Самоилово Царство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
неутрализација и дополнување
Ред 2: Ред 2:
[[Податотека:Byzantine Macedonia 1045CE.svg|thumb|300px|right|Карта на темите во Византија во 1045 година, после паѓањето на Самоиловото царство под византиска власт.]]
[[Податотека:Byzantine Macedonia 1045CE.svg|thumb|300px|right|Карта на темите во Византија во 1045 година, после паѓањето на Самоиловото царство под византиска власт.]]


'''Самоиловото царство''' или '''Славинија''' е [[Средновековие|средновековна]] [[држава]] на територијата на денешните [[Македонија]] <ref name=" eete"> тема — „Македонија" основана je између 789. н 802. Њено име, с
'''Самоиловото царство''' или '''Славинија''' е [[Средновековие|средновековна]] [[држава]] на територијата на денешните [[Македонија]] <ref name=" eete"> тема — „Македонија" основана je између 789. н 802. Њено име, с географс точке е нетачно, говори само о намери византијске владе да
географс точке е нетачно, говори само о намери византијске владе да
ову област користи као олскочну даску y обнављању праве Македоније која je
ову област користи као олскочну даску y обнављању праве Македоније која je
тала још била y рукама Словена. Тема je обухватала срел',т-1гњи и западни део
тала још била y рукама Словена. Тема je обухватала срел',т-1гњи и западни део
Ред 14: Ред 13:
== Населување на Словените и создавање на царството ==
== Населување на Словените и создавање на царството ==


Долгите налети на [[Словени|Словените]] кон Балканот, при крајот на [[7. век]], резултирале во изменет состав на населението на [[Македонија]], коjа се стекнала со нови жители и станала словенска територија <ref name="etete"> Око средине IX века велики део средње и јужне Македоније, око Охрид- « Photius, ep. 95, PG 102, 904—5.ског и Преспанског језера, где je углавном живело словен-ско становништво, припојен je бугарској држави. Македон-ски Словени су већ дуго били изложени
Долгите налети на [[Словени|Словените]] кон Балканот, при крајот на [[7. век]], резултирале во изменет состав на населението на [[Македонија]], коjа се стекнала со нови жители и станала словенска територија <ref name="etete"> Око средине IX века велики део средње и јужне Македоније, око Охрид- « Photius, ep. 95, PG 102, 904—5.ског и Преспанског језера, где je углавном живело словен-ско становништво, припојен je бугарској држави. Македон-ски Словени су већ дуго били изложени
утицају Византије који ce ширио од Солуна уз Вардар. Према томе, природно je
утицају Византије који ce ширио од Солуна уз Вардар. Према томе, природно je
претпоставити да су половином века неки већ били хриш-ћани. Вероватно je
претпоставити да су половином века неки већ били хриш-ћани. Вероватно je
Ред 82: Ред 81:
[[Податотека:SamuilsDeathBGhistory.jpg|thumb|right|200px|Смртта на Самоил, Ватикански ракопис од XIV век. Превод: "ВАСИЛИЙ ЦАР РАЗБИ САМОИЛА ЦАР БЛГАРСКИ И ОСЛЕПИ ХИЛЕДИ БЛГАРИ; И ВИДЕ САМОИЛА ЦАР ОСЛЕПИНИХ И УМРЕ" <ref>Ватикански ракопис од XIV век</ref>]]
[[Податотека:SamuilsDeathBGhistory.jpg|thumb|right|200px|Смртта на Самоил, Ватикански ракопис од XIV век. Превод: "ВАСИЛИЙ ЦАР РАЗБИ САМОИЛА ЦАР БЛГАРСКИ И ОСЛЕПИ ХИЛЕДИ БЛГАРИ; И ВИДЕ САМОИЛА ЦАР ОСЛЕПИНИХ И УМРЕ" <ref>Ватикански ракопис од XIV век</ref>]]


Во [[971]] год. во една од многуте бугарско - византиски војни е освоена бугарската престолнина [[Преслав]] при што биле заробени бугарскиот цар [[Борис II]] и неговиот брат [[Роман]]. Тие биле однесени во [[Цариград]] и насилно принудени да абдицираат. Според средновековните закони, тоа значело дека бугарските војски кои се уште војувале требало да се предадат. Меѓутоа, Бугарите откажале да се предадат и под раководство на [[Самоил]], син на еден од десетте обласни управници (''комити'', од таму ''комитопули''), ја продолжиле успешно војната. [[Самоил]] не се прогласил за цар, затоа што според бугарските закони, додека царот е жив /макар и заробен/ останува на чело на [[Бугарија]]. Во [[980]] г. [[Борис II|цар Борис]] и брат му успеале да избегаат од заробеништво, но на границата со [[Бугарија]] цар [[Борис II]] бил убиен од „бугарски граничар бидејќи бил облечен во романски алишта", пишуваат средновековните хронисти. Во согласност со бугарските закони, брат му [[Роман]] бил прогласен за цар на [[Бугарија]] и живеел во [[Скопје]], кое станало престолнина на [[Бугарија]]. Во 992 г. цар [[Роман]] бил повторно заробен од Византијците во [[Скопје]] и фрлен во затвор, каде воедно и починал во 997 г. Во текот на тој период [[Самоил]] бил само „гуљам" како што пишува еден средновековен арапски писател т.е. само командант на вооружените сили на [[Бугарија]]. Дури откако пристигнала веста за смртта на [[Роман]] кој починал во [[Цариград]] и не оставил наследници, [[Самоил]] бил прогласен за бугарски цар. Тој го одбрал [[Охрид]] за престолнина на [[Бугарија]]. Сето тоа покажува дека [[Самоил]] и покрај тоа што ја имал целата власт во државата уште во [[971]] г. /во неговите раце била армијата/ со целото поведение сакал да покаже дека се придржува кон бугарските закони и е добросовесен бугарски државен службеник. Затоа се прогласил за цар на [[Бугарија]] дури во [[997]] г., кога бугарските закони го дозволувале таквиот акт - старата династија немала веќе ниту еден машки наследник. Многу се документите кои покажуваат дека државата управувана од [[Самоил]] е [[Бугарија]], затоа ќе напомниме само неколку. Во [[Охрид]], а не на друго место, оди по времето на [[Самоил]] од окупираниот од Византијците [[Преслав]], бугарскиот патријарх и [[Охрид]] за долго време станува центар на бугарската патриаршија. Е, може ли престолнина на бугарска патриаршија да биде во административната престолнина на туѓа држава? Сосема прабугарска е административната терминологија на државата - во [[Охрид]] има кавхан, ичиргубоил и т.н. Но смртен удар врз македонската теза за цар [[Самоил]] нанесе нај неочекувано откриениот во град [[Битола]] во [[1956]] г. голем натпис врз камен блок, кој според содржината стоел на влезот на заштитниот зид на средновековна [[Битола]]. Натписот е направен по заповед на цар [[Иван Владислав]], внук и наследник на цар [[Самоил]] во [[1016]] г. /две години по смртта на цар [[Самоил]]/. Во тој долг натпис цар [[Иван Владислав]] раскажува за победи и порази во војните со [[Византија]] и соопштува, дека е „Бугарин по род" - „заштитник на сите Бугари" и дека тој ги направил заштитните sидови на [[Битола]] „за спас на Бугарите".
Во [[971]] год. во една од многуте бугарско-византиски војни е освоена бугарската престолнина [[Преслав]] при што биле заробени бугарскиот цар [[Борис II]] и неговиот брат [[Роман]]. Тие биле однесени во [[Цариград]] и насилно принудени да абдицираат. Според средновековните закони, тоа значело дека бугарските војски кои се уште војувале требало да се предадат. Меѓутоа, Бугарите откажале да се предадат и под раководство на [[Самоил]], син на еден од десетте обласни управници (''комити'', од таму ''комитопули''), ја продолжиле успешно војната. Самоил не се прогласил за цар, затоа што според бугарските закони, додека царот е жив (макар и заробен) останува на чело на [[Бугарија]]. Во [[980]] г. [[Борис II|цар Борис]] и брат му успеале да избегаат од заробеништво, но на границата со [[Бугарија]] цар Борис II бил убиен од „бугарски граничар, бидејќи бил облечен во романски алишта“, пишуваат средновековните хронисти. Во согласност со бугарските закони, брат му [[Роман]] бил прогласен за цар на Бугарија и живеел во [[Скопје]], кое станало престолнина на [[Бугарија]]. Во 992 г. цар Роман бил повторно заробен од Византијците во Скопје и фрлен во затвор, каде воедно и починал во 997 г. Во текот на тој период Самоил бил само „гуљам“ како што пишува еден средновековен арапски писател т.е. само командант на вооружените сили на [[Бугарија]]. Дури откако пристигнала веста за смртта на [[Роман]] кој починал во [[Цариград]] и не оставил наследници, [[Самоил]] бил прогласен за бугарски цар. Тој го одбрал [[Охрид]] за престолнина на [[Бугарија]]. Сето тоа покажува дека Самоил и покрај тоа што ја имал целата власт во државата уште во [[971]] г. (во неговите раце била армијата) со целото поведение сакал да покаже дека се придржува кон бугарските закони и е добросовесен бугарски државен службеник. Затоа се прогласил за цар на Бугарија дури во [[997]] г., кога бугарските закони го дозволувале таквиот акт - старата династија немала веќе ниту еден машки наследник. Многу се документите кои покажуваат дека државата управувана од [[Самоил]] е [[Бугарија]], за што се наведуваат неколку аргументи. Во [[Охрид]], а не на друго место, оди по времето на Самоил од окупираниот од Византијците [[Преслав]], бугарскиот патријарх и [[Охрид]] за долго време станува центар на бугарската патријаршија. Прашањето што се поставува е дали може престолнина на бугарска патријаршија да биде во административната престолнина на туѓа држава? Сосема прабугарска е административната терминологија на државата - во [[Охрид]] има кавхан, ичиргубоил итн. За силен удар врз македонската теза за цар [[Самоил]] се смета неочекуваното откриениот голем [[Битолски натпис|натпис]] врз камен блок во [[Битола]] во [[1956]] г., кој според содржината стоел на влезот на заштитниот зид на средновековна Битола. Натписот е направен по заповед на цар [[Иван Владислав]], внук и наследник на цар Самоил во [[1016]] г. (две години по смртта на цар Самоил). Во тој долг натпис Иван Владислав раскажува за победи и порази во војните со [[Византија]] и соопштува, дека е „Бугарин по род“ - „заштитник на сите Бугари" и дека тој ги направил заштитните sидови на [[Битола]] „за спас на Бугарите“.


=== Научни погледи ===
=== Научни погледи ===
Ред 91: Ред 90:


== Државни карактеристики ==
== Државни карактеристики ==
Самоил имал круна (предадена од страна на римскиот папа [[Грегори V]] како „бугарска“), секретеријат и [[бирократија]]. Официјален [[јазик]] на Самоиловото царство бил [[старословенски јазик|старословенскиот]], иако како дипломатски јазик бил користен и [[грчки јазик|грчкиот]]. [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]] тој ја подигнал на степен на [[Патријаршија]], а Охрид станал религиозен центар и главен град на царството.
Самоил имал круна (предадена од страна на римскиот папа [[Папа Григур V|Грегор V]] како „бугарска“), секретеријат и [[бирократија]]. Официјален [[јазик]] на Самоиловото царство бил [[старословенски јазик|старословенскиот]], иако како дипломатски јазик бил користен и [[грчки јазик|грчкиот]]. [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]] тој ја подигнал на степен на [[Патријаршија]], а Охрид станал религиозен центар и главен град на царството.


== Губење на независноста ==
== Губење на независноста ==
По [[битката кај Беласица]] во [[1014]] армијата под водство на императорот [[Василиј ІІ Бугароубиец]] ја порази војската на Самоил при што 14.000 војници биле заробени, ослепени и пратени на Самоил. Глетката била премногу за Самоил кој се разболе и умре по три месеци, на [[6 октомври]] 1014. Самоиловото царство останало независно до [[1018]] кога и конечно потпадна под византиска власт.
По [[битката кај Беласица]] во [[1014]] армијата под водство на императорот [[Василиј ІІ Бугароубиец]] ја порази војската на Самоил при што 14.000 војници биле заробени, ослепени и пратени на Самоил. Глетката била премногу за Самоил кој се разболе и умре по три месеци, на [[6 октомври]] 1014. По неговата смрт Самоил го наследува неговиот син [[Гаврило Радомир]]. Набрзо, тој ќе биде убиен од страна на неговиот братучед [[Јован Владислав]], кој владее до [[1018]], кога и конечно Самоиловото царство потпаѓа под византиска власт.


== Фусноти ==
== Фусноти ==

Преработка од 13:41, 6 октомври 2010

Податотека:Samuilovo carstvo.jpg
Самоиловото царство, 996 год.
Карта на темите во Византија во 1045 година, после паѓањето на Самоиловото царство под византиска власт.

Самоиловото царство или Славинија е средновековна држава на територијата на денешните Македонија [1] , северна Бугарија, романска Добруџа, Србија (без Банат и Бачка), Црна Гора (без приморјето), Албанија и северна Грција, која под водство на цар Самоил постоела од 976 до 1018 година. За престолнина на царството се смета Охрид, иако царскиот двор своевремено бил сместен и во други градови. Некои византиски [2], хрватски [3], арапски [4] и други историчари од средниот век ја нарекуваат оваа држава Бугарија, бидејќи Византијците и другите народи ги нарекувале некои соседни словенски народи на Византија Бугари.[5] Во овој период, името Македонија било име на византиската тема Македонија. Според тезите на многу историчари и теоретичари, не постоело диференцирање на посебни словенски народи во Самоиловото царство.

Населување на Словените и создавање на царството

Долгите налети на Словените кон Балканот, при крајот на 7. век, резултирале во изменет состав на населението на Македонија, коjа се стекнала со нови жители и станала словенска територија [6] . Уште долго таа останала под византиска власт, а подоцна (во средината на 8. век) била присоединета кон Бугарија. По падот на Првото Бугарско царство (971) и опаѓањето на Византиската империја, Самоил, вешт воен водач и државник, создал силна држава чии граници ги опфаќале Македонија, Тесалија, Епир, Албанија и поранешните крајбрежни склавинии Дукља, Травуња, Захумље и регионот Неретва, дел од Србија (Рашка) и западна Бугарија.

Два историски става

Гледна точка на македонските историчари

Македонските историчари го гледаат востанието на комитопулите против бугарската власт во 969 година, како чин на осамостојување на бугарската власт во Македонија и формирање на база за нова, македонска државност. Исто така се смета дека главното население било македонско, покрај останатите народности кои ги опфаќало царството.

Некои од основните карактеристики на Самоилово царство:

  • Бугарското царство било уништено 971 година кога било приклучено во рамките на Византија [7]
  • Основата на државата биле населението и територијата на Македонија, па според тоа и државата е македонска [8]
  • Целата надворешна и внатрешна политика на државата била поразлична од онаа на претходното бугарско царство
  • Титулите во хиерархијата на Самоилово царство се разликувале од бугарските (немало кавхани, боили...)

Терминот „Бугари“ кои го користеле тогашните византиски историчари и хроничари, а кој се искористува денес за бугаризација на Самоиловото царство, не се однесувало на етнички карактер на народот, туку тој термин се користел како гео-политички термин. Имено, Јован Зонара, кој пишува неколку децении од покорувањето на Самуиловото царство, во 1018 г., во својот "Речник", објаснува што треба да се разбере под поимот "Бугарија" и тоа кога вистинските области на Бугарите носат други имиња[9].

Во "Речник" Зонара вели дека ова политичко име на втората македонска држава и било дадено за време на преговорите во 970 г. И не тврди само Зонара за Самуиловото царство, дека е всушност поранешното северно-македонско кнежество Славинија. Византискиот полководец Никифор Вриениј и управник на Драч, гушејќи го востанието од Ѓорѓи Војтех во 1072 г. ,во своите Спомени, иако го користи политичкото име (Бугарија), морал да дообјасни каков народ живеел овде[10], па вели:

"Бидејќи Печенезите вршеле препади во Тракија и во Македонија (источна – з.н), племето на Словените ја отрфлило византиската власт и ја пустошело и ограбувало Бугарија. Биле разграбени Ниш и Скопје[11].


Човек не запознаен со деталите од политички наметнатото име на Македонците, читајќи ги овие редови, ќе помисли дека Словените од Македонија ја нападнале вистинската Бугарија од онаа страна на Стара Планина. Но, востаниците ги отфрлиле византиските институции во Македонија, ги ограбиле магацините со оружје со цел да се вооружат и ги избркале византиските гарнизони од Македонија. Спомнатите Скопје и Ниш, најмалку биле во вистинска Бугарија. По ова Вриениј е управник на цела Македонија а целта е како што вели "..преку него да се смири засилениот словенски народ" . Од се ова, јасно е дека тогашното име на Македонците не одговара на вистинската етничката припадност иако византиските хроничари ја нарекувале со име Бугарија, но тоа е само политичко-тематско име[12].

Изнесените податоци потврдуваат дека на Македонците од западна Македонија во 970 г., надворешни сили (Византија, рускиот кнез Свјатослав и бугарскиот сојузник - Унгарците), но и внатрешната состојба му наложиле на кнез (цар) Давид, доброволно или не, да ги прифати условите на Византија, неговата држава го добива тематското име - "Бугарија", а со тоа и народот името - "Бугари". Впрочем како и другите пространства до Мизија . Во "Историја" од византискиот писател Михаил Аталијат, при описот на востанието од Петар Делјан во 1041 г., за ова политичка зделка од 970 г[13]. се вели:

"А Мизите, на кои им било ставено името 'Бугари', како сопствено име, кренале бунт..."


Гледна точка на бугарските историчари

Податотека:Bitola Inscription.jpg
Битолски натпис (10-11 век)?. Бугарските историчари го третираат како доказ за ,,бугарската" држава на цар Самоил.
Смртта на Самоил, Ватикански ракопис од XIV век. Превод: "ВАСИЛИЙ ЦАР РАЗБИ САМОИЛА ЦАР БЛГАРСКИ И ОСЛЕПИ ХИЛЕДИ БЛГАРИ; И ВИДЕ САМОИЛА ЦАР ОСЛЕПИНИХ И УМРЕ" [14]

Во 971 год. во една од многуте бугарско-византиски војни е освоена бугарската престолнина Преслав при што биле заробени бугарскиот цар Борис II и неговиот брат Роман. Тие биле однесени во Цариград и насилно принудени да абдицираат. Според средновековните закони, тоа значело дека бугарските војски кои се уште војувале требало да се предадат. Меѓутоа, Бугарите откажале да се предадат и под раководство на Самоил, син на еден од десетте обласни управници (комити, од таму комитопули), ја продолжиле успешно војната. Самоил не се прогласил за цар, затоа што според бугарските закони, додека царот е жив (макар и заробен) останува на чело на Бугарија. Во 980 г. цар Борис и брат му успеале да избегаат од заробеништво, но на границата со Бугарија цар Борис II бил убиен од „бугарски граничар, бидејќи бил облечен во романски алишта“, пишуваат средновековните хронисти. Во согласност со бугарските закони, брат му Роман бил прогласен за цар на Бугарија и живеел во Скопје, кое станало престолнина на Бугарија. Во 992 г. цар Роман бил повторно заробен од Византијците во Скопје и фрлен во затвор, каде воедно и починал во 997 г. Во текот на тој период Самоил бил само „гуљам“ како што пишува еден средновековен арапски писател т.е. само командант на вооружените сили на Бугарија. Дури откако пристигнала веста за смртта на Роман кој починал во Цариград и не оставил наследници, Самоил бил прогласен за бугарски цар. Тој го одбрал Охрид за престолнина на Бугарија. Сето тоа покажува дека Самоил и покрај тоа што ја имал целата власт во државата уште во 971 г. (во неговите раце била армијата) со целото поведение сакал да покаже дека се придржува кон бугарските закони и е добросовесен бугарски државен службеник. Затоа се прогласил за цар на Бугарија дури во 997 г., кога бугарските закони го дозволувале таквиот акт - старата династија немала веќе ниту еден машки наследник. Многу се документите кои покажуваат дека државата управувана од Самоил е Бугарија, за што се наведуваат неколку аргументи. Во Охрид, а не на друго место, оди по времето на Самоил од окупираниот од Византијците Преслав, бугарскиот патријарх и Охрид за долго време станува центар на бугарската патријаршија. Прашањето што се поставува е дали може престолнина на бугарска патријаршија да биде во административната престолнина на туѓа држава? Сосема прабугарска е административната терминологија на државата - во Охрид има кавхан, ичиргубоил итн. За силен удар врз македонската теза за цар Самоил се смета неочекуваното откриениот голем натпис врз камен блок во Битола во 1956 г., кој според содржината стоел на влезот на заштитниот зид на средновековна Битола. Натписот е направен по заповед на цар Иван Владислав, внук и наследник на цар Самоил во 1016 г. (две години по смртта на цар Самоил). Во тој долг натпис Иван Владислав раскажува за победи и порази во војните со Византија и соопштува, дека е „Бугарин по род“ - „заштитник на сите Бугари" и дека тој ги направил заштитните sидови на Битола „за спас на Бугарите“.

Научни погледи

Околу прашањето за потеклото и карактерот на Самуиловото царство во историската наука постоелe и сѐ уште постојат на голем број на дискусии и несогласувања. Преовладувале неколку теории. Тезата дека Самуил е владетел на Првото бугарско царство е отфрлена од едноставна причина што Византија го уништува Првотобугарско царство во 971 година, а тезата дека Роман бил крунисан за бугaрски цар е отфрлена бидејќи бил шкопен и според средновековната традиција неможел да носи царско звање [15][16]. Една од постарите хипотези е Дриновљевата теорија за Западнобугарско царство на Шишманови од 963 година но оваа теорија одамна е отфрлена како неточна. Откако оваа теорија била отфрлена во историската наука се спротиставиле две гледишта за Самуиловото царство. Едната теза е застапувана од страна на бугарските научници и таа е прифатена во голема мера од западната историографија. Според оваа теорија во 968 година од Симеоновото царство се одвоило Западнобугарското царство (Македонија) и според оваа хипотеза, тоа егзистирало покрај Источнобугарското царство кое било освоено од страна на Јован Цимиски додека пак западниот дел успеало да опстои и тоа станало јадрото на Самоиловото царство. Другата гледна точка која се спротиставила на бугарските научници, најасано и најдетално била изложена од страна на Д. Анастасијевиќ, Хипотеза за Западното Бугарско царство преставена во Гласник на скопското научно друштво 3 (1928) (L hipotese de la Bulgarie Occidentale Recueil Uspenskij I, 1930, 20 sg.). Според ова гледиште никогаш во историјата не постоела поделба на Западно и Источнобугарско царство, а Јован Цимиски го освоил целото Бугарско царство и дури потоа во 976 година со востанието на Комитопулите против византиската власт и било созадено ново царство во Македонија. За карактерот на Самуиловото царство, Острогорски истакнува:

Идеолошки, Самуиловото царство било поврзано за старото Бугарско царство, затоа и самите негови творци (Самуил и неговите наследници б.н) и Византија го нарекувале бугарско. Бидејќи традициите за царство и патријаршија, освен во Византија, постоеле уште само во Бугарија (се мисли само за Балканот б.н). Самуил ги прифатил тие традиции и го презел наследството на Симеоновото и Петровото царство (Првотобугарско царство б.н), кое паднало под ударите на Византиците. Всушност неговото цартсво (на Самуил б.н) значајно се разликувало од Симеоновото и Петровото царство. И по составот и по карактерот тоа било ново царство. Неговиот центар се преместило према југозапад и Македонија го сочинувало неговото јадро. Ако главниот цил на Самуил би бил воспоставување на строто Бугарско царство, тој секако би се свртел кон бугарските земји и на прво место би се стремел да ги ослободи. Меѓутоа интересот на Самуил кон старите бугарски земји бил впечатливо мал. Во текот на сите негови борби во областите источно од Сердика играле изненадувачки скромна улога, така што изворите скоро и не ги спомнуваат. Ексапнзијата на Самуиловото царство било пред се свртено кон југ [16]

Државни карактеристики

Самоил имал круна (предадена од страна на римскиот папа Грегор V како „бугарска“), секретеријат и бирократија. Официјален јазик на Самоиловото царство бил старословенскиот, иако како дипломатски јазик бил користен и грчкиот. Охридската архиепископија тој ја подигнал на степен на Патријаршија, а Охрид станал религиозен центар и главен град на царството.

Губење на независноста

По битката кај Беласица во 1014 армијата под водство на императорот Василиј ІІ Бугароубиец ја порази војската на Самоил при што 14.000 војници биле заробени, ослепени и пратени на Самоил. Глетката била премногу за Самоил кој се разболе и умре по три месеци, на 6 октомври 1014. По неговата смрт Самоил го наследува неговиот син Гаврило Радомир. Набрзо, тој ќе биде убиен од страна на неговиот братучед Јован Владислав, кој владее до 1018, кога и конечно Самоиловото царство потпаѓа под византиска власт.

Фусноти

  1. тема — „Македонија" основана je између 789. н 802. Њено име, с географс точке е нетачно, говори само о намери византијске владе да ову област користи као олскочну даску y обнављању праве Македоније која je тала још била y рукама Словена. Тема je обухватала срел',т-1гњи и западни део трачке равнице, главни град je био Адријанопољ, a други по важности Филипопољ. Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ Превела Ксенија Тодоровић ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996.
  2. Како Јован Скилица: [1]
  3. Како Летопис попа Дукљанина: [2]
  4. Како Јхија Антиохиски: [3]
  5. Крсте Петков Мисирков - За македонцките работи: Состауала, состауат и можит ли Македониiа да состауат од себе оддел‘на етнографцка и политична единица?
  6. Око средине IX века велики део средње и јужне Македоније, око Охрид- « Photius, ep. 95, PG 102, 904—5.ског и Преспанског језера, где je углавном живело словен-ско становништво, припојен je бугарској држави. Македон-ски Словени су већ дуго били изложени утицају Византије који ce ширио од Солуна уз Вардар. Према томе, природно je претпоставити да су половином века неки већ били хриш-ћани. Вероватно je хришћанство и даље имало више обра-ћеника међу Словенима него међу Бугарима, Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ Превела Ксенија Тодоровић ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996.
  7. На капијама града y суерет су му изашли највиши достојанственици цркве и Царства, певајући химне y славу цара, и пружили му круну и схиптар од злата и драгог камен>а. На позлаћеним кочија-ма y четворопрегу y којима ce иначе вози цар, била je икова Богородице коју je он лично донео мз Бугароке, a испод ње лежале су одоре и дијадеме бугарских царева. Док je поворка улазила y град, иза кочија јахао je цар на белцу, окићен свим царским обележјима, a иза њега je пе-шлце ишао бугарски цар, Борис II, којег je ЦЈ«ИИСК заро-био y Преславу. У цркви Св. Софије византијски цар по-ложио je сјајну круну Бугарске на високи олтар, нао зна-мење првог ратног плена и захвалности. Онда je, пред са-купљеном гомилом y главном броду цркве, наредио бу-гарском цару да скине своја владарска обележ;ја и доде-лио му виз^антијску дворску титулу магистра. Само током једне године (971) Јован Цимиск постигао je војни тријумф којем нема премца y средњовековним - аналима Балкана. Уклонио je руеку опасност која je угрож:авала опстанак Визан1-ије y Евроли, поново утврдио северну границу на Дунаву и повратио теритарију коју су Аспарухови Бугари одузели од Византије још пре три века. За време овог суровог рата Бугари су беспомоћно гледали две највеће војне силе источне Европе како ce боре око шихове земље. [http://en.wikipedia.org/wiki/Dimitri_Obolensky Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ Превела Ксенија Тодоровић ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996 ]
  8. На западу, y брдима и изолованим доли-нама Македоније, где ни Руси ни Византинци нису крочили за време рата, царска власт je била углавном номинална, па je и дал>е живела политичка традиција свргнуте бугар-ске државе. И управо на том месту су после Цимискове смрти 976. године четворица синова једног локалног ма-кедонског управитеља подигла побуњанички барјак. Нај-Ахлађи Самуило, искористио je грађанеки рат y Византији који je избио после омрти Јована Цимиока, и полако изгра-дио државу чији je главни град најпре био на Преспаноком језеру, a потом y Охриду. До краја века ова држава про-ширила ce на већи део пређашње бугарске територије из-међу Црног ,и Јадранског мора, уз Србију све до доњег тока Саве, Албаније, јужне Македоније, Тесалије и Епира
  9. "Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 17
  10. "Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 115
  11. "Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 115
  12. "Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 116
  13. "Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 160
  14. Ватикански ракопис од XIV век
  15. Runciman, Bulgarian Empire, 221
  16. 16,0 16,1 Георгије Острогорски, Историја на Византија, Народна Књига Алфа, 1998.

Надворешни врски