Соња Лапатанов
Соња Лопатанов | |
---|---|
Роден/а | 16 септември 1948 Битола, Македонија |
Занимање | Балерина, писател |
Жанр | патописи |
Соња Лапатанов (Битола, 16 септември 1948) - поранешна позната српска балерина, денес не помалку позната патничка и авторка на неколку книги со патописна проза.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Соња Лапатанов потекнува од руско емигрантско семејство. Нејзиниот дедо Пјотр Лапатанов бил дерматовенеролог. Пред налетот на болшевиците во 1921 година, од Одеса, преку Истанбул, пристигнал во Кралството Југославија, каде што кралот Александар примил руска емиграција. Преку Котор и служејќи во многу гарнизони, со семејството пристигнал во Белград, каде што бил воен лекар и еден од основачите на Воената болница. Таткото на Соња, Николај Лапатанов, исто така дерматовенеролог, бил депортиран како германски затвореник во Атина на почетокот на Втората светска војна, каде ја запознал својата идна сопруга, мајката на Соња, Јохана Марија, Германка од Берлин. По војната, Николај Лапатанов со сопругата се преселиле во Битола на служба, каде што им се родила ќерката Соња на 16 септември 1948 година. Следните пет години семејството ги поминало во Битола, подоцна се преселиле во Ниш, а оттаму во Белград, каде што живееле родителите на Николај. Таа пораснала во семејна куќа во центарот на Белград, која подоцна комунистите ја срушиле и ја изградиле зградата во која живее денес.[1]
Балет
[уреди | уреди извор]Соња Лапатанов како дете била исклучително темпераментно дете. За да го канализираат тој нескротлив темперамент, нејзините родители по совет на пријател ја запишале во балетско училиште. Тие верувале дека тоа ќе биде само чекор во образованието и дека кога ќе дојде време, таа ќе ја продолжи семејната традиција и ќе стане лекар. Сепак, балетот станува нејзина животна определба. По завршувањето на гимназијата и балетското училиште „Лујо Давичо“ во Белград, таа станува постојан член на балетот на Народниот театар, каде настапува како истакнат солист во претставите на актуелниот репертоар. Во 1973 година настапува на Дубровничките летни игри во трупата на Морис Бежар, во балетската претстава Ромео и Јулија на Хектор Берлиоз,[2] а во 1977 година, како стипендист на советската влада, заминала во Москва да студира на Државната академија за театарска уметност (ГИТИС), каде се стекнала со звање дипломиран балетски педагог и кореограф. После тоа, стажирала во театарот Бољшој. Враќајќи се во Белград, покрај активната глума, се посветува на кореографијата, во која постигнува забележителни успеси, поставувајќи нови стандарди на ова поле.[3] Бидејќи била особено заинтересирана за модерното изразување во балетот, во 1984 година заминала на школување во Њујорк, во Пепси Бетел Американскиот автентични џез денс театар, каде што го проширила своето знаење во областа на мјузиклите.[1] Како кореограф соработувала со многу естрадни ѕвезди, меѓу кои најпознати се Лепа Брена и Драгана Мирковиќ.[4]
Соња Лапатанов на 42 години се пензионирала и се повлекла од сцената.[1] Уште еднаш се вратила на сцената во 2015 година во шоуто Јас можам сè.[4]
Денес е генерален секретар на Белградската секција на Меѓународниот совет за игри (ЦИД УНЕСКО секција Белград). Член е на Здружението на балетски уметници на Србија (УБУС), на чие чело била од 2004 до 2012 година, кога била и директор на Фестивалот на кореографски минијатури. Таа е и член на Друштвото на писателите на Србија, како и на Меѓународниот женски клуб во Белград. Во годишната анкета на весникот Блиц, на крајот на 2014 г. година, била вклучена во двесте највлијателни жени во Србија.[3]
Патувања и патописи
[уреди | уреди извор]Во 1990 година Соња Лапатанов почнала интензивно да патува и станала светски патник или како што самата вели страстен глобтротер и адреналински зависник. Пропатувала повеќе од 120 земји и го обиколила речиси целиот свет, а Африка и Азија се нејзините омилени дестинации. Напоредно со овие патувања, таа ја открила и својата дарба за пишување, па почнала да пишува патописи. Своите патописни репортажи најпрво ги објавувала во дневни и неделни весници, а потоа пишувала книги со патописна проза.[3] Нејзината прва книга „Во скутовите на Хималаите“ е преведена на Брајово писмо, а како пример за репортажа е наведен дел од нејзиниот текст за Еквадор во учебник за српски јазик.[5]
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Во скутовите на Хималаите: слики на земји од падините на највисоката планина во светот и од сливот на Меконг: 1996-2003 132188684 (2006)
- Рајски острови : родени од вода и оган, во бесконечноста меѓу небото и земјата - скапоцени камења расфрлани по морињата и океаните: 1994-2007 година 152387852 (2008)
- Мама Африка : лулка на човештвото: 1995-2009 година 175178764 (2010)
- Мудно Маја 193362188 (2012)
- Млечниот Пат на океаните: единство во различноста: патописи од Индонезија 204578316 (2014)
- Зелен континент: калеидоскоп на контраст и сирова убавина: 1996-2010 година 225057548 (2016)
Награди
[уреди | уреди извор]Соња Лапатанов за својот творечки опус има добиено многу значајни југословенски и српски професионални и општествени признанија и награди. Меѓу нив најзначајни се: Стеријината награда, наградата на Културно-просветното друштво од Белград Златниот венец и специјалното признание за врвен придонес во националната култура во Република Србија.[3] Поради нејзините креации во претстави во 1996 година била востановена Стеријана награда за сценско движење.[5]
Покрај наградите за нејзиниот културно-уметнички придонес, таа има добиено и бројни награди за патувања, како што се:
- диплома за летање со балон преку саваната во Танзанија,
- диплома за посета на живеалишта на планински горили во Уганда,
- диплома за минување со брод преку Раковиот Повратник во Атлантикот,
- диплома за четирикратно преминување на Екваторот во близина на Галапагос,
- диплома за посета на 'Ртот Добра Надеж и др.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Đurić, S. (30 април 2015). „Ruska duša i nemačka vrednica - intervju sa Sonjom Lapatanov“. Vesti online. Архивирано од изворникот на 8. 03. 2017. Посетено на 7 март 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ Popović, Rajna (30 јули 2010). „Sonja Lapatanov o putovanju oko sveta“. b92. Посетено на 7 март 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Sonja Lapatanov“. Dereta. Izdavačka kuća Dereta. Посетено на 7 март 2017.
- ↑ 4,0 4,1 Đukić, Deana (7 февруари 2016). „Sonja Lapatanov: Volela bih da pored sebe imam viteza i džentlmena“. Hello! magazin. Посетено на 7 март 2017.
- ↑ 5,0 5,1 Milošević, Irina (8 јануари 2013). „Sonja Lapatanov, balerina, koreograf, putopisac - Živimo u doba Šekspirovog Jaga“. eKapija. Посетено на 7 март 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Sonja Lapatanov: Nisam htela da budem samohrana majka“. Story. 31 мај 2014. Архивирано од изворникот на 10. 03. 2017. Посетено на 7 март 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - Milenković, Jelena (28 септември 2013). „Sonja Lapatanov: U Beninu me je prosio lokalni kralj, odbila sam jer je imao pet žena“. Žena.blic. Посетено на 7 март 2017.
- Lapatanov, Sonja (22 јуни 2013). „Junaci na jeziku“. Novi magazin. Посетено на 7 март 2017.