Региони во Франција: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ka, sk, war, zh-min-nan
с Бот: Менува Категорија:Француски региони
Ред 31: Ред 31:
{{Regions of France}}
{{Regions of France}}


[[Категорија:Француски региони| ]]
[[Категорија:Региони во Франција| ]]
[[Категорија:Административна поделба на Франција|Региони]]
[[Категорија:Административна поделба на Франција|Региони]]



Преработка од 13:49, 22 мај 2010

Франција се дели на 26 региони (фр. régions), од кои 21 се континентални, еден е островот Корзика, и четири се прекуморски. Регионите понатаму се делат на меѓу 1 и 8 департмани.

Општи карактеристики

Во континентална Франција (освен Корзика), просечната површина на регион е 25,809 km² (околу површината на Република Македонија), што е една петтина од просечната површина на сојузната држава во САД, и само 4% од просечната површина на една канадска провинција, но за 15% поголема од просечната површина на германска покраина, и за 67% поголема од просечната површина на регион во Англија.

Во 2004, просечниот број на населението во еден француски регион изнесувал 2,329,000 жители, што е малку помалку од половина на просечниот број на населението во еден регион во Англија, малку повеќе од половина од просечниот број на населението во една американска држава, а 3/4 од она на една германска покраина, но повеќе од двојно на она кај една канадска провинција.

Просечниот регион во Франција е сочинет од четири департмани.

Улога

Регионите немаат законодавна автомонима, нити пак можат да донесуваат регулативи. Секој има свои давачки (со поголеми давачки добиваат помал дел буџет од државата) и имаат видни, но не баш големи буџети под управа на регионални совети со номинирани застапници од департманските собранија и главните општини во регионот.

Нивната главна правна задача е да градат и одржуваат средни школи.

Освен овие правни должности, регионите имаат значителни дискрециони трошоци за инфракструктура (образование, јавен транспорт, помош на универзитети и изтражни тела, помош за претприемачи). Заради ова, претседателствувањето на еден богат регион како Ил-де-Франс или Рона-Алпи е прилично високопрофилна функција.

Региони

Видете исто така

Надворешнио врски