Сојуз на борците за обединување на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сојуз на борците за обединување на Македонија (бугарски: Съюз на ратниците за обединение на Македония (СРОМ)) — илегална организација создадена во Пиринска Македонија за борба за обединување на македонскиот народ во една сопствена држава.

Формирање[уреди | уреди извор]

Организацијата е формирана во есента на 1963 година. Создаден бил комитет на чело со Стојан Панделиев Димитров од село Кулата, Петричко, кој тогаш ја извршувал функцијата водител на емисијата на македонски јазик на радио „Софија“. Во тој комитет влегле Стојан Керимидчиев, Димитар Захов, Љупчо Харизанов, Иван Кересански, Димитар Иванов, Иљо Иљовски и други, сите студенти во Софија. Панделиев и Керимидчиев напишале устав и програма на организацијата.[1]

Дејствување[уреди | уреди извор]

Комитет организирал собири на македонски студенти во Софија со цел да го покрене нивното патриотско чувство, да се запознаат меѓу себе и да создадат разграноци на организацијата.

Откривање[уреди | уреди извор]

Пролетта на 1964 година била закажана забава, која требало да се одржи во Македонскиот дом, но тоа било одбиено од управата. Тогаш организаторите успеале да ја обезбедат студентската кантина на „4ти километар“ во Софија. Настанот се одржал на 6 март 1964 година. Се рецитирале стихови на Никола Вапцаров и пееле македонски патриотски песни. Се истакнал студентот по химија Емил Ристосков од градот Свети Врач (Сандански). Ја испеале и македонската химна. Утрото во 6 часот бил уапсен Стојан Панделиев. На 12 мај е уапсен и К. Ангов. Потоа се уапсени и Љубен Вангелов Киров, Стојан Керимидчиев, Лазар Сучев, Димитар Захов, Димитар Иванов, Љупчо Харизанов и други. На процесот, којшто се спровел во месеците јуни и јули, биле осудени Панделиев, Киров и Керимидчиев на 5 и 3 години затвор. Казната ја одлежале во затворот во Стара Загора.[2] Со оваа акција на бугарската милиција и Државна безбедност (ДС) е растурена организацијата и ставен крај на нејзината дејност. По падот на комунизммот во 1989 г. поранешните членови на организаијата активно се вклучиле во новоразгорената борба за национални права на Македонците во Пиринска Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Историја на Македонија (Апологија на македонството) - Георги Радуле, Софија, 2010 година
  2. Кој ја фалсификува историјата - Георги Радуле

Литература[уреди | уреди извор]