Пелазги: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Niche (разговор | придонеси)
Нова страница: Етимологијата на зборот Пелазги-Полазги е словенска. Словените и Пелазгите живееле по ридови...
(нема разлика)

Преработка од 17:20, 25 февруари 2007

Етимологијата на зборот Пелазги-Полазги е словенска. Словените и Пелазгите живееле по ридовите и планините, особено во Елада и Тесалија, каде новодојдените агресивни Елини во 12 век п.н.е. ги натерале Пелазгите да се повлекуваат по планините и на север во Македонија, Тракија итн.; старословенскиот збор за ваквото живеење на рид/планина е "по-лазеч" т.е. Полазеч, Полазги или Пелазги. Во античка Елада има многу топоними, реки и планини со словенска етимологија, кога се тврди дека немало словени во тие краишта, како: risea, Bura, Eserus, Halysaea, Homolium, Horeum, Leucas, Lebadea, Phoronicium, Oleanum, Sellasia, Sperchia, Stantyra, Sicorium, Temnos, Zemene; планини: Halesius, Homole, Scolis, Tomeus T/a/marus, Temnos, Pretus, Stena; реки: Peneus, Porina, Selenus, Selleis, Thiessa, /Tiassus/.

Славистот Шафариќ вели дека следниве антички топоними во географска Тракија, која ги опфаќа и македонските етнички територии се од словенско потекло: Arzos-Рашка; Bennica - Бањско; Debre-Дебaр; Dolonici/ae/-Дољани; German-Чрмеп; Samaika-Самоков; Travus-Трева; Zdebrin, Zernae, Zirinae, Zirinia, Црнец. Bo Македонијa: Cavetza- Кавица, Melichiza-Малешево; Nestus- Места.

За античката тракиско-пеонско-македонска област Стримион, се тврди дека подоцна Стримион ја населило македонското словенско племе Струмјани. Значи таа област Стримион потекнува од предсловенската колонизација, а носи чисто словенско име. Струмиен е старословенски збор и означува врело/извор, а денеска истиот збор, со истото значење се употребува во полскиот јазик. Во пиринска Македонија има река Струма, а во Македонија град Струмица.

Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите (Justin. VII, 1, 3). Во 450 г.п.н.е. за Пелазгите, Херодот вели: "ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; штом тоа е така, жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со преминувањето им кон Елините, примија друг јазик" (Херодот I, 57-58) .

Античкиот елински географ Страбон, вели: "Што се однесува до Пелазгите, сите докази велат дека тие се еден стар народ, кој бил распространет во цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија". Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на р. Пенеос, Термопилите и планина Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти пелазгите ја населуваaт таа земја (Страбон, стр. 221, 4). Страбон ова го напишал во 19 век по христа, значи и тогаш Пелазгите живееле во Елада, Тесалија , Македонија итн. Од тие Пелазги-Аргaјци произвлегувала македонската царска династија, почнувајки од македонскиот цар Александар први (Александар трети е големиот Александар Македонски).На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини (Страбон V, 2, 4). Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливи пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Tit Livi, XXX, 29).