Ѕвездено време: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ru:Звёздное время; козметички промени
с Бот: козметички промени
Ред 14: Ред 14:


{{Време}}
{{Време}}



[[Категорија:Временски единици]]
[[Категорија:Временски единици]]

Преработка од 11:43, 18 април 2010

Сидерално време е мерка за позицијата на Земјата при нејзината ротација околу својата оска, или мерка за време преку очигледното дневно движење на пролетната рамноденица, што е многу блиску но не сосема исто со движењето на ѕвездите. Се разликуваат по прецесијата на пролетната рамноденица во десното искачување во однос на ѕвездите.
Земјениот сидерален ден исто така се разликува од периодот на ротација во однос на позадината од ѕвезди според износот на прецесија во десното искачување во текот на еден ден (8,4 мс).[1] Неговата средна вредност на Ј2000 е 23ч56м4,090530833с.[2] Етимологијата на терминот доаѓа од латинскиот збор „sidereus“, sidus, sider- = ѕвезда. Според тоа, значењето на овој термин е мерење на времето во однос на позицијата на ѕвездите.

Дефиниција

Сидералното време се дефинира како часовен агол на пролетната рамноденица. Кога меридијанот на пролетната рамноденица е директно над земјата, локалното сидерално време е 00:00. Сидералното време на Гринич е часовен агол на пролетната рамноденица на меридијанот на Гринич, Англија; локалните вредности се разликуваат според лонгитудата. Кога ќе се придвижиме по лонгитудата 15° источно, сидералното време се зголемува за еден час.

За разлика од пресметувањето на соларното време, овде разликите прецизно се сметаат, не во цели часови. Сидералното време на Гринич и UT1 се разликуваат едно од друго со постојана вредност (ГСТ = 1.00273790935 × UT1).[3] Сидералното време се користи во астрономските опсерватории, бидејќи сидералното време овозможува да се пресмета кои астрономски објекти ќе бидат видливи во одредено време.


Референци

  1. Seidelmann, p. 48.
  2. Aoki, S., B. Guinot, G. H. Kaplan, H. Kinoshita, D. D. McCarthy and P. K. Seidelmann: "Нова дефиниција на универзалното време". Астрономија и Астрофизика 105(2), 359-361, 1982.
  3. Seidelmann, pp. 52 и 698.