Социјална Психологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Социјалната психологија е научна дисциплина која што проучува како мислите, чувствата и однесувањето на луѓето се под влијание на актуелното, замисленото или имплицитното присуство на другите.[1] Во оваа дефиниција, под научна се мисли на емипирискиот метод на истражување. Под термините мисли, чувства и однесување се мисли на сите психолошки варијабли кои можат да се мерат кај човекот. Со тврдењето дека туѓото присуство може да е замислено или имплицитно се сугерира дека ние сме подложни на социјално влијание дури тогаш кога никој друг не е присутен, на пример при гледање телевизија или при следење на повнатрешнети културни норми. Социјалните психолози типично го објаснуваат човечкото однесување како резултат на интеракција на ментланите состојби и социјалните ситуации.


Социјалните психолози затоа се справуваат со факторите кои нè водат да се однесуваме на одреден начин во присуство на други лица, и ги следат условите под кои одредени однесувања/акции и чувства се појавуваат. Социјалната психологија се занимава со начинот на кој овие чувства, мисли, верувања, намери и цели се конструираат и како такви психолошки фактори, пак, влијаат врз нашите интеракции со другите.

Социјалната психологија е дисциплина која  традиционално ги поврза психологијата и социологијата. Во текот на годините веднаш по втората Светска Војна имало чести соработки помеѓу психолозите и социолозите.[2] Сепак, двете дисциплини станаа се повеќе специјализирани и изолирани една од друга во последниве години, со социолозите фокусирајќи се на "макро варијабли" (на пример, социјална структура), во многу поголема мера. Сепак, социолошкиот пристапи на социјалната психологија останува важен партнер на психолошки истражувања во оваа област.

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Allport, G. W (1985). „The historical background of social psychology“. Lindzey, G; Aronson, E. The Handbook of Social Psychology. New York: McGraw Hill.  p.5
  2. Sewell, W. H. Some reflections on the golden age of interdisciplinary social psychology. „Annual Review of Sociology“ том  15: 1–17. doi:10.1146/annurev.so.15.080189.000245.