Македонија на Македонците: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: филозоф... -> философ...
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Македонија на Македонците.jpg|мини|150п|десно|Македонија за Македонците'']]
[[Податотека:Македонија на Македонците.jpg|мини|150п|десно|Македонија за Македонците'']]


'''Македонија на Македонците''' е идеал на македонските патриоти и револуционери во борбата против [[Отоманската империја]] за слобода, човекови права и создавање на самостојна македонска држава <ref><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003''</small></ref>. Со текот на времето овие зборови станале неразделен дел од македонското националноослободително движење и неразделен дел од неговиот идеал и стремеж. Мотото има неколку варијанти: ''Македонија за Македонија'', ''Македонија на Македонците'' и ''Македонија за Македонците''. Особено овие зборови ќе имаат одглас во меѓународната јавност по говорот на англискиот политичар и тогашен премиер [[Вилјам Гладстон]] во однос на [[Македонското прашање]] и неговото решавање <ref name="DZBMN"><small>''Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981''</small></ref>.
'''Македонија на Македонците''' е идеал на македонските патриоти и револуционери во борбата против [[Отоманската империја]] за слобода, човекови права и создавање на самостојна македонска држава <ref><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003''</small></ref>. Со текот на времето овие зборови станале неразделен дел од македонското националноослободително движење и неразделен дел од неговиот идеал и стремеж. Мотото има неколку варијанти: ''Македонија за Македонија'', ''Македонија на Македонците'' и ''Македонија за Македонците''. Особено овие зборови ќе имаат одглас во меѓународната јавност по говорот на англискиот политичар и тогашен премиер [[Вилјам Гладстон]] во однос на [[Македонското прашање]] и неговото решавање <ref name="DZBMN"><small>''Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981''</small></ref>.


== Појава ==
== Појава ==
Ред 7: Ред 7:
Ова мото првпат се сретнува во протоколното решение на [[Привремена влада на Македонија - Единство|Привремената влада на Македонија - Единство]] од [[21 мај]] [[1880]] година в кое меѓу другото се истакнува:
Ова мото првпат се сретнува во протоколното решение на [[Привремена влада на Македонија - Единство|Привремената влада на Македонија - Единство]] од [[21 мај]] [[1880]] година в кое меѓу другото се истакнува:


{{Цитатник|''... Оваа решение да им биде врачено на конзулските преставници на големите сили - потписнички на Берлинскиот договор со молба големите сели да се застапат пред Високата порта за применување на членот 23 од Берлинскиот договор. Во случај Високата порта да не стори ништо, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија на Македонците, за воспоставување на древната Македонија'' <ref name="OR"><small>''Треба да се истакне дека решението се наоѓа во Arhiva Ministerul Afaceriol Straine Bucuresti Fondul Konstantinopol. Consulat Salonic. 31. VII/12. VIII, 1880, p. 28 - 33, во Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981, мотото се сретнува како Македонија за Македонија додека пак во Практикумот по историја на државите... на д-р [[Владимир Картов]] стои Македонија за Македонците... види Практикум по историја на државите и правата на народите во Југославија, Скопје, 1894''</small> </ref><ref><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref>}}
{{Цитатник|''... Оваа решение да им биде врачено на конзулските преставници на големите сили - потписнички на Берлинскиот договор со молба големите сели да се застапат пред Високата порта за применување на членот 23 од Берлинскиот договор. Во случај Високата порта да не стори ништо, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија на Македонците, за воспоставување на древната Македонија'' <ref name="OR"><small>''Треба да се истакне дека решението се наоѓа во Arhiva Ministerul Afaceriol Straine Bucuresti Fondul Konstantinopol. Consulat Salonic. 31. VII/12. VIII, 1880, p. 28 - 33, во Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981, мотото се сретнува како Македонија за Македонија додека пак во Практикумот по историја на државите... на д-р [[Владимир Картов]] стои Македонија за Македонците... види Практикум по историја на државите и правата на народите во Југославија, Скопје, 1894''</small> </ref><ref><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref>}}


Со развојот на македонското национално движење се појавуваат нови македонски асоцијации, а меѓу нив е [[Силогос Македонија на Македонците|Силогосот Македонија на Македонците]], во својот проглас од [[15 април]] [[1891]] година се истакнува:
Со развојот на македонското национално движење се појавуваат нови македонски асоцијации, а меѓу нив е [[Силогос Македонија на Македонците|Силогосот Македонија на Македонците]], во својот проглас од [[15 април]] [[1891]] година се истакнува:
Ред 27: Ред 27:
Во текот на [[Илинденското востание]] во странскиот печат биле објавени, меѓу другото и интервјуа со истакнати македонски дејци, преку кој светот добил јасна слика за целите на македонската борба. Таква статија е и онаа на ''Daily News'' објавена на [[12 август]] [[1903]] година во која се истакнува:
Во текот на [[Илинденското востание]] во странскиот печат биле објавени, меѓу другото и интервјуа со истакнати македонски дејци, преку кој светот добил јасна слика за целите на македонската борба. Таква статија е и онаа на ''Daily News'' објавена на [[12 август]] [[1903]] година во која се истакнува:


{{Цитатник|''И, што е тоа неповолно за македонската кауза, мислам на онаа што лошо се сваќа и што прилично нашироко преовладува во западна Европа? Македонија за Македонците, не Велика Бугарија, е нашиот идеал - рече попот-борец Тома Николов, чиешто раскажување јас го преставив во едно писмо од Блискиот Исток пред неколку недели. Така, гледате дека ние веѓе направивме извесен почеток со привремена влада на Македонија. Нашиот идеал е Македонија за Македонците и за него ние ќе се бориме. Јас се надевам дека Вие ќе и го кажете ова на Вашата англиска јавност. Востанието е македонско, вистинските ефикасни боречки чети се македонски. Четите не доаѓаат од Бугарија. Тие доаѓаат од македонскиот народ. Тие ќе продолжат да доаѓаат се дотогаш додека македонскиот народ ќе го поднесува лошото владеење на Турците'' <ref name="JM"><small>''J.M., Macedonian Rising - Daily News (London) August 12, 1903, p12''</small></ref>}}
{{Цитатник|''И, што е тоа неповолно за македонската кауза, мислам на онаа што лошо се сваќа и што прилично нашироко преовладува во западна Европа? Македонија за Македонците, не Велика Бугарија, е нашиот идеал - рече попот-борец Тома Николов, чиешто раскажување јас го преставив во едно писмо од Блискиот Исток пред неколку недели. Така, гледате дека ние веѓе направивме извесен почеток со привремена влада на Македонија. Нашиот идеал е Македонија за Македонците и за него ние ќе се бориме. Јас се надевам дека Вие ќе и го кажете ова на Вашата англиска јавност. Востанието е македонско, вистинските ефикасни боречки чети се македонски. Четите не доаѓаат од Бугарија. Тие доаѓаат од македонскиот народ. Тие ќе продолжат да доаѓаат се дотогаш додека македонскиот народ ќе го поднесува лошото владеење на Турците'' <ref name="JM"><small>''J.M., Macedonian Rising - Daily News (London) 12 август, 1903, p12''</small></ref>}}


Во [[август]] [[1903]] година со дозвола на [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] на територијата на [[Серски револуционерен округ|Серскиот револуционерен округ]] почнале да навлегуваат врховистички чети. Бројот на овие чети изнесувал околу 500 - 600 души на чело со [[Иван Цончев]], [[Атанас Јанков]] како и врховистичките војводи [[Јурдан Стојанов]] и [[Љубомир Стоенчев]].
Во [[август]] [[1903]] година со дозвола на [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] на територијата на [[Серски револуционерен округ|Серскиот револуционерен округ]] почнале да навлегуваат врховистички чети. Бројот на овие чети изнесувал околу 500 - 600 души на чело со [[Иван Цончев]], [[Атанас Јанков]] како и врховистичките војводи [[Јурдан Стојанов]] и [[Љубомир Стоенчев]].

Преработка од 11:00, 9 август 2010

Македонија за Македонците

Македонија на Македонците е идеал на македонските патриоти и револуционери во борбата против Отоманската империја за слобода, човекови права и создавање на самостојна македонска држава [1]. Со текот на времето овие зборови станале неразделен дел од македонското националноослободително движење и неразделен дел од неговиот идеал и стремеж. Мотото има неколку варијанти: Македонија за Македонија, Македонија на Македонците и Македонија за Македонците. Особено овие зборови ќе имаат одглас во меѓународната јавност по говорот на англискиот политичар и тогашен премиер Вилјам Гладстон во однос на Македонското прашање и неговото решавање [2].

Појава

Ова мото првпат се сретнува во протоколното решение на Привремената влада на Македонија - Единство од 21 мај 1880 година в кое меѓу другото се истакнува:

... Оваа решение да им биде врачено на конзулските преставници на големите сили - потписнички на Берлинскиот договор со молба големите сели да се застапат пред Високата порта за применување на членот 23 од Берлинскиот договор. Во случај Високата порта да не стори ништо, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија на Македонците, за воспоставување на древната Македонија [3][4]

Со развојот на македонското национално движење се појавуваат нови македонски асоцијации, а меѓу нив е Силогосот Македонија на Македонците, во својот проглас од 15 април 1891 година се истакнува:

... Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ [5]

Македонско прашање

Кон крајот на 19 век македонското прашање станало актуелно во меѓународните кругови и највидните преставници од политиката и науката почанале да ги искажуваат своите ставови во однос на неговото решение. На 19 јануари 1897 година британскиот државник Вилијам Гладстон на покана на Бајронското друштво во писмо го изложил својот став кон македонското прашање и во него било истакано:

Безнадежноста на турската управа ќе ме натера да станам со задоволство сведок на нејзиното истерување од земјите што ги потчинила: и тоа без да се знаат изворите што се готови да го подржат бунтот. Јас лично не се осмелувам да преземам на себе одговорност за каква било негова подршака. Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојните држави за присвојување на туѓи теритотии. А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите? Иако се тие сите мали и слаби, нека се остават да се поврзат меѓусебно за одбрана, така што не ќе можат да бидат голтнати од другите, било големи или мали, кое веројатно ќе дојде како последица од нивните меѓусебни караници [2]

Македонска револуционерна организација

Во 90 - тите години на 19 век во Македонија со појавува Македонската револуционерна организација со што се дал нов инпулс на македонското националноослободително движење. Оваа организација целосно го прифатила мотото Македонија на Македонците.

Во 1905 година Дамјан Груев во Софија имал средба со Лермонтов. Притоа Д. Груев истакнал дека организацијата дејствува самостојно издигајќија девизата Македонија на Македонците [6], и дека организацијата не сака за ништо судбината на Македонија да ја потчини на интересите на кнежеството. Главна цел на организацијата е автономија на Македонија а не нејзино присоединување кон Бугарија [7].

Во текот на Илинденското востание во странскиот печат биле објавени, меѓу другото и интервјуа со истакнати македонски дејци, преку кој светот добил јасна слика за целите на македонската борба. Таква статија е и онаа на Daily News објавена на 12 август 1903 година во која се истакнува:

И, што е тоа неповолно за македонската кауза, мислам на онаа што лошо се сваќа и што прилично нашироко преовладува во западна Европа? Македонија за Македонците, не Велика Бугарија, е нашиот идеал - рече попот-борец Тома Николов, чиешто раскажување јас го преставив во едно писмо од Блискиот Исток пред неколку недели. Така, гледате дека ние веѓе направивме извесен почеток со привремена влада на Македонија. Нашиот идеал е Македонија за Македонците и за него ние ќе се бориме. Јас се надевам дека Вие ќе и го кажете ова на Вашата англиска јавност. Востанието е македонско, вистинските ефикасни боречки чети се македонски. Четите не доаѓаат од Бугарија. Тие доаѓаат од македонскиот народ. Тие ќе продолжат да доаѓаат се дотогаш додека македонскиот народ ќе го поднесува лошото владеење на Турците [8]

Во август 1903 година со дозвола на Задграничното претставништво на територијата на Серскиот револуционерен округ почнале да навлегуваат врховистички чети. Бројот на овие чети изнесувал околу 500 - 600 души на чело со Иван Цончев, Атанас Јанков како и врховистичките војводи Јурдан Стојанов и Љубомир Стоенчев.

Овие чети требало да и помогнат на ТМОРО во текот на Илинденското востание и Цончев за да навлезе во Македонија ги прифатил условите на Македонската револуционерна организација но тој неможел да се ослободи од своите разбирања:

Целта е оваа: Македонија со своите партизански дејствија да ја исцрпи Турција, а потоа слободна Бугарија да удри со својата свежа, добро организирна армија [9]

Затоа во Серско, Јане Сандански при средбата со врховистите истакнал:

... Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците... вие ја сакате слободата на Македонија... како средство, како етапа за идно завојување и присоединување, а кај нас слободата, автономијата на Македонија е легална во основа како цел. Ете каде е големата разлика меѓу Нас - внатрешните и Вас - врховистите [10]

Македонска емиграција

По Илинденското востание во САД и Канада се формираат бројни македонски емигранстски друштва и организации. Меѓу нив секако е и Македонската патриотска организација формирана во 1922 година. Нејзините основни стремежи се слободна и независна Македонија и мотото Македонија за Македонците. Меѓутоа оваа организација била една од многуте сред македонската емиграција, постоеле и многу други, а меѓу нив било и Македоно - одринското друштво (Левски) и неговиот весник Борба кој го помагале македонското национално движење и го прифатиле истоимениот лозунг.

Извори

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  2. 2,0 2,1 Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981
  3. Треба да се истакне дека решението се наоѓа во Arhiva Ministerul Afaceriol Straine Bucuresti Fondul Konstantinopol. Consulat Salonic. 31. VII/12. VIII, 1880, p. 28 - 33, во Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981, мотото се сретнува како Македонија за Македонија додека пак во Практикумот по историја на државите... на д-р Владимир Картов стои Македонија за Македонците... види Практикум по историја на државите и правата на народите во Југославија, Скопје, 1894
  4. Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  5. Љ. Лапе, Одбрани текстови... том два.
  6. Документи за борбата на македонскиот народ. . . т. 1, 325
  7. Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, четврти том, 57.
  8. J.M., Macedonian Rising - Daily News (London) 12 август, 1903, p12
  9. Пандевски Манол, Македонското ослободително дело во XIX и XX век, т. 1, Скопје, 1987
  10. Г. Ив. Белевъ, На гости у Сандански, Из живота на четить, Ил. Илинденъ, V/6 (46), София, 1933, 5-6.

Литература

  • д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945) Скопје, 1980
  • д-р Боро Мокров - м-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993

Предлошка:МРО