Микелоцо: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с +слика
Ред 1: Ред 1:
[[Слика:michelozzo.jpg|thumb|right|250px|Портрет на Микелоцо]]
[[image:Palazzo Medici Riccardi.JPG|thumb|250px|[[Палацо Медичи]] во Фиренца]]
[[Слика:Palazzo Medici Riccardi.JPG|thumb|250px|[[Палацо Медичи]] во Фиренца]]
'''Микелоцо ди Бартоломео Микелоци''' ([[Италијански јазик|италијански]]: ''Michelozzo di Bartolomeo Michelozzi'') ([[1391]] - [[1472]]?) бил [[италија]]нски [[архитект]] и [[скулптура|скулптор]].
'''Микелоцо ди Бартоломео Микелоци''' ([[Италијански јазик|италијански]]: ''Michelozzo di Bartolomeo Michelozzi'') ([[1391]] - [[1472]]?) бил [[италија]]нски [[архитект]] и [[скулптура|скулптор]].



Преработка од 11:48, 7 февруари 2007

Портрет на Микелоцо
Палацо Медичи во Фиренца

Микелоцо ди Бартоломео Микелоци (италијански: Michelozzo di Bartolomeo Michelozzi) (1391 - 1472?) бил италијански архитект и скулптор.

Биографија

Роден е во Фиренца како син на кројач, и во младоста вил ученик на Донатело.

Работел во мермер, бронза и сребро. Негово дело е статуата на младиот Св. Јован над вратата на црквата Санта Марија дел Фјоре („Дуомо“-то) во Фиренца, от спротива на Крстилницата; исто така направил и прекрасна сребрена статуетка на Јован Крстител на предниот олтар во црквата Сан Џовани. Голем пријател и патрон на Микелоци бил Козимо Медичи, кого го придружувал во Венеција во 1433 за време на неговото кратко прогонство. Додекал бил во Венеција, Микелоцо ја изградил библиотеката во Сан Џорџо Маџоре, а таму проектирал и други згради.

In 1428, заедно со Донатело, Микелоцо подигнал проповедница на отворено, на аголот на катедралата Св. Стефан во Прато. Величенствениот дворец Палацо Медичи во Фиренца, изграден за Козимо, е исто така негово дело; ова е еден од најблагородните примери на италијанската архитектура од XV век, во кој одличниот вкус и способност на архитектот ги искомбинирале деликатната леснотија на италијанската готика со масивната достоинственост на класичниот стил. Со своите големи инженерски вештини, Микелоцо ја поправил и делумно реизградил палатата Палацо Векио, која тогаш била пропадната, и додал многу важни соби и скалишта. Кога во 1437, благодарение на Козимовата либералност, манастирот Св. Марко во Фиренца бил предаден на Доминиканците од Фиесоле, Микелозо имал за задача да го реизгради домашниот дел и да ја ремоделира црквата.

Микелоцо конструирај бројни други згради за Козимо, највеќето од кои се важни зданија. Меѓу овие била гостилницата во Ерусалим за фиренските аџии, Козимовата летна вила кај Кареџи и силно утврдениот замок Кафаџоло во Муџело. За Џовани Медичи, Козимовиот син, Микелоцо изградил многу голема и величенствена палата во Фиесоле. И покрај изјавата на Васари дека тој умрел на 68-годишна возраст, по сѐ изгледа дека Микелоцо живеел до 1472 год. Погребан е во манастирот Св. Марко, Фиренца.

Надворешни врски

Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)