Симон Дракул: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Дебрани (со користење на HotCat)
с Бот: козметички промени
Ред 21: Ред 21:


[[Категорија:Македонски писатели|Дракул, Симон]]
[[Категорија:Македонски писатели|Дракул, Симон]]
[[Категорија:Лазарополе]]
[[Категорија:Дебрани]]


[[bg:Симон Дракул]]
[[bg:Симон Дракул]]

[[Категорија:Лазарополе]]

[[Категорија:Дебрани]]

Преработка од 08:19, 29 мај 2010

Симон Дракул

Симон Дракул е македонски раскажувач, романсиер, драмски автор, сценарист, историчар, преведувач. Роден е во Лазарополе на 24 септември 1930 година. Починал во Скопје на 11 јануари 1999 година. Гимназија учел во Охрид и во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филозофски науки. Работел во весниците „Млад борец“ и „Нова Македонија“, бил уредник во издавачката куќа „Кочо Рацин“ и директор на драмата во Македонскиот народен театар во Скопје. Член на редакцијата на списанието „Современост“. Бил научен советник во Институтот за национална историја на Македонија. Бил претседател на ДПМ. Член на ДПМ од 1953 година.

Книжевна продукција

  • Планините и далечините (раскази, 1953)
  • Витли во поројот (раскази, 1956)
  • И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957)
  • Белата долина (роман, 1962)
  • Буни (триптих: повест, роман, драма, 1980)
  • Распаќа (раскази, 1985)
  • Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988)
  • Или смрт, тетралогија: Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место (1989), Жедна месечина (роман, 1997), Апостол војводата (монодрама, 1998)

Награди

  • „Кирил Пејчиновиќ“
  • „Рациново признание“

Предлошка:МакЛит