Спас Хаџи Поповиќ
| Спас Хаџи Поповиќ Спасоје Хаџи Поповић | ||
| Роден | 18 август 1878
Буф, Отоманско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 3 јули 1926 (возр. 47) Битола, Кралство СХС | |
| Занимање | новинар, учител | |
Спасое Хаџи Поповиќ (роден: Спас Василев Хаџи Попов; српски: Спасоје Хаџи Поповић) (Буф, 18 август 1878 – Битола, 3 јули 1926) — србомански новинар и учител од Леринско, добротвор на друштвото „Св. Сава“, деец на српската пропаганда во Македонија.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]
Хаџи Поповиќ е роден на 18 август 1878 г. во леринското село Буф, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Според некои сознанија, неговото родно име било Сотир и тој е потомок на поп Константин Буфски. Таткото на Спас, хаџи Василиј ја прифатил српската пропаганда и го пратил својот син да учи во српските училишта во Битола и Скопје. За кратко учи во Сомбор и Јагодина, а завршува педагошко училиште во Пакрац и Алексинац во 1904 г. Следната 1905 г. бил назначен за учител и предавал во селата Кривеље и Долна Бела Река, а подоцна и во Долна Трешњица, Ново Корито и Крупац.[2] Откако Вардарскиот дел на Македонија паднал под српска власт по крајот на Втората балканска војна (1913), тој станал српски учител во Прилеп. Заедно со српската војска и администрација се извлекол на островот Крф кон крајот на 1915 г. Тој бил и државен стипендист во Марсеј во 1916–1918 г.

По крајот на Првата светска војна се враќа како српски учител во Прилеп. Во 1921 г. се преселил во Битола, каде што основал сопствен весник - „Јужна Звезда“, кој го пропагирал србизмот во Македонија. Спас бил осуден на смрт од ВМРО и е убиен на 3 јули 1926 г. на Широк Сокак, на аголот со денешната улица „Елпида Караманди“, спроти тогашното фотографско ателје на Папакоч. Претходно, тој преживеал два неуспешени атентати, од кои едниот бил извршен на 13 ноември 1924 г.[3] Според истрагата, организатор на убиството бил Крсте Љондев, кој е убиен во 1928 г.[4][5][6][7] по судски процес против него. Како извршители се осомничени Лазар Мулев и Коста Бичинов, кои побегнале во Албанија.[1][8]
По убиството, властите ги затвараат и соработниците Васил Липитков од Љубетино, Никола Динев Абдураманов од Пателе, Димитар Јуруков од Битола, Фидан Мојсов од Кукуречани и Павле Стојанов од Желево. Осудени се на смрт и стрелани на 21 јуни 1928 година во с. Горно Оризари, Битолско.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Литовски, Александар (2015). „Прилог за убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола во 1926 година“ (PDF). Прилози на Македонското научно друштво - Битола. IX (19–20). ISSN 0420-0950. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-08. Посетено на 14 септември 2025.
- 1 2 Хаџи Васиљевић, Јован (1927). „Спасоје Хаџи Поповић“. Браство. XXI. Београд: Поменик Друштва Светога Саве. стр. 322–323.
- ↑ Миленовић, Миомир, уред. (14 ноември 1924) [XXI]. „Атентат у Битољу“. Политика (5948): 4.
- ↑ Албум-алманах „Македония“, София, 1931, стр.37
- ↑ Куманов, Милен. Македония. Кратък исторически справочник. София, 1993, стр. 262.
- ↑ Пановски, Доне. Буф и Буфчани. Битола, 1998, 72-75.
- ↑ Миновски, Никола. Селото Буф. Битола, 2006, 203-205.
- ↑ Спомени на Георги Попхристов
- ↑ Петровъ, Ср. (ноември 1941). „Поменъ за петима българи мѫченици въ Битоля“. Илюстрация Илинден. 13 (9 (129)): 9.