Кралство Македонија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 60: | Ред 60: | ||
=== Птоломејска династија === |
=== Птоломејска династија === |
||
{{main|Птоломејска династија}} |
{{main|Птоломејска династија}} |
||
'''Птоломејска династија''' била династија на Македонски кралеви кои воделе потекло од [[Птоломеј I Сотир]] еден од седумте телохранители и генерал во војската на [[Александар Македонски]]. [[Птоломеј I Сотир]] бил назначен за сатрап на Египет по смртта на [[Александар Велики]] а 305 г. п.н.е. се самопрогласил за Крал Птоломеј I, подоцна познат како Сотир (спасител). Египјаните ги прифатиле Птоломејците како вистински наследници на [[фараоните]]. Династијата владеела со [[Египет]] речиси 300 години, од 323. до 30 г. п.н.е. |
|||
Сите машки владетели од династијата го носеле името Птоломеј. Кралиците пак, од кои некои биле сестри на своите сопрузи, обично се викале Клеопатра, Арсенија или Береника. Најпозната во низата на оваа династија е последната владетелка - [[Клеопатра VII]], позната по својата улога во политичките борби во Рим помеѓу [[Јулиј Цезар]] и [[Помпеј]], а подоцна и помеѓу [[Октавијан]] и [[Марко Антониј]]. Нејзиното самоубиство по покорувањето на Египет од Рим го означува крајот на Птоломејската династија. |
|||
Династијата владеела со Египет до Римското освојување во 30 г. п.н.е. |
|||
=== Аталидска династија === |
=== Аталидска династија === |
Преработка од 16:35, 26 јуни 2010
Кралството Македонија било кралство на македонците во античко време кое во својот зародиш ја опфаќало територијата на денешна Република Македонија и Беломорска или Егејска Македонија, се портегало во северниот дел на денешна Грција, на запад се граничело со Илирија, на југозапад граници на кралството допирале до кралството Епир, на север во почетокот кралството се граничело со Трибалите, а подоцна со Дарданија, додека пак на исток кралството се граничело со Тракија.[1]
Подоцна Македонското Кралство станало најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил речиси целиот познат свет во тоа време и со тоа го започнал македонскиот период на светската историја. По смртта на Александар Македонски започнува борбата на дијадосите за контрола врз Македонската Империја, која реултирала со распад на империијата и формирање на неколку империи наследнички со кои владееле македонски династии.
Македонски династии
Аргеадска династија
- Каран 808-778 п.н.е
- Коин
- Тирима
- Пердика I 700-678 п.н.е
- Аргеј I 678-640 п.н.е
- Филип I 640-602 п.н.е
- Аероп I 602-576 п.н.е
- Алкет I 576-547 п.н.е
- Аминта I 547-498 п.н.е
- Александар I 498-454 п.н.е
- Алкет ΙI 454-448 п.н.е
- Пердика II 448-413 п.н.е
- Архелај 413-399 п.н.е
- Кратер 399 п.н.е
- Орест 399-396 п.н.е
- Архелај II 396-393 п.н.е
- Аминта II 393 п.н.е
- Павзаниј 393 п.н.е
- Аминта III 393 п.н.е
- Аргеј II 393-392 п.н.е
- Аминта III (повторно назначен) 392-370 п.н.е
- Александар II 370-368 п.н.е
- Птоломеј I 368-365 п.н.е
- Пердика III 365-359 п.н.е
- Аминта IV 359-356 п.н.е
- Филип II Македонски 359-336 п.н.е
- Александар III Македонски 336-323 п.н.е
- Антипатар, Регент на Македонија 334-319 п.н.е
- Филип III Аридеј 323-317 п.н.е
- Александар IV 323-310 п.н.е
- Пердика, Регент на Македонија 323-321 п.н.е
- Антипатар, Регент на Македонија 321-319 п.н.е
- Полиперхон, Регент на Македонија 319-317 п.н.е
- Касандар, Регент на Македонија 317-306 п.н.е
Антипатридска династија
- Касандар 306-297 п.н.е
- Филип IV 297-296 п.н.е
- Александар V 296-294 п.н.е
- Антипатар II 296-294 п.н.е
Антигонидска династија
Антигонидската династија била династија на Македонски кралеви кои воделе потекло од Антигон I Едноокиот генерал во војската на Александар Македонски. Династијата е наследничка на Антипатридската династија, која владеела со Мала Азија и северна Сирија.
По поразот на војската на Персеј во Битката кај Пидна во 168 п.н.е, Македонија била поделена на четири републики од страна на римјаните. Во 150 п.н.е човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал тронот на Македонија како крал Филип VI. Ова била причината за Четвртата Македонско-римска Војна во која Андриск бил поразен од страна на римјаните и Македонија била припоена кон Рим (148 п.н.е).
Птоломејска династија
Птоломејска династија била династија на Македонски кралеви кои воделе потекло од Птоломеј I Сотир еден од седумте телохранители и генерал во војската на Александар Македонски. Птоломеј I Сотир бил назначен за сатрап на Египет по смртта на Александар Велики а 305 г. п.н.е. се самопрогласил за Крал Птоломеј I, подоцна познат како Сотир (спасител). Египјаните ги прифатиле Птоломејците како вистински наследници на фараоните. Династијата владеела со Египет речиси 300 години, од 323. до 30 г. п.н.е.
Сите машки владетели од династијата го носеле името Птоломеј. Кралиците пак, од кои некои биле сестри на своите сопрузи, обично се викале Клеопатра, Арсенија или Береника. Најпозната во низата на оваа династија е последната владетелка - Клеопатра VII, позната по својата улога во политичките борби во Рим помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј, а подоцна и помеѓу Октавијан и Марко Антониј. Нејзиното самоубиство по покорувањето на Египет од Рим го означува крајот на Птоломејската династија.
Династијата владеела со Египет до Римското освојување во 30 г. п.н.е.
Аталидска династија
Види исто така
Референци
- ↑ "Macedonia" - Britannica 2006