Прејди на содржината

Спасен Каранфиловски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Спасен Станков Каранфиловски ( 1923 во П’клиште 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Израснал во земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште, се занимавал со земјоделство. На 1 јуни 1944 година, тој стапил во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во повеќе борби против бугарскиот и германскиот окупатор. Учествувал во успешниот напад на бригадата на затворот во Идризово за ослободување на политичките затвореници, потоа во борбите против Германците и нивните возови на железничката линија Скопје - Велес. Кон крајот на октомври 1944 година, во една борба против балистите, на теренот покрај Треска, храбро загинал. Бил закопан на местото на загинувањето.[1]

  1. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 202. На |first= му недостасува |last= (help)