Сојуз на македонските организации

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сојуз на македонските организации (бугарски: Съюз на македонските организации) — непартиска организација на наследници на македонски емигранти во Бугарија која цели да ги возобнови македонските братства според примерот на Сојузот на македонските емигрантски организации кој постои до 1950-тите години. Организацијата е основана како ВМРО–СМО (Внатрешна македонска револуционерна организација – Сојуз на македонските организации) на 7 јуни 1998 година во Софија од дејци на ВМРО–СМД, предводени од Христо Матов и Иван Татарчев, како и дејци на друштвата „Браќа Миладиновци“ од Софија, „Иван Михајлов“ од Гоце Делчев, „Парашкев Цветков“ од Плевен и фондацијата „Иван Михајлов“. Организацијата си ги поставува истите цели како и ВМРО–СМД: „чување на родовскиот корен и националниот идентитет на македонските Бугари, борба против македонизмот и србокомунизмот“. Дејците на ВМРО–СМО се незадоволни од постепено политизирање на ВМРО–СМД, лошо стопанисување на имотите на организацијата и возобновување на старите македонски друштва. Тие се спротивставуваат на раководството на ВМРО–СМД — Красимир Каракачанов, Анатолиј Величков, Валентин Китанов и други — кое пак ја обвинува ВМРО–СМО за обид за присвојување на имотите на братствата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ВМРО - Съюз на македонските организации“. Архивирано од изворникот на 8 јануари 2011. Посетено на 22 август 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]