Специјален природен резерват Гоч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Источната страна на планината Гоч

Специјалниот природен резерват Гоч ја опфаќа самата планина Гоч и областа околу неа. Врз основа на Уредбата на Владата на Република Србија бр. 2981, во 2014 година, шумскиот комплекс Гоч-Гвоздац бил прогласен во категоријата Специјален природен резерват.[1]

Географска положба[уреди | уреди извор]

Планинскиот масив Гоч се протега помеѓу реките Ибар и Западна Морава, 30 километри југоисточно од Краљево и 202 км од Белград. Неговата надморска височина се движи помеѓу 300 и 1.154 метри. Од источната страна е покриен со богати и убави шуми, а на запад целиот е гол и каменест. На север овој масив е поврзан со планината Столови, а на југ се потпира на масивот Копаоник. Политички припаѓа на две општини-Краљево и Врњачка Бања. Планинскиот масив Гоч на територијата на општина Краљево е застапен со делови од сливот на Гвоздачка река и реката Сокоља.

Печурки[уреди | уреди извор]

Гоч печурките се посебна приказна. Ваква разновидност на видови е многу тешко да се најде на релативно мал простор. Поради оддалечените населби и патишта од резерватот Гоч има многу видови на печурки, но не само печурки туку и други растенија и животни.

Фауна и флора[уреди | уреди извор]

Гочко езеро

Според некои податоци, Гоч има 40 проценти од вкупната балканска флора и фауна. На Гоч може да се најдат повеќе лековити и јадливи растенија отколку на Копаоник, Златибор и Тара заедно. Благодарение на природните одлики, пред се зачувувањето на биолошката разновидност и шумските заедници, како и убавината на пределот, поволната клима, богатството на реки и создадените вредности, планината Гоч целосно ги исполнува условите за заштита како Специјален природен резерват. На поширокото подрачје на Гоч се пронајдени 27 видови цицачи. Во Гроздачка и Брезанска река, како и на поширокиот простор на Гоч, живее видра која е заштитена со закон како природна реткост. Овој вид е показател на незагаденоста на водата и богатството на ихтиофауната. Таа е означена како ранлива на европската и светската Црвена листа.

Видра[уреди | уреди извор]

Видра, вид од семејството на куни, исклучително прилагодена за живот во слатки вода. Тие се познати како многу вешти пливачи. Видрите имаат густо и многу подвижно тело. Нивната структура на телото е исклучително способна за нуркање. Тие можат да издржат исклучително долго во вода, а користат остри и силни заби за да го ловат пленот.  

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Специјални резерват природе „Гоч-Гвоздац". Шумарски факултет. Посетено на 24. 1. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)