Големи Езера: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Додава: new:ग्रेट लेक |
с Бот Додава: yi:גרויסע אזערעס |
||
Ред 109: | Ред 109: | ||
[[vi:Ngũ Đại Hồ]] |
[[vi:Ngũ Đại Hồ]] |
||
[[war:Dagko nga mga Danaw]] |
[[war:Dagko nga mga Danaw]] |
||
[[yi:גרויסע אזערעס]] |
|||
[[zh:五大湖]] |
[[zh:五大湖]] |
||
[[zh-min-nan:Gō͘-toā-ô͘]] |
[[zh-min-nan:Gō͘-toā-ô͘]] |
Преработка од 21:17, 29 април 2010
- Оваа статија е за групата на северноамерикански езера. За африканските езера, видете Африкански големи езера. За други значења видете Големи езера (појаснување).
Големите езера (анг. Great Lakes) е група на пет големи езера во Северна Америка на или блиску до границата помеѓу Канада и САД. Тие се најголемата група на слатководни езера на Земјата. Системот Големи езера-Сент Лоренс е најголемиот слатководен систем во светот. Тие понекогаш се нарекуваат внатрешни мориња.
Езера
Големите езера се:
- Горно Езеро (најголемо по волумен и најдлабоко, поголемо од Шкотска или Јужна Каролина)
- Мичиген (второто најголемо по волумен и трето најголемо по површина; единственото кое се наоѓа само на територијата на САД)
- Хјурон (третото најголемо по волумен; второ најголемо по површина)
- Ири (најмалото по волумен и најтрсковито)
- Онтарио (второто најмало по волумен и најмало по површина, на многу пониска елевација отколку останатите).
Езерата Мичиген и Хјурон, хидролошки поврзани, понекогаш се сметаат за еден ентитет: езеро Мичиген-Хјурон. Заедно, овие езера се поголеми по површина од Горното Езеро, но помали по вкупен воден волумен.
Многу помалото шесто езеро, Сент Клер, е дел од системот на Големите езера и се наоѓа помеѓу езерото Хјурон и Ири, но не се смета за едно од "Големите езера". Овој систем исто така ги вклучува реките кои ги поврзуваат езерата: Сент Мерис помеѓу Горното Езеро и Хјурон, Сент Клер помеѓу Хјурон и езерото Сент Клер, Детроит помеѓу езерото Сент Клер и Ири, и Нијагара и Нијагарините Водопади помеѓу Ири и Онтарио. Езерото Мичиген е поврзано со Хјурон преку протокот Мекинак. Големи острови и еден полуостров го делат Хјурон на самото езеро и Џорџискиот Залив.
Езерата се опколени со териториите на покраината Онтарио (освен езерото Мичиген), потоа сојузните американски држави Минесота, Висконсин, Мичиген (освен езерото Онтарио), Илиноис, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк. Четири од петте езера се протегаат долж границата меѓу САД и Канада; петтото езеро Мичиген е целосно на територијата на САД. Реката Сент Лоренс, која ја обележува истата меѓународна граница во еден дел од својот тек, е примарен излез на овие поврзани езера и тече низ Квебек, го поминува полуостровот Гаспе и се влева во Атлантскиот Океан.
Има околу 35,000 Големоезерски Острови распрскани низ езерата, вклучувајќи ги островот Манитулин во езерото Хјурон, најголемиот остров во било која копнена водена површина на Земјата, и островот Ројал во Горното Езеро, најголемиот остров во најголемото езеро.
|