Терористички напади од 11 септември 2001 година: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 174: Ред 174:
[[tr:11 Eylül 2001 Saldırıları]]
[[tr:11 Eylül 2001 Saldırıları]]
[[uk:Терористичний акт 11 вересня 2001 року]]
[[uk:Терористичний акт 11 вересня 2001 року]]
[[ur:11 ستمبر 2001ء، امریکہ دہشت گردی]]
[[vec:Atentati de l'11 setenbre]]
[[vec:Atentati de l'11 setenbre]]
[[vi:Sự kiện 11 tháng 9]]
[[vi:Sự kiện 11 tháng 9]]

Преработка од 06:11, 12 септември 2010

Кулите-близначки од Светскиот трговски центар горат брзо по ударот на авионот на Јунајтед ерлајнз УА175 во јужната кула (десно). Претходно авионот на Американ ерлајнз АА11 удри во северната кула (лево).
Пентагон во пламен, непосредно по ударот од авионот АА77. Подоцна овој дел од зградата се урнал.

Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда. Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија. Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон. Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите во Њујорк, после што и двете кули се урнале, по нив и две соседни згради, а уште три згради биле тешко оштетени.

Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи.

Терористичките напади предизвикале огромни економски штети: отштетните побарувања од осигурителните компании достигнале вкупен износ од 20,7 милијарди УСД, а акциите на њујоршката берза изгубиле во вредност 1,2 трилиони долари.

Политичките ефекти биле што повеќето земји донеле нова легислатива за борба против тероризмот, а САД заедно со своите сојузници објавиле Војна против теророт. Во рамките на оваа војна, преземени се широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот, како и воено освојување на земји кои го поддржувале тероризмот - како Авганистан и Ирак.

Хронологија

Утрото на 11. септември 2001. 19 терористи поврзани со Ал-Каеда, речиси едновремено, киднапирале 4 авиони на комерцијални летови:

Терористите намерно одбрале за киднапирање големи авиони кои биле тргнати на подалечни дестинации, и поради тоа полни со гориво, секој со по околу 90.000 литри. Во секој од авионите имало барем по еден киднапер кој имал пилотска обука. Под закани, терористите го истерале екипажот од пилотските кабини и го презеле управувањето во авионите.

Управувајќи ги авионите, терористите во многу краток временски интервал ги урнале во нивните цели:

  • АА11 се урнал во северната кула од Светскиот трговски центар во 8:46:30 по локално време;
  • УА175 се урнал во јужната кула од Светскиот трговски центар во 9:02:59;
  • АА77 се урнал на Пентагон во 9:37:46; и
  • УА93 се урнал во поле во државата Пенсилванија, по борба меѓу патниците и терористите,[1] во 10:03:11, а веројатно терористите имале намера да го урнат врз Конгресот на САД во Вашингтон.[2]

Човечки жртви

Во уривањето на Светскиот трговски центар загинале 2.603 лица. Сите патници и екипажи во четирите авиони загинале, вкупно 246. Од ударот и пожарот во зградата на Пентагон загинале 125 лица. Уште 24 лица се исчезнати и се сметаат за загинати. Со ова, вкупниот број на загинати е 2.998, не сметајќи ги и загинатите 19 терористи.

Жртвите во најголем дел биле граѓани на САД, а останатите се од 79 други земји.

Според подоцнежната истрага, околу 16.000 луѓе биле во опасната зона на Светскиот трговски центар во моментот на нападите. Околу 92% од нив навремено се евакуирале и преживеале.[3]

Терористи

Групата се состоела од 6 организатори, меѓу кои биле и четирите пилоти. Сите грабнувачи биле добро образувани возрасни мажи. Во групата 15 биле од Саудиска Арабија, двајца од Обединети Арапски Емирати, еден од Египет и еден од Либан. Постојат сомневања дека во нападите требало да учествуваат вкупно 27 терористи, но дека некои од нив не успеале да влезат во САД.[3]

Материјални штети

Урнатините на Светскиот трговски центар на 17.9.2001.

Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите. Најпрво почнале да се уриваат најгорните катови, над местата на удар на авионите, а потоа од нивната тежина кулите целосно се урнале. Јужната кула се урнала во 09:59, а северната во 10:28 по локално време.

Од падот на кулите, две соседни згради исто така се урнале, а останатите 3 од комплексот на Светскиот трговски центар биле тешко оштетени и прогласени за непоправливи.

Уште неколку околни згради биле уништени или станале небезбедни за користење: Православната црква Св. Никола, зградата на Дојче банк и зградата Фитерман на Колеџот на Менхетен.

Зградата на Пентагон исто така била тешко оштетена во еден дел.

Економски штети

Терористичките напади предизвикале огромни економски штети, како од директните материјални оштетувања и човечки жртви, така и поради падот на довербата во интегритетот на економскиот и финансискиот систем на САД. Веднаш по нападите биле затворени Њујоршката берза и НАСДАК, и останале затворени дури 6 дена. Сите летови над САД биле приземјени, а меѓународните летови од и кон САД биле пренасочени. Никакви летови не биле дозволени над територијата на САД во текот на следните 3 дена.

Самите напади предизвикале отштетни побарувања од осигурителните компании во вкупен износ од 20,7 милијарди УСД.[4]

Поради падот на довербата на инвеститорите, вредноста на акциите на Њујоршката берза паднала во првиот ден од тргувањето по нападите, на 17. септември 2001., за 7,1%, а до крајот на таа недела паднала вкупно 14,3%. Американската економија со ова изгубила во вредност 1,2 трилиони долари.

Најтешко биле погодени авио-превозниците, осигурителните компании и финансиските компании. Неколку авио-компании пропаднале по нападите.[5] Туризмот во Њујорк секнал.

Светските пазари го следеле трендот во САД, и светската економија доживеала сеопшт пад. Берзите се опоравиле од овој пад и се вратиле на истото ниво од пред 11. септември после повеќе од една година.

Последици од нападите

Светот се променил по терористичките напади во Њу Јорк. Развиените земји почнале да обрнуваат многу поголемо внимание и да трошат повеќе средства на безбедноста и борбата против тероризмот. Во многу земји се донела нова легислатива за борба против тероризмот.[6]

САД објавиле Војна против теророт во рамките на која презеле широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот. Во рамки на Војната против теророт, НАТО го нападнал и освоил прво Авганистан во 2001, а потоа коалиција предводена од САД го освоила и Ирак во 2003, како земји кои го поддржувале тероризмот.

Наводи

Надворешни врски

Мултимедија

Споменици

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA