Сварог: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 8 бајти ,  пред 12 години
с
Бот: козметички промени
с (Бот додава Шаблон: Без извори)
с (Бот: козметички промени)
Очигледно е дека Русите се колнеле во еден бог што е поставен пред Перун. Кое е името на тој безимен бог? Според Ипатиевскиот летопис од [[11 век]], името на тој бог е Сварог. Тој е татко на Сонцето-цар, [[Дажбог]]. Етимологијата на Свароговото име е утврдена и неговиот корен го наоѓаме во [[санскрит]]скиот збор за небо - svarga. Буквално, Сварог значи `небесен`.
 
== Сварог во христијанството ==
 
Иако во скриена и замаглена форма, остатоци од Свароговиот култ се задржани до денешен ден кај сите словенски народи. Обично се смета дека, барем во некоја мера, тој 'преживеал` во народното сфаќање за христијанскиот Господ Бог. Познато е дека кај Источните [[Словени]], неговите функции се пренесени на Свети Кузмодемјан, кој претставува народен спој од имињата на христијанските светци Козма и Дамјан. Таму '''Свети Кузмодемјан''' се јавува и како заштитник на бракот. Понекогаш во песните се спомнува и под името Свети Кузма.
Занимливо е како во своите обредни песни, народот овој светец го ословувал и како бог. Тој е ставен во ист ред и со Пречистата Мајчица (очигледно - [[Богородица]]), а израмнет е и со [[Исус Христос]], така што тој, а не Исус, е повикан да дојде со своите апостоли. Тој е повикуван и да ја 'скове` (направи) свадбата, со што се потврдува и како покровител на ковачкиот занает и бракот. Видливи остатоци од култот кон неговиот син Сварожич останале и до денешен ден и тоа во прилично жива форма. Тоа, пред сѐ, се однесува на празнувањето на [[Божик]] и палењето големи коледарски огнови, ако се знае дека во источнословенските записи, Сварожич се јавува како и како бог на огнот. Воочлива е и паралелата '''Бог-Божиќ''', '''Сварог-Сварожич''', а се претпоставува дека и самото име на празникот Божик (Божиќ, Божич) има претхристијанско потекло. Драгоцени податоци имаме и од фолклорните материјали собрани во [[19 век]], каде што наоѓаме и божикни песни, во кои се говори за раѓањето на 'Бела Бога', што асоцира на [[Белобог]], едно од имињата на богот на светлината и огнот. Со името на Сварог се поврзани некои локалитети, кои зборуваат за неговиот култ. Такви се, на пример, Сварожин и Сваришево во [[Полска]]. Како единствен на [[Балкан]]от, го среќаваме топонимот Сварог во бугарското село Ракита, Брезнишко. Станува збор за една височинка покрај река.
 
== Сварожиќ ==
'''Сварожиќ''' според повеќето извори бил бог на сонцето, персонификација на огнот, а некаде и бог на ветриштата. Според старите извори Словените му се молеле на огнот именувајќи го со името Сварожиќ. Деминутивниот облик веројатно следел по верувањата дека е тој син на Сварог, за што кај [[Русија|Русите]] постојат и пишани податоци. Кај [[Јужни Словени|Јужните Словени]] името на Сварог се задржало во некои коледарски божиќни песни каде во прославите на раѓањето на новото сонце дошло до блага идентификација на Сварожиќ и раѓањето на малиот христијански бог. Меѓу словенските народи се појавува и идентификација помеѓу Сварожиќ и Дажбог, но и можноста и двата да се синовите на Сварог.
 
== Литература ==
 
* ''Vasiljev, Spasoje'': "Slovenska mitologija"
* ''Б. А. Рыбаков'': "Язычество древних славян"
* ''Zaroff, Roman'': Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?
* ''Калоянов, Анчо:'' Старобългарското езичество
* {{цитирана книга
| last = Стојковска
| first = Гордана
941.847

уредувања

Прегледник