Социјалистичка Зора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Социјалистичка Зора
Насловна страна на Социјалистичка Зора од 7 септември 1920
ТипНеделен, потоа дневен весник
ИздавачКомунистичка партија на Југославија
Јазиксрпски, турски

Социјалистичка Зора бил македонски весник, орган на Обласниот секретаријат на Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти) за Македонија и Стара Србија.

Фериз Бајрам (1880-1965), претседател на комунистичката општина во Скопје 1920 година, и уредник на „Социјалистичка зора“ на турски јазик во Скопје.
Факсимил од насловната страна на весникот

Весникот излегувал во периодот од 10 февруари до 10 декември 1920 година[1]. Во почетокот бил неделен, а од 16 август 1920 станал дневен весник. Излегувал на српски, а потоа од 10 септември и на турски јазик[2]. Биле објавени вкупно 130 броја. Имал цел да ги информира, да ги организира и револуционерно-комунистички да ги воспитува работниците и селаните. Со Обзнаната било забрането и неговото излегување.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 379-382-463;
  2. Д-р Боро Мокров, Збор, печат, време. Зборник трудови од историјата на македонскиот печат, Скопје, 1987, 199-205;
  3. Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 107