Спектакуларниот Спајдермен (Тв серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Спектакуларниот Спајдермен
The Spectacular Spider-Man
[[File:‎|frameless|upright=1.13]]
Создадена од Стен Ли и Стив Дитко - Направено за телевизија од Виктор Кук и Грег Вејсмен
Улоги Џош Китон
Питер МекНикол
Џејмс Арнолд Тејлор
Лејсли Чебрт
Ванеса Маршал
Дебора Стреинг
Даран Норис
Ди Бредли Бејкер
Бенџамин Дискин
Кри Самер
Греј ДиЛајсли
Алана Убејч
Кејт Сојуз
Фил Ла Мар
Земја на потекло САД
Бр. на епизоди 26 (список на епизоди)
Продукција
Времетраење 30 минути
Прикажување
Првична мрежа The CW (Kids WB!) 8 март, 2008 - 17 мај, 2008
The CW (The CW4Kids) 24 мај, 2008 - денес
Првично прикажување 8 март, 2008 – денес
Надворешни врски
Мрежна страница sonypictures.com/tv/kids/spectacularspiderman

Спектакуларниот Спајдермен (оригинално Спектакуларниот Спајдермен Анимирана серија) е американска анимирана серија базирана на Marvel Comics ликот Спајдермен направена и овозможена за телевизја од Виктор Кук и Грег Вејсмен. Премиерно е покажана на 8 март, 2008[1] на The CW. Моментално се прикажува на Kids' WB! помошникот, The CW4Kids. Кај нас сосема непознато се појави првата епизода на А1 на 8 ноември 2008 без никакви најави.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Прва сезона[уреди | уреди извор]

Во првата сезона се запознаваме со Питер Паркер кој веќе ги има добиено своите моќи. Сезоната започнува веднаш по летниот распуст. Важни работи од оригиналниот Спајдермен што во оваа сезона се имаат случено се: Питер Паркер е пријател со прекрасната русокоса Гвен Стејси и синот на милионерот Норман Озборн, Хари Озборн. Тој се вработува и во Дневниот Трубач и работи за Џ. Џохан Џејмсон. Во оваа сезона исто така ја запознава и Мери Џејн Ватсон. Тој е непријател со Флеш Томпсон и Еди Брок му е пријател кој го смета за поголем брат. Живее со тетка му Меј и е Спајдермен. Во оваа сезона го запознава Зелениот Гоблин, Доктор Октопус и Веном кои се издвоени како најважни меѓу другите. Зелениот Гоблин е Хари Озборн како и во оригиналот и Веном е Еди Брок исто така. Питер оваа сезона исто така доаѓа и до црната супстанца која доведува до неговиот црн костим. На крајот на сезоната Питер наоѓа начин да ја победи црната супстанца и да ја заклучи на безбедно. Питер на почетокот е пријател со Еди но откако Еди ќе дознае дека Питер го сликал Спајдермен како ја краде супстанцата а не го пријавил во полиција Еди збеснува. А кога поради ова Еди е и избркан од работа станува гневен на Питер и супстанцата го заразува него што доведува до неговата трансформација во Веном. Питер буди чувства кон Мери Џејн без да забележи дека Гвен Стејси е луда по него. Врската помеѓу Мери и Питер во оваа сезона не се изразува премногу како врската помеѓу Питер и Гвен. На крајот од сезоната Гвен решава повеќе да не ги крие чувствата и страствено го бакнува Питер. Со овој бакнеж Питер сфаќа колку му значела Гвен.

Втора сезона[уреди | уреди извор]

Во оваа сезона Питер е во потрага по Веном и решава да открие што се случува помеѓу него и Гвен но овој пат популарната навивачка Лиз Ален буди чувства кон Питер. Норман Озборн исто така се појавува во оваа сезона повеќе но сѐ уште нема трага од Хари.

  1. Comics Continuum by Rob Allstetter: 30 јануари, 2008