Зулу: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 71: Ред 71:


== Користена литература ==
== Користена литература ==
* [http://www.lmp.ucla.edu/Profile.aspx?LangID=23&menu=004 Zulu Зулуски јазик и материјали на страницата на UCLA]
* [http://www.lmp.ucla.edu/Profile.aspx?LangID=23&menu=004 Зулуски јазик и материјали на страницата на UCLA]


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==

Преработка од 18:54, 19 октомври 2010

Зулиски јазик
isiZulu
Застапен во ЈАР
 Зимбабве
 Лесото
 Малави
 Мозамбик
 Есватини
ПодрачјеКвазулу-Натал, Дурбан, Јоханесбург
Говорницимајчин: 10 милиони
втор јазик: 16 милиони  
Јазично семејство
Статус
Службен во ЈАР
Регулативен органПанјужноафрикански јазичен совет
Јазични кодови
ISO 639-1zu
ISO 639-2zul
ISO 639-3zul

Зулускиот јазик (isiZulu) или само зулу е бантуски јазик, официјален јазик во Јужноафриканската Република и мајчин јазик на народот Зулу. Јазикот го зборуваат околу 10 милиони луѓе, воглавно во Јужноафриканската Република. Овој јазик е јазик кој најмногу се зборува по домаќинствата во државата, односно го зборуваат околу 24% од домаќинствата и го разбираат околу 50% од населението на државата. Во 1994 година јазикот станал единаесети официјален јазик во Јужноафриканската Република. Зулускиот јазик, како и сите останати бантуски јазици, користи латиница како свое основно писмо.

Географска распространетост

Зулу припаѓа на Југоисточната група на Банту јазиците поточно на Нгуни групата. Јазикот е зборуван во Квазулу- Натал во која 81 % од населението зборуваат Зулу како мајчин јазик. Потоа се зборува во Мпумаланга со околу 26% и Гаутенг со околу 21%. Исто така е зборуван во некои други африкански држави, но со значителен процент во Лесото и Свазиленд. Јазиците Ндебеле (зборуван во Зимбабве), Сисвати или Свази и Нгуни јазикот (порано зборуван во Малави) се сродни јазици на Зулу и развиени од 19 век со миграција на Зулу население. Јазикот Коса, доминантен во Зеленортската Република е сличен со Зулу јазикот.

Примери

Sawubona Здраво, на една личност
Sanibonani Здраво, на група луѓе
Unjani? / Ninjani? Како си? / Како сте?
Ngisaphila / Sisaphila Добар сум. / Добри сме.
Ngiyabonga (kakhulu) Благодарам (многу)
Ngubani igama lakho? Како се викаш?
Igama lami ngu... Моето име е...
Isikhathi sithini? Колку е часот?
Ngingakusiza? Може да помогнам?
Uhlala kuphi? Каде престојуваш?
Uphumaphi? Од каде си?
Hamba kahle / Sala kahle Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за една личност)
Hambani kahle / Salani kahle Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за група личности)
Eish! леле!
Hhayibo Не! / Доста! / Нема шанси!
Yebo Да
Cha Не
Angazi Не знам
Ukhuluma isiNgisi na? Дали зборуваш англиски?
Ngisaqala ukufunda isiZulu Штотуку почнав да учам зулуски.

Користена литература

Надворешни врски

Предлошка:Link GA