Централен комитет на МРО: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{МРО}}
'''Централниот комитет на МРО''' е највисокиот одлучувачки орган на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] помеѓу два конгреса. Членови на Централниот комитет се:
'''Централниот комитет на МРО''' е највисокиот одлучувачки орган на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] помеѓу два конгреса. Членови на Централниот комитет се:



Преработка од 19:24, 15 јуни 2010

Предлошка:МРО Централниот комитет на МРО е највисокиот одлучувачки орган на Македонската револуционерна организација помеѓу два конгреса. Членови на Централниот комитет се:

  • претседателот
  • секретар
  • касиер
  • тројца членови - советници
  • задграничните преставници [1]

Права и должности на Централниот комитет

  • Централниот комитет го утврдува предлогот за Уставот, Статутот и другите нормативни акти како што е правилникот за четите
  • Централниот Комитет ги избира и разрешува претседатели, секретарите, и членови на управните тела на месните комитети, а во вонредни околности ЦК има право раководството во окрузите или околиите да го довери на едно внатрешно или однадвор назначено лице. Окружните комитети го потврдуваат раководството на околиските комитети, а тие на селските комитети [2]
  • се грижи за реализирање на задачите утврдени на конгресот.
  • утврдува идејно-политички задачи.
  • дава иницијативи за разгледување на определени прашања на Конгресот.
  • дава политички насоки за делување на комитетите.
  • врши верификација на мандатите на членовите на Централниот комитет.
  • го разгледува финансиското работење на организацијата.
  • врши измена и доплонување на статутот и другите норамативни акти, меѓу два конгреса.
  • на предлог на претседателот на организацијата, се формира организационен одбор и други тела за подготовка на Конгрес.
  • донесува одлуки и други акти од својата надлежност - за да се изврши смртна казна требало дозвла од ЦК.
  • формира и други комисии и тела - смртната казна можела да биде извршена и од специјално пратеништво на ЦК [3].

Работа на Централниот комитет

  • Седниците на Централниот комитет ги свикува претседателот.
  • Седниците се одржуваат по потреба.
  • Покана за седница се испраќа на сите членови на Централниот комитет.
  • Со исклучок, во итни случаи, Претседателот на ЦК може да свика седница на Централниот комитет без да се консултира со останатите членови на ЦК, а дневниот ред за работа да го предложи на самата седница.

Извори

  1. По Солунскиот конгрес е донесена одлуката за формирање на задграничното преставништво, нивна задача е да ја преставуваат организацијата пред светот. Треба да се истакне дека по Солунската афера задграничните преставници ги презеле надлежностите на ЦК
  2. Устав на ТМОРО
  3. Прв правилник на Македонската револуционерна организација