Таратор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с robot Dodaje: sr:Таратор, tr:Tarator
сНема опис на уредувањето
Ред 5: Ред 5:


=== Состојки (за четворица) ===
=== Состојки (за четворица) ===
*една глава лук (''Allium sativum'')
*една глава [[лук]] (''Allium sativum'')
*половина килограм кисело млеко
*половина килограм [[кисело млеко]]
*две свежи краставици (''Cucumis sativus'')
*две свежи краставици (''Cucumis sativus'')
*100ml сончогледово или маслиново масло
*100ml сончогледово или [[маслиново масло]]
*една мала лажица сол
*една мала [[лажица]] [[сол]]
=== Потребен специјален прибор ===
=== Потребен специјален прибор ===
*дрвен сад за толчење (дибек)
*дрвен сад за толчење (дибек)

Преработка од 23:53, 18 јуни 2007

Таратор

Тараторот е освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата македонска пролет и жешкото лето.

Како се прави (рецепт)

Состојки (за четворица)

Потребен специјален прибор

  • дрвен сад за толчење (дибек)
  • дрвен толчник (токмак)

Подготвување

Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).

Сервирање

Готовиот таратор пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки лед.

Други имиња

  • таратур (Ресен)
  • тартóр (Струмица)