Разлика помеѓу преработките на „Битка кај Лепанто“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 453 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
'''Битката кај Лепанто''' е поморска битка која се одвила на [[7 октомври]] [[1571]] година во [[Патраски залив|Патрискиот залив]], во [[Јонско Море|Јонското Море]]. Обединетите сили на [[Света лига (1571)|Светата лига]], во која влегувале [[Шпанија]], [[Република Џенова|Џенова]], Венецијанската[[Венецијанска република|Венеција]], [[Папска држава|Папската држава]], [[Малтешки ред|Малтешкиот ред]], [[Сицилија]], [[Неапол]], [[Војводство Савоја|Савоја]], [[Тоскана]] и [[Парма]] успеале да ја поразат флотата на [[Османлиска империја|Османлиската империја]].
 
== Позадина ==
 
Во [[16 век]] помеѓу морските држави се водела битка за превласт во [[Средоземно Море|Средоземното Море]]. Најголемо било ривалството помеѓу [[Хабсбуршка Шпанија]] и Османлиската империја. Во [[1570]] година султанот [[Селим II]] започнал воен поход, чија цел била да освои островот [[Кипар]] и крајбрежните делови од денешните држави [[Италија]] и [[Шпанија]]. Војната продолжила од [[1570]] до [[1573]] година. Римскиот [[папа Пиј V]] успеал да организира антиосманлиска коалиција составена од Шпанија и Венеција, позната под името [[Света лига (1571)|Светата лига]].
 
== Сили ==
 
Командант на сојузничките флоти бил 24-годишниот [[Хуан Австриски]], вонбрачен син на шпанскиот крал [[Карл V]] и полубрат на [[Филип II од Шпанија]]. Силите на заедничката Светата Лига била претставена од флота која некогаш не била видена дотогаш во [[Европа]]. тааТаа броела повеќе од 300 различни бродови, од кои 108 венецијански галии, 81 шпански галии, 32 галии од папската армија и од другите италијански земји како и 6 галии на Венеција. Вкупниот број на војници бил околу 84 000.
 
Османлиската флота била под команда од Али паша. Вкупниот број на војници бил околу 88 000.
== Битка ==
 
Сојузничката флота ги блокира османлиските бродови во [[Патраски залив|Патрискиот залив]], во Јонското Море. Турскиот командант претпоставил дека силите на сојузниците биле кај островот [[Кефалонија]], а Дон [[Хуан Австриски]] сметал дека Османлиите[[Османлии]]те се во нивната база - [[Лепанто]]. Утрото на [[7 октомври]] [[1571]] година двете флоти, сосема неочекувано и за двете страни, се сретнале кај влезот од заливот, на 60 километри од Лепанто.
 
Битката кај Лепанто го означил крајот на владеењето на османлиската флота во Средоземното Море. Сојузничките флоти не ја искористиле големата победа. Шпанците извршиле десант во [[Тунис]], а Венецијанската република започнала војна во [[Далмација]]. Турскиот султан добил можност да ја врати својата флота и во пролетта следната година, Османлиите изградиле 220 галии. Флотата овој пат била предводена од страна на [[Улуџ Али]].
 
Светата лига се распаднала и во [[март]] [[1573]] година Венеција потпишала договор со Османлиската империја, според кој Кипар бил отстапен на Турците. Турците повторно станале господари на источното Средоземно Море.

Прегледник