Сочински национален парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален парк Сочи
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Orekhovsky waterfall in Sochi.JPG
Ореховски водопад во паркот
МестоРусија Русија
Најблизок градСочи
Површина1.937,37 km²
Воспоставен(а)5. мај 1983 година
Управно телоФедерално државна институција Национален парк Сочи

Сочинскиот национален парк ( руски: Сочинский национальный парк) е еден од националните паркови на Русија, стациониран во Западен Кавказ во близина на градот Сочи, во јужна Русија. [1] Овој парк е втор најстар национален парк во земјата, основан на 5 мај 1983 година. [2]

Топографија[уреди | уреди извор]

Националниот парк Сочи зафаќа површина од 1.937,37 km² и заедно со Западен Кавказ се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Паркот зафаќа голем предел од градот Сочи, кој се протега од границата со Туапсинскиот реон, помеѓу реките Шепси и Магри на северозапад, сè до границата со Република Абхазија, долж реката Псоу на југоисток и помеѓу Црното Море, се до вододелницата кај Големиот Кавказ.

Во рамките на националниот парк Сочи, во неговата околина нема урбани и селски населби, како ни урбаниот дел на градот Сочи. На неговата северна страна се наоѓа Природниот резерват Кавказ.

Историја[уреди | уреди извор]

Националниот парк Сочи е втор најстар национален парк во Русија и е создаден на 5 мај 1983 година. Во националниот парк се спроведува програма за обнова на популацијата на персиските леопарди во дивината. Паркот доби две женки леопарди во 2009 година од Туркменистан и двајца мажјаци во мај 2010 година. Во 2013 година во паркот, за прв пат во Русија, пар персиски леопарди родиле потомство во 2013 година, по педесет години. [3] Нивните потомци биле ослободени во подрачјето на природниот резерват Кавказ. [4] [5]

Растителен и животински свет[уреди | уреди извор]

Паркот изобилува со голем број растителни и животински видови. Според последниот попис, во паркот се наоѓаат : шилестоушест ноќник, мал глувчоушест ноќник, леопард, <a href="https://sr.wikipedia.org/wiki/Nyctalus_lasiopterus" rel="mw:ExtLink" title="Nyctalus lasiopterus" class="cx-link" data-linkid="90">nyctalus lasiopterus</a>, црн штрк, орел кликач , кавкаска дива мачка, сив сокол, смук и многу други. [6]

Од растителни врсти во паркот се попишани : европска тиса, смоква, вилина коса, црн граб, салеп и многу други. [6]

Туризам[уреди | уреди извор]

Во рамките на националниот парк се отворени голем број центри за еколошка едукација. На почетокот на 2005 година беа отворени повеќе од 49 рекреативни објекти, беа изградени 28 патеки и 10 паркиралишта. [7]





Галерија[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. Sochinsky National Park
  2. „Main Page“. Official Website - Sochi National Park. Sochi National Park. Посетено на 17. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „First Persian leopard cubs in 50 years born in Russian breeding center“. United Press International. 19. 7. 2013. Посетено на 21. 7. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. WWF (2009) Flying Turkmen leopards to bring species back to Caucasus. WWF, 23 September 2009
  5. Druzhinin, A. (2010). Iranian leopards make themselves at home in Russia's Sochi. RIA Novosti, 6 May 2010
  6. 6,0 6,1 „Министерство природных ресурсов и экологии Российской Федерации“. Архивирано од изворникот на 27. 2. 2012. Посетено на 21. 5. 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  7. „Министерство природных ресурсов и экологии Российской Федерации“. Архивирано од изворникот на 27. 2. 2012. Посетено на 21. 5. 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]