Сојомбо (симбол)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Двете верзии на знакот „Сојомбо“.

Знакот „Сојомбо“ е специјален знак во писмото сојомбо кое се користело за запишување на монголскиот јазик. Денес, писмото не се користи за запишување на јазикот, но знакот останал во употреба и станал симбол на Монголија. Знакот „Сојомбо“ може да се види на знамето на Монголија, грбот на Монголија и на голем број официјални документи во државата.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Тетоважа со „сојомбо“.

Знакот е составен од следниве елементи:

  • оган - симбол на вечниот раст, богатство и успех. Трите јазици на пламенот ги претставуваат минатото, иднината и сегашноста.
  • сонце и месечина - симболизираат дека монголската нација ќе постои за навек како што постои вечното сино небо.
  • два триаголника - алудираат на копја или стрели. Тие се насочени надолу и симболизираат пораз на внатрешните и надворешните непријатели.
  • два хоризонтални правоаголника - тие даваат стабилност на формата. Исто така, правоаголниците се симболи за честа и правичноста на народот монголски, било тоа да се на врвот или на дното од општеството.
  • „јин-јанг“ или „арга-билге“ - симбол за меѓусебното надополнување меѓу мажот и жената. За време на социјализмот, знакот се толкувал како две риби и биле симбол на бдеење (рибите не ги затвораат очите).
  • два вертикални правоаголника - често се толкуваат како „ѕидови на тврдина“. Тие симболизираат единство и сила и се поврзано со монголската изрека: „Пријателството на двајца луѓе е појако од камените ѕидови“.[1]

Употреба[уреди | уреди извор]

Знамето на Монголија го користи симболот.

Симболот „Сојомбо“ е на знамето на Монголија уште од 1911 година (освен помеѓу 1921 и 1924 година). Исто така симболот бил грб на државата од 1924 до 1940 и вметнат во грбот повторно во 1992 година. Симболот е присутен во секој дел од општеството во Монголија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Montsame News Agency. Mongolia. 2006, ISBN 9992906278, p. 8

Поврзано[уреди | уреди извор]