Боб Дилан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ta:பாப் டிலான்
с Бот менува: листи -> списоци
Ред 29: Ред 29:
| publisher = BBC news
| publisher = BBC news
| date = 2004-04-11
| date = 2004-04-11
}}</ref> стануваат [[химна|химни]] на [[анти-воено движење|анти-военото движење]] и [[Движењето за Граѓански Права во САД]]. Неговиот последен албум, ''[[Modern Times (Албум на Боб Дилан)|Modern Times]]'', пуштен во продажба на [[29 август]] [[2006]] година, дебитира на американските топ листи како #1, правејќи го Дилан, на возраст од 65 години, најстарата жива личност што успеала да го достигне врвот во САД.<ref>{{cite news
}}</ref> стануваат [[химна|химни]] на [[анти-воено движење|анти-военото движење]] и [[Движењето за Граѓански Права во САД]]. Неговиот последен албум, ''[[Modern Times (Албум на Боб Дилан)|Modern Times]]'', пуштен во продажба на [[29 август]] [[2006]] година, дебитира на американските топ списоци како #1, правејќи го Дилан, на возраст од 65 години, најстарата жива личност што успеала да го достигне врвот во САД.<ref>{{cite news
| url = http://www.abc.net.au/news/newsitems/200609/s1735288.htm
| url = http://www.abc.net.au/news/newsitems/200609/s1735288.htm
| title = Дилан повторно на врвот на 65
| title = Дилан повторно на врвот на 65

Преработка од 20:21, 1 јуни 2010

Боб Дилан
Боб Дилан на Универзитетот Св. Лоренс во 1963 година.
Боб Дилан на Универзитетот Св. Лоренс во 1963 година.
Основни податоци
Родено имеРоберт Ален Цимерман
Познат(а) и какоЕлстон Ганнн, Блајнд Бој Грант, Лаки Вилбери, Бу Вилбери, Елмер Џонсон, Сергеј Петров, Џек Фрост
Жанр(ови)Фолк, Рок, Блуз, Кантри
Занимање/њапејач-текстописец, писател, поет, уметник, актер, сценарист, диск џокеј
Инструментивокал, гитара, бас гитара, хармоника, клавијатура, усна хармоника, тапани, харфа
Години на активност1959 - денес
Продукциска куќа/ќиКолумбија
Мрежно местоBobDylan.com

Боб Дилан (роден како Роберт Ален Цимерман на 24 мај 1941) е американски кант-автор, пејач, музичар и поет кој е еден од најголемите авторитети и една од најголемите фигури во областа на популарната музика во периодот на последниве пет децении. Голем дел од најзначајните дела на Дилан датираат од 1960тите, период кога, против своја волја, тој се претвора во неформален хроничар и единствен гласноговорник на Немирот на Млада Америка. Многу од неговите песни, како Blowin' in the Wind и The Times They Are А-Changin', [1] стануваат химни на анти-военото движење и Движењето за Граѓански Права во САД. Неговиот последен албум, Modern Times, пуштен во продажба на 29 август 2006 година, дебитира на американските топ списоци како #1, правејќи го Дилан, на возраст од 65 години, најстарата жива личност што успеала да го достигне врвот во САД.[2]

Раните текстови на Дилан, во себе инкорпорираат политички, философски, социјални и литературни влијанија и мотиви, кршејќи ги сите популарни музички конвенции и правила и станувајќи одбележје на против-културата на неговото време. Дилан, додека ги проширува и персонализира своите музички погледи, секогаш покажува непоколеблива посветеност кон американската традиционална песна, почнувајќи од нејзините корени - фолкот и кантри/блуз тематиката па се до нејзините популарни дострели во рамките на рокенролот и рокабилито; истовремено, Дилан црпи мотиви и од англиската, шкотската и ирската народна музика, од џезот, свингот, Бродвејските мјузикли, хард рокот и госпел музиката.

Песните ги изведува со гитара, синтисајзер и хармоника. Поддржан од музички ансамбл, чиј состав постојано се менува, почнувајќи од 1980тите па се до денес, тој е постојано на таканаречената "Never Ending Tour". Има свирено со огромен број на музички имиња, од типот на Вили Нелсон, Пол Сајмон, The Grateful Dead, Том Пети, Стиви Никс, Брус Спрингстин, The Band, У2, The Rolling Stones, Пети Смит, Џоан Баез, Нил Јанг, Џони Кеш, Ван Морисон, Џорџ Харисон, Ринго Стар и Ерик Клептон. Иако неговите достигнувања како изведувач се централни во развитокот на неговата кариера, неговата работа како текстописец најчесто се издвојува како негов најголем придонес во развитокот на популарната култура .[3]

Досега има повеќепати добено Греми награда, Златен глобус и оскари, а член е и на Рокенрол Куќата на Славните, Нешвиловата Куќа на Славни Текстописци, како и на Куќата на Славни Текстописци. Дилан е именуван како еден од 100 највлијателни луѓе на дваесеттиот век според списанието TIME. Во 2004 година, Боб Дилан го зазема второто место на листата 100 најголеми на сите времиња на списанието Rolling Stone, веднаш зад Битлси [4][5]. Според истото списание, песната на Боб Дилан - Like A Rolling Stone - е избрана за најдобра песна на сите времиња. Дилан неколку пати е номиниран и за Нобелова награда во областа на литературата.[6][7]

Белешки

  1. „Дилан 'го открива потеклото на химната'. BBC news. 2004-04-11. Посетено на 2006-08-04.
  2. „Дилан повторно на врвот на 65“. ABC News. 2006-09-07. Посетено на 2007-05-29.
  3. „Боб Дилан од Џеј Кокс“. TIME. 1999-06-04. Посетено на 2006-08-10.
  4. „Битлси“ на истата листа
  5. Предлошка:Цитирана веб страница.
  6. „Дилан и формално кандидат за Нобелова Награда во Литература“. Expecting Rain. 1996-10-01. Посетено на 2006-10-17.
  7. „Зборовите на Дилан започнуваат дебата за Нобел“. CBS News. 2004-10-06. Посетено на 2006-10-17.

Надворешни врски

Предлошка:Link FA