Македонија на Македонците: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Брзо додавање категорија Национални симболи на Македонија (со користење на HotCat)
Ред 28: Ред 28:


{{МРО}}
{{МРО}}

[[Категорија:Национални симболи на Македонија]]

Преработка од 11:49, 20 јуни 2010

Македонија на Македонците е мото на македонските патриоти и револуционери во борбата против Отоманската империја за слобода и човекови права [1], со текот на времето овие зборови станале неразделен дел од македонското националноослободително движење. Мотото има неколку варијанти: Македонија за Македонија, Македонија на Македонците и Македонија за Македонците. Особено овие зборови ќе имаат одглас во меѓународната јавност по говорот на англискиот политичар и тогашен премиер Вилјам Гледстон во однос на Македонското прашање и неговото решавање [2].

Појава

Македонија за Македонците

Ова мото првпат се сретнува во протоколното решение на Привремената влада на Македонија - Единство од 21 мај 1880 година в кое меѓу другото се истакнува:

... Оваа решение да им биде врачено на конзулските преставници на големите сили - потписнички на Берлинскиот договор со молба големите сели да се застапат пред Високата порта за применување на членот 23 од Берлинскиот договор. Во случај Високата порта да не стори ништо, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија на Македонците, за воспоставување на древната Македонија [3][4]

Со развојот на македонското национално движење се појавуваат нови македонски асоцијации, а меѓу нив е Силогосот Македонија на Македонците, во својот проглас од 15 април 1891 година се истакнува:

... Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ [5]

Македонско прашање

Кон крајот на 19 век македонското прашање станало актуелно во меѓународните кругови и највидните преставници од политиката и науката почанале да ги искажуваат своите ставови во однос на неговото решение. На 19 јануари 1897 година британскиот државник Вилијам Гледстон на покана на Бајронското друштво во писмо го изложил својот става кон македонското прашање и во него било истакано:

Безнадежноста на турската управа ќе ме натера да станам со задоволство сведок на нејзиното истерување од земјите што ги потчинила: и тоа без да се знаат изворите што се готови да го подржат бунтот. Јас лично не се осмелувам да преземам на себе одговорност за каква било негова подршака. Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојните држави за присвојување на туѓи теритотии. А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите? Иако се тие сите мали и слаби, нека се остават да се поврзат меѓусебно за одбрана, така што не ќе можат да бидат голтнати од другите, било големи или мали, кое веројатно ќе дојде како последица од нивните меѓусебни караници [2]

Македонска револуционерна организација

Во 90 - тите години на 19 век во Македонија со појавува Македонската револуционерна организација со што се дал нов инпулс на македонското националноослободително движење. Оваа организација целосно застанала зад мотото Македонија на Македонците. Во 1905 година Дамјан Груев во Софија имал средба со Лермонтов. Притоа Д. Груев истакнал дека организацијата дејствува самостојно издигајќија девизата Македонија на Македонците [6], и дека организацијата не сака за ништо судбината на Македонија да ја потчини на интересите на кнежеството. Главна цел на организацијата е автономија на Македонија а не нејзино присоединување кон Бугарија [7].

Извори

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  2. 2,0 2,1 Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
  3. Треба да се истакне дека решението се наоѓа во Arhiva Ministerul Afaceriol Straine Bucuresti Fondul Konstantinopol. Consulat Salonic. 31. VII/12. VIII, 1880, p. 28 - 33, во Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981, мотото се сретнува како Македонија за Македонија додека пак во Практикумот по историја на државите... на д-р Владимир Картов стои Македонија за Македонците... види Практикум по историја на државите и правата на народите во Југославија, Скопје, 1894
  4. Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  5. Љ. Лапе, Одбрани текстови... том два.
  6. Документи за борбата на македонскиот народ. . . т. 1, 325
  7. Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, четврти том, 57.

Предлошка:МРО