Прејди на содржината

Спајк Ли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спајк Ли
Спајк Ли во 2018 на Кански филмски фестивал
Роден(а)Шелтон Џексон Ли
20 март 1957(1957-03-20)(67 г.)
Атланта, Џорџија, САД
Занимање
  • Режисер
  • глумец
Активен период1977–денес
Во одбор на40 Acres and a Mule Filmworks
СопружникТоња Луис (в. 1993)
Деца2
РодителиБил Ли

Шелтон Џексон Ли (Англиски: Shelton Jackson Lee; роден на 20 март 1957 година) познат како Спајк Ли ― американски режисер и глумец.

Во своите дела Ли постојано ги истражува расните односи, проблемите во црнечката заедница, улогата на медиумите во современиот живот, урбаниот криминал и сиромаштијата и други политички прашања. За својата работа добил многу признанија, меѓу кои Оскар, Награда од студентската академија, две Primetime Emmy награди, БАФТА награда и две Peabody награди. Во 2002 година, исто така, добил почесна награда БАФТА, во 2003 година почесен Цезар, во 2019 година почесна награда од Академијата, а добил и Гала награда од Филмското друштво при Линколн центарот и наградата Дороти и Лилијан Гиш.[1][2]

Неговата продуцентска куќа, 40 Acres and a Mule Filmworks, од 1983 година продуцирала преку 35 филмови. Негов прв филм како режисер бил „Таа мора да го има“ (She's Gotta Have It) (1986). Оттогаш напишал сценарио и режирал повеќе филмови како „Школски денови“ (School Daze) (1988), Постапувај исправно (1989), Уште подобар блуз (Mo' Better Blues) (1990), Треска во џунглата (Jungle Fever) (1991), Малком X (1992), Crooklyn (1994), Clockers ( 1995), 25-тиот час (2002), Човек Одвнатре (Inside Man) (2006), Chi-Raq (2015), Црн член на Кју Клукс Клан (2018) и Da 5 Bloods (2020). Ли исто така глумел во единаесет од неговите играни филмови. Со неговите филмови се пробиле и добиле позитивни критики глумци како Дензел Вашингтон, Лоренс Фишбурн, Семјуел Л. Џексон, Џанкарло Еспосито, Рози Перес, Делрој Линдо и Џон Дејвид Вашингтон.

Неговите филмови Постапувај исправно, Малком X, 4 девојчиња (4 Little Girls) и Таа мора да го има (She's Gotta Have It) биле избрани од Конгресната библиотека за зачувување во Националниот филмски регистар поради тоа што се „културно, историски или естетски значајни“.[3][4][5]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Шелтон Џексон Ли е роден во Атланта, Џорџија, син на Жаклин Керол, учителка по уметност, и Вилијам Џејмс Едвард Ли III, џез-музичар и композитор. Ли има три помали браќа и сестри, Џои, Дејвид и Синке, и сите тие работеле на филмовите на Ли. Кога бил дете, неговото семејство се преселило од Атланта во Бруклин, Њујорк. Мајка му во детството му го дала прекарот „Спајк“. Завршил средно училиште во Бруклин.

Дипломирал на Тиш школата за уметност при Универзитетот во Њујорк.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Spike Lee wins $300,000 Gish Prize“. BBC News. Посетено на April 30, 2014.
  2. „Spike Lee awarded $300,000 Gish Prize“. Los Angeles Times. Посетено на April 30, 2014.
  3. „CNN - U.S. film registry adds 25 new titles - November 16, 1999“. www.cnn.com.
  4. „Spike Lee's 'Malcolm X' among 25 film registry picks“. January 3, 2011.
  5. . New York, NY. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  6. „SHELTON "SPIKE" LEE '79“. Morehouse College. April 9, 2012. Архивирано од изворникот на May 6, 2012. Посетено на April 9, 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]