале 972 915 лева, а во учебаната 1897/98 година 939 748 лева. Со овие финансиски средства се зголемил и бројот на егзархиските бугарски училишта во Македонија. Според „Селаник газет“ во 1885 година покрај Солунската егзархиска гиманзија Св. Кирил и Методиј егизистирале и уште четири други бугарски уилишта. Во нив работеле 21 учител и 10 учителки, а наставата ја посетувале 460 ученици и 140 ученички. Во Солунскиот санџак имало 119 егзрхиски училишта со 133 наставника и 2810 ученика, додека пак во Серскиот санџак и во тамошните кази Сер, Неврокоп, Мелник, Петрич, Зихна, Горна Џумаја и Демир Хисар имало 41 училиште, 50 учители и 2326 ученика. Во 1885 година во Македонија имало 250 основни бугарски училишта со 14 824 ученици. Од оваа бројка општините издржувале 187 училишта со 10 127 ученика. Во Солунскиот санџак, општините издржувале 46 училишта со 1312 ученици. Во Серскиот санџак имало 47 општински училишта со 3270 ученици. Останатите 63 училишта со 4697 ученици биле издржувани од Егзархијата. Во оваа бројка не влегуваат 21 класно уилиште. Во 1885 година во Солунската машката егзархиска гиманзија учеле 425 ученика во 6 класа, а во женската гимназија имало 125 ученички поделени во 4 класа. Треба да се истакне дека речиси сите ученици биле сместени во пансиони.

Репресивниот карактер на бугарската пропаганда

Во втората половина на 90-те години на 19 век бугарската пропагнада прави обид за проширување на своето влијание во Солунската област и притоа биле искористени сите средстава за притисок. Во 1897 година бугарските власти извршиле притисок врз жителите на селото Караќој принудувајќи ги да ја признаат бугарската народност и Егзархија. Имено сите мажи од селото Караќој оделе на печалба во Бугарија, а дома се враќале еднаш или двапати годишно. Треба да се истакне дека во пасошите на печалбарите од оваа село пишувале дека се грчка народност и според некои истаричари токму тоа и сметало на бугарската влада. Во едено известување на Бугарското министерство за внатрешни работи со дата од 18.07.1897 година и заверено под број 2810, а испратено до окружните управници и градоначалникот на Софија се истакнувало дека:

жителите од Караќој се чисти бугари, кои ја држат гркоманската страна, не ја признаваат Егзархијата и не ги учат децата на бугарски... сите обиди... да си го признаат јазикот и народноста останаа безуспешни, и ако селото не се спечали за бугарската страна... ќе биде тешко да се спечалат уште многу села во солунската каза [4]

И затоа Бугарското министерство за внатрешни работи им наредило на администартивните, полициските и финансиските власти да се дејствува на сериозен начин врз селаните од Караќој и заедно со духованата власт по пат на закани, уцени и убедувања да им се каже дека ако не ја признаат Бугарската егзархија, ако не земат Бугарин за учител во селото и ако не ја признаат бугарската народност тогаш нема да им биде дозволено да одат на печалба во Бугарија[4]. Приотоа властите биле задолжени да ги пронајдаат сите жители од селото Караќој кои се на печалба, а за нивно пронаоѓање бил доставен список од 101 лице [4]. Министерството за внатрешни работи посебно им нагласило на финансиските власти дека треба серосзно да се влијае и притоа како средство за притисок да се искористи „патентовиот данок“ или данок за занимање[4]. Имено сите оние кои немало да имаат потврда дека ја признаваат Бугарската егзархија и во пасошите нема да им пишува дека се од бугарска народност, требало да бидаат обложени во највисоки размери, а во спротивно ако ја признавале бугарската народност данокот би требало да биде симболичен. Во иднина оваа мерка требало да важи за сите лица кој ќе доаѓле во Бугарија на печалба, а во пасошите немало да им пишува дека се од бугарска народност [4]. Од коресподенцијата на бугарските министерства се дознава дека селаните од Караќој истакнале подготвеност ако биде отворено бугарско училиште во нивното село да ја признаат Бугарската егзархија. Меѓутоа следната година кога повторно тие се нашле во Бугарија на печалба во пасошите им пишувало дека се од грчка народност. Поради тоа Министерството за внатрешни работи испратило ново окружно во кое било костатирано дека мерките не ги дале посакуваните резулатати и затоа се предвидувале по остри мерки [4].

Бугарската пропаганда и македонското националноослободително движење

По појавата на македонското националноослободително движење, бугарската влада и кнез сакале тоа движење да го искористаат за своите интереси и цели. Истовремено се делувало меѓу македонската емиграција и нејзината организација - Врховниот Македонскиот комитет, а биле преземени и разни активности со цел да се стави ТМОРО под контрола на бугарската влада и држава [4]. По формирањето на Врховниот Македонскиот комитет, бугарскиот премиер Констатнтин Стоилов се обидел да ја стави под своја контрола оваа организација и нејзината дејност ја усогласи со политиката на Бугарија. Со текот на времето во Врховниот Македонскиот комитет влегле луѓе на бугарскиот двор и влада и сето тоа влијаело врз дејноста на Комитетот [4]. Бугарските власти преку Врховниот Македонскиот комитет сакале да извршаат притисок врз големите сили и Високата порта за оставрување на своите цели, првенствено присоединување на Македонија кон Бугарија и добивање на нови концесии од Отоманската империја за бугарската пропагнада во Македонија [4]. Сите воружени акции кои Врховниот Македонскиот комитет сакал да ги спроведе честопати добивале подршка од бугарските власти и на тој начин постепено Врховниот Македонскиот комитет се претварал во орудие на Бугарија, а неговите дејствија во Македонија делумно [4], а подоцна и целосно носеле со себе елементи на бугарската пропаганда. Од друга страна бугарската влада се стремела да ја стави под контрола ТМОРО бидејќи според зборовите на бугарскиот премиер Констатнтин Столилов: таа организација би можела да помогне во оставрувањето на надворешната бугарска политика и во разбудувањето на бугарската народна свест меѓу македонското население [4]. Оттука биле преземени разни дејствија за потчинување на ТМОРО и поради тоа дошло до раскинување на односите. Меѓутоа бугарската влада и нејзината пропаганда успеалa да внесе свои луѓе во ТМОРО , како што бил Иван Гарванов, и оттука бил јасен понатамошниот курс на самата организација [4]. Преку ваквото делување меѓу македонското националноослободително движење, бугарската пропаганда го попречувала ослободувањето на македонскиот народ, создавањето на самостојна македонска држава и допринесувала да се зголеми и онака големиот анатагонизам меѓу македонкската средина и македонскиот народ [4].

види: Егзархиска групација во Македонија, Македонски комитет, Мелничко востание, Горноџумајско востание, Македонска револуционерна организација.

Српска пропаганда во Македонија

Илија Гарашанин.

Основите на српската пропаганда се наоѓаат во Начертанието на Илија Гарашанин од 1844 година. Но српската пропаганда до 1868 година била далеку од тоа да созадава Срби во Македонија. Во 1868 година , по иницијатива на министерскиот совет во Србија се формираа Просветителен одбор кој имал за цел да отвара српски училишта во Македонија и започнуваа процесот на србизација на Македонците. Меѓутоа во текот на Руско-турската војна, српските училишта во Македонија биле затворени со исклучок на она во Штип. Српската пропагнада во Македонија се засилила по обединувањето на кнежеството Бугарија и Источна Румелија, кога српските владеачки кругови повикале да се преземат енергични мерки против бугарската пропаганда која ги загрозувала српските интереси во Македонија. Српската пропаганда сакала да дејствува преку Цариградската Патријаршија во Македонија и да добие остапки од Високата порта, односно печатење на српски книги на финансиска сметка на империјата.

Српската пропагнада во Македонија била раководена од српските конзули. Имено во 1886 година, Стојан Новаковиќ кој бил српски дипломатски прествник во Цариград, потпишал конзуларна конвенција со Високата порта, по што Србите отвориле конзули најпрво 1887 година во Солун и Скопје, 1889 година во Битола, а 1897 година во Сер. Српската држава давала големи финансиски средстава за пропагнадата, а таквата дејност, да се создаваат Срби по пат на пари, била подржувана од самите српски конзули. Српските конзули во Македонија истакнале дека кај населението во Македонија е слабо развиена националната свест и затоа тие кон пропагндите преминуваат од материјална корист, и затоа тие можат да бидаат добри Срби и Грци, а не само добри Бугари. 1890 година српската влада донела одлука за територијално рзаграничување на надлежностите на конзулите, така што секој српски конзул се грижел за пропагандата во вилаетот во кој бил поставен. Српската пропаганда првенствено дејствувала во Скопскиот и Битолскиот вилает, а во Солунскиот вилает дејствувале повеќе од тактички цели отколку од стратешки. Целта на српската пропаганда во солунскиот вилает била да се изврши притисок врз Софија и Атина за започнување на преговори за поделба на Македонија на свери на влијанија, кои би можеле да бидат идните териториални разграничувања.

Македонизмот на српската пропаганда

Во 60-те години, Гарашанин во тајна политичка мисија во Македонија го испратил Стефан Верковиќ. Според Верковиќ, неговата мисија била по решавањето на Источното прашање, македонските словени да бидат признати за Словени, а не за Грци. Со цел да се ослабат позиците на бугарската пропаганда во Македонија, во првиот период од своето делување српската пропаганда има отворен македонистички настап, отворено се подржуваат македонските асоцијации и друштва со цел на тој начин да се ослабне бугарската пропаганда. Македонизмот на српската пропаганда се гледа во подршката на разни македонски асоцијации како што е Тајниот македонски комитет или Друштвото Србо-Македонци. Секако целата на српската пропаганда не е да се заштити македонскиот национален индивидуалитет, туку тоа е правено од дневно политички интерси со што се внесувал дополнителен антагонизам во Македонија. Од друга страна треба да се истакне дека и покрај тоа што меѓу овие македонски асоцијации и дејци делувала српската пропаганда сепаак тие манифестирале силна македонска национална свест [4].

Српската просветна пропаганда

Стојан Новаковиќ

Во Солунскиот вилает српската пропаганда била насочена првенствено во Солун, и затоа С. Новаковиќ, кој бил дипломатски преставник на Србија во Цариград, во 1886 година ја посетил Солунската егзархиска гиманзија Св. Кирил и Методиј и дошол до став дека интерес на Србија е да се парализира работата на оваа институција. Кога во учебната 1887/88 година ќе дојде до училишен бунт и ќе бидаат исклучени 38 ученика, меѓу нив ќе делува Петар Карастојановиќ српскиот конзул во Солун, и ќе успее да убеди 33 исклучени ученици за заминат во Белград каде требале да го продолжаат своето образование. Во 1892 година во Солун било отворено првото основно српско училиште со што се создале услови за пробив на српската пропаганда во Солунскиот вилает [26]. Српската пропаганда во Солунскиот вилает била многу слаба и нејзиното влијани одвај се чуствувало во Гевгелиско, Воденско, Дојранско, Кукушко, Тиквешко и Ениџевардарско.

Српската пропаганда особено се насочила на Велес и Велешката каза поради стратегиската положба на овој реон. Оттука пропагандата можела да дејствува во Северна, Југозападна и Јужна Македонија и затоа во Велес во учебната 1894/95 година било отворено српско училиште. Поради недостаток на вистинско српско населние, Македонците кои оделе на печалба во Србија биле уценети да ги запишаат своите деца во ова училиште или во спротивно српските власти немало да им дозволаат да влезаат во Србија. Дополнително на тоа српските пропагандисти во ова училиште донеле сиромашни албанчиња од Поречието, Србија и од други краеви. Со ова делување во Азот, српската пропаганда го зголемила антагонизмот во Македонија кој и онака постоел, дошло до поделба на населнието на србомани и бугараши, се свртеле татко против син, брат против брат. Треба да се истакне дека на овој српски пробив се обидел да се спротистави Петар Поп Арсов, но неговиот авторитет се обидела да го искористи Егзархијата за своите интерси и затоа Арсов го напуштил Азот.

Во 1897 година Србија добила право да отвори училишта на целата територија на Македонија и се започнал обидот на српската пропаганда за пробив во Солунскиот санџак. Во почетокот на 1898 година српската пропаганда отворила српско училиште во Кукуш. Подготовките ги водел црногорецот Јован Јовановиќ кој исто така бил замешан во убиството на Христо Ганов. Тој успеал да издејствува преку рушвет кај Кајмаканот отварање на српското училиште. Но набргу училштето било нападнато од кукушаните, тие ги искршиле вратите и прозорците на училиштето, го претепале учителот и му се заканиле на сопственикот на куќата, која ја изнајмил за училиште, дека ако уште еднаш ја изнајми за српско училиште ќе ја запалат. Но Јовановиќ добил засилување од двајца црногорци, а Јовановиќ носел два пиштола и истакнал дека не се плаши од никого и дека Кукуш е српски град. Меѓутоа по неколку дена дошла истражна комисија од Солун, а Кајмакамот останал без својата служба. Сопственикот на куќата која ја изнајмувал за српско училиште бил принуден да се откаже од изнајмувањето, а Јован Јовановиќ морал да го пресели српското училиште во турскиот дел од градот со што бил изолиран од Македонците. Кон крјот на 19 век српската пропаганда во Солун имала 2 класни и 2 основни училишта, но успехот бил привиден бидејќи во 1903 година во Солун имало околу 15 србомански куќи. И покрај сите обиди српската пропаганда не успеала да го засили своето влијание во Јужна Македонија, а тоа се потврдува од извештајот на рускиот конзул од Солун Николај Гирс во кој тој истакнува:

Србите требало да се задоволаат со своите училишта во Солун и да не трчаат со отварање нови училишта по Солунскиот вилает бидејќи предизвикуваат непријателство меѓу словенското население... (за б.н) српските училишта се трошаат многу пари , зашто нивното отварање и постоење без откуп невозможно, овие трошоци едвај се оправдуваат... нема сомнение дека без постојната матаријална подршка, оние што почнаа себеси, да се нарекуваат Срби одново ќе бидаат Бугари, какви што се станати веќе пред многу години, благодарение на усилената бугарска пропаганда сред македонските Словени [27]

Романска пропаганда во Македонија

Романската пропаганда во Македонија започнала засилено да дејствување кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те години на 19 век. Оваа пропаганда дејствувала првенствено меѓу Власите во Македонија и затоа дошла во судир со грчката пропаганда, а од друга страна пак романската пропаганда преку своето делување во Македонија вршела притисок врз Бугарија за да добие територијални отстапки во Добруџа. Романската пропаганда не го загрозувала македонскиот индивидуалитет и отука таа не била пречка за учество на Власите во Македонското нациооналноослободително движење [4].

Дејност на романската пропаганда

Дејността на романската пропаганда во Македонија претежно била насочена кон влашкото население и започнала со формирањето на Македо-романскиот комитет во Букурешт во 1860 година [28]. Романската пропаганда во почетокот била ориентирана кон отворање училишта.

Првото училиште на романски јазик во Македонија било отворено во 1864 година. Апостол Маргарит бил главниот претставник на оваа пропаганда.

Малку подоцна во Букурешт било формирано Македоно-романско културно друштво за ширење на романската пропаганда (1879). Романската влада отворила конзулати во Солун и во Битола, кои ги координирале активностите на пропагандата.

Романската пропаганда се судрила со грчката пропаганда, која Власите ги сметала за Грци. Со акт на султанот во 1905 година, Власите во османлиската држава биле признаени како посебна романска заедница[28].


Романската просветна пропаганда

Во 1889 година во Солун, романската пропаганда отворило средното трговско училиште, со оваа училиште сите влашки трговци имале свои врски. Во учебната 1900/01 година во Гевгелија со посредство на Македонско - романското друштво било отворено училиште.

Споменатото друштво било задолжено да го снабдува ова училиште како и другите со учебни помагала, додека романската влада ги снабдувала учителите со плати.

Во 1905 година, романската пропаганада отворила училиште во селото Долни Порој - Демихисарско, а кон крајот на годината биле испратени еден учител и една учителка во Сер. поголеми услови за засилување на романската пропагнда се созале со султановиот ферман од 23 мај 1905 година кога во Отоманската империја била призната влашката народнос и Власите добиле право да имаат свој Црковно - просветни општини.

Католичка пропаганда во Македонија

Католичката пропаганда се засилила во текот на 60-години на 19 век, во текот на антифанариотските борби. Притоа треба да се истакне дека оваа пропаганда била поставена врз верска основа, но со политишка цел. Од друга страна католичката пропаганда не преставувала ретрограден процес врз македонското националноослободително дело и не го загрозувала македонскиот национален индивидуалитет. Македонскиот народ кон католичката пропаганда преминувал, пред се, како израз на протест против Цариградската патријашија која со себе го носела и погрчувањето. Од друга страна надевајќи се на заштита на од соодветните земји. Првиот пробив во Македонија, католичката пропаганда ќе го направи во 1859 година, кога граѓаните на Кукуш со помош на францускиот конзул од Солун, побарале од папата да стапат во духовно единство со Римокатоличката црква, односно да стапат во унија, а притоа побарале да си ги запазат црковните обреди и црковно - словенскиот јазик во богослужбата.

Католичката пропаганда 1878 - 1894

По Берлинскиот конгрес доаѓа до стагнација и опаѓање на унијатската пропагнда. Австро-Унгарија не успеала да ја реализира замислената идеја за засилување на пропагандата, и по една деценија нејзините преставници во Македонија заклучиле дека унијатската пропаганада е во опаѓање а онаму каде што постои унијата, населението тоа го правело од политички цели а не од верски побуди. На 30.09.1889 година, австро-унгарскиот конзул испратил извештај во кој истакнал дека унијаската пропаганда опаѓала затоа што францускиот конзул му дозволил на рускиот преставник да дејствува против унијата, и тоа во интерес на француско-руското пријателство. Меѓутоа треба да се истакне дека тоа било точно само делумно, по формирањето на Бугарската Егзархија дел од македонскиот народ почнал да преминува под јуриздикција на Егзархијата, бегајќи од погрчувањето тие наишле на егзрхиска стапица која била поставена на словенска основа но со тенденција да бугаризира. Бугарскиот трговски агент од Солун, Атанас Шопов, во разговор со францускиот конзул Стег, истакнува дека е нормално откажувањето од унијата и преминувањето во Егзархијата, бидејќи унијатите не можеле да преживеат во православна провинција. Егзархијата на своите верници им забранила да даваат или земаат моми од унијатите, да венчаваат, крштеваат и обратно. Католичката црква имала слична забрана до своите верници. Од друга страна францускиот конзул Стег истакниваа дека населението во Македонија не било навикнато да први догматска разлика помеѓу унијатите и православните. Тоа само го потврдува фактот, дека ТМОРО која се зародила во егзархиската средина брзо се зацврстила и меѓу унијатите. Во 90-години на 19 век, откажувањето од унијата и преминувањето кон егзархијата станало масовна појава. Цели села се откажувале и преминувале кон егзархијата, 1894 година од унијата се откажал и самиот кукушко унијатски епископ Младенов. На 20.12.1894 година францускиот конзул во извештајот до министерството за надворешни работи истакнал дека во некое подобро време, унијатската пропаганда со друго раководство би имала успех. Притоа тој констатираал дека на 1 000 000 жители имало само 20. 000 унијати.

Наводи и белешки

  1. Доживувањата на Х. К. Бреилсфорд, Во Македонија не се поистоветуваат со својата нација (1905)
  2. Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006
  3. Слобода или Смрт, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Скопје 1997
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 4,17 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски Факултет Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „VG“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  6. Раѓање на македонската нација, Драган Ташковски, НИК Наша Книга, Скопје, 1970
  7. Љ. Лапе, одбрани текстови... втор дел, 164 - 167
  8. Р. Поплазаров, Грчката политика спрема Македонија..., 90.
  9. Р. Поплазаров, Грчката политика спрема Македонија..., 22.
  10. Британски дипломатски документи... т.1, 229
  11. Британски дипломатски документи... т.1, 229 - 230
  12. Р. поплазаров, Грчаката спрема Македонија..., 21
  13. Политиката на турското правителство..., 47 - 48
  14. В. Георгиев - С. Трифонов, Историја на бугарите... документи... т.1, 45.
  15. Станува збор за Македонци... во сите свој извештаии бугарските пропагандисти населението во Македонија го именуваат како бугарско... Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода....
  16. Слобода или Смрт, д-р Ванчо Ѓорѓиев..., 99
  17. М. Миновски, Македонија во билатералните и мултилатералните договори..., 228.
  18. Бугарската егзархија и македонското национално-ослободително движење (1893-1908), Александар Трајановски, Скопје, 1982
  19. П.п.Арсов, Потеклото на револуционерното движење во Македонија... No. 8, Софија, 19.07.1919,3
  20. Просветната политика на егзархијата у училишните бунтово во Македонија, Славко Димевски, Скопје, 1960, 12
  21. Просветната политика на егзархијата у училишните бунтово во Македонија, Славко Димевски, Скопје, 1960
  22. Основанието на ВМРО (изъ запискитѢ на Иванъ Х. Николовъ, собщава Хр. Шалдевъ, Ил. Илинденъ, VIII/1 (71), Софија, 1936, 4
  23. Хр. Коцевъ, Страници изъ споменитѢ ми, Македония I/9, Софија, 1922, 51
  24. Слобода или Смрт, д-р Ванчо Ѓорѓиев..., 101.
  25. Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006
  26. К. Џамбазовски, Културно - општествени врски на Македонците со Србија во текот на 19 век, Скопје, 1960.
  27. Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот..., т.1, 247.
  28. 28,0 28,1 Предлошка:Цитирана книга

Поврзано

Надворешни врски


Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Странски пропаганди во Македонија е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.