Солунски конгрес од 1903 година: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7: Ред 7:


{{Цитатник|''... прашањето (за востание б.н) било наметнато од битолчани, и дека тој не сака да оди за Солун... по Џумајското востание, ситуацијата била затегната во целата земја, дека тоа не може да се толерира како дотогаш, но и дека не треба да се прибегне кон масовно востание, туку да се обмисли нов начин на работа'' <ref name="VG" /> }}
{{Цитатник|''... прашањето (за востание б.н) било наметнато од битолчани, и дека тој не сака да оди за Солун... по Џумајското востание, ситуацијата била затегната во целата земја, дека тоа не може да се толерира како дотогаш, но и дека не треба да се прибегне кон масовно востание, туку да се обмисли нов начин на работа'' <ref name="VG" /> }}

Окружниот комитет на [[Одрин]] го поканил [[Михаил Герџиков]] да присуствува на Конгресот но тој одбил и на негово местобил испратен [[Велко Думев]] кој требало да каже дека не се подготвени за востание. ''Серскиот револуционерен комитет'' побарал мислење од [[Јане Сандански]] по прашањето за востание, а тој од своја страна организирал собир кој се изјаснил против по тоа прашање. Вакви консултации имало и во [[Скопје]], а нивниот делегат [[Димитар Ганчев]] бил задолжен да бара одложување на востанието барем за една година.


== Работа ==
== Работа ==

Преработка од 03:50, 18 јуни 2010

Предлошка:МРО

Солунски конгрес од 1903 заседавал од 2 до 4 јануари (стар стил - четврток, петок и сабота), тој е познат и како Јануарски конгрес. На овој собир била донесена одлуката за кревање на Илинденското востание иако најголемиот дел од видните револуционерни дејци се изјасниле против кревање на востание.

Свикување

Централниот комитет на Иван Гарванов и Задграничното претставништво - Христо Татарчев и Христо Матов кон крајот на ноември 1902 година биле решени за кревање на востание. Затоа Гарванов на 6 јануари 1903 годинастар стил испратил окружно до ЗП, окружните и околиските комитети со кое свикал Конгрес и ги поканил делегатите [1]. Меѓутоа еден дел од делегатите немале доволно време да стигнат на Конгресот и најверојатно тоа било и посакувано од Иван Гарванов [2]. Гоце Делчев бил поканет на Конгресот но неговото појавување било непожелно [1] . По добивањето на поканата Делчев истакнал:

... прашањето (за востание б.н) било наметнато од битолчани, и дека тој не сака да оди за Солун... по Џумајското востание, ситуацијата била затегната во целата земја, дека тоа не може да се толерира како дотогаш, но и дека не треба да се прибегне кон масовно востание, туку да се обмисли нов начин на работа [2]

Окружниот комитет на Одрин го поканил Михаил Герџиков да присуствува на Конгресот но тој одбил и на негово местобил испратен Велко Думев кој требало да каже дека не се подготвени за востание. Серскиот револуционерен комитет побарал мислење од Јане Сандански по прашањето за востание, а тој од своја страна организирал собир кој се изјаснил против по тоа прашање. Вакви консултации имало и во Скопје, а нивниот делегат Димитар Ганчев бил задолжен да бара одложување на востанието барем за една година.

Работа

Конгресот се отвори на 2 јануари, во физикално-математичкиот кабинет на Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун.

Делегати

На конгресот присуствуваа вкупно 17 делегати, сите до еден легални работници. Ц.К. го претставувале: Иван Гарванов, Спас Мартинов и Димитар Мирчев. Делегати станале и двајцата заслужни дејци, тукушто ослободените од неколкугодишно османско заточение, штипските револуционери Христо Поп Коцев и Тодор Лазаров. Главнината ја сочинувале претставници од 12 реони и тоа:

Од Солунскиот револуционерен реон – Иван Сапунаров;

Од Битолскиот – Атанас Лозанчев;

Од Цариградскиот – Никола Петров;

Од Одринскиот – Велко Думев;

Од Серскиот – Лазар Димитров;

Од Скопскиот – Димитар Ганчев;

Од Струмичкиот – Иван Ингилизов;

Од Велешкиот – Тодор Пејков;

Од Радовишкиот – Георги Варналиев;

Од Гевгелискиот – Никола Хрлев;

Од Кукушкиот – Христо Влахов;

Од Воденскиот – Димитар Занешев.

Не пристигнале поканетите претставници на Штипскиот револуционерен округ и на Тиквешката револуционерна околија. Посебно биле поканети Гоце Делчев и Глигор Стефанов Попев, кои не присуствувале на Конгресот. За претседател на Конгресот бил избран Иван Гарванов, претседател на Централниот комитет, а за секретар Димитар Мирчев.

Третото заседание

На третото заседание, на 4 јануари, кое траеше само час и половина се прифати и потпиша ПРОТОКОЛОТ за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјасни само серскиот делегат Л.Димитров, но на крајот и тој се присоедини кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Дим.Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието „бар на една година“, исто го потпиша затоа што „и другите потпишале“.

Во протоколот се говори за „претставници на реони“, кога некои од делегатите не претставуваат одделни реони туку цели револуционерни окрузи. На конгресот отсуствуваат творците на Организацијата. Од нив Д.Груев е сѐ уште на заточение. Христо Матов, д-р Христо Татарчев и Пере Тошев се амнестирани, но истовремено и „екстернирани“ во Бугарија. Во Софија во тоа време се наоѓа и Гоце Делчев.

Нај важниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – беше до извесен степен демантиран од уверувањата на Иван Гарванов, дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од Бугарија ќе префрлат значително количество пушки и други материјали.

По донесување на решението за востание од страна на Солунскиот – Јануарски конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието.

На тој начин црелокупниот организационен механизам на ВМРО бил ставен во движење.

Извори

  1. 1,0 1,1 Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995
  2. 2,0 2,1 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет