Социологија во Русија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Социологија во Русија започна да се развива од почетокот на дваесеттиот век, и покрај официјалната забрана за социологија во Советскиот Сојуз од 1929 до 1956 година и неодамнешна доминација марксизам. И покрај силните поделби од распадот на Советскиот Сојуз, областа на социологијата во Русија сега вклучува над триста универзитетски оддели, приближно триесет списанија и неколку професионални здруженија.

Историја[уреди | уреди извор]

Идејата за утопија значително влијаеше на првите социолошки мислители во Руската Империја.[1] Првиот социолошки оддел во Русија е основан во 1907 година во Психоневролошкиот институт, а со него раководеле Максим Ковалевски и Е. В. де Роберти.[1] Меѓу другите руски социолози од тоа време се наоѓаат Николај Данилевски, Николај Михаиловски, Михаил Туган-Барановски и С. Н. Јужаков.[1]

Во првите моменти по Руската револуција, социологијата започна да напредува во значајните дела на Питирим Сорокин, К. М. Такачева и Николај Бухарин, кој беше главниот претставник на отпорот кон Марксимизмот.[1] После приближно една деценија, може да се каже[1], социологијата постепено се "политизирала, бољшевизирала и, најпосле, стаљинизирала".[1][2] Сепак, Питирим Сорокин бил протеран од Русија 1992 година [3] година. Предавањата на К. М. Тахатар на универзитетот биле забранети во 1924 година.[1] Социологијата била карактеризирана како "буржоаска псевдо-наука" која директно се спротивставува на марксизмот, а нејзините учења (како и самото име), исто така биле забранети.[1] Филозофскиот институт на комунистичка академија за филозофски и социолошки проблеми во 1929 година, ја означил социологијата како "невистинитата наука која ја смислил Огист Конт, а самиот збор социологија не смеел да се користи во марскистичката литератури".[1] Во понатамошниот период од 1930 до 1950 година, таа дисциплината практично престанала да постои во Совјетскиот Сојуз.[2] Дури и кога нејзините учења биле дозволени (не заменета со марксистичката филозофија), не успеала да доминира над марсистичките мислења; од каде во Советскиот Сојуз, поточно целиот Источен блок постои, до одредена мерка, само една социолошка гранка: марксистичка социологија.

После смртта на Јосиф Стаљин и на Дваесеттиот партијски конгрес (1956 година), беа олеснети ограничувањата во областа на социолошкото истражтвање; формирањето на Советското социолошко друштво било дозволено во 1957 година и, конечно, по Дваесет и третиот партиски конгрес (1966 година), социологијата повторно била признаена во Советскиот Сојуз како прифатлива гранка на науката.[4][5] Во текот на 1962 година, било формирано првото руско списание во оваа област, на англиски јазик - „Советска социологија“..[1] Во текот на 1968 година, Институтот за насочени социјални истражувања (подоцна преименуван во Социолошки институт) ја создаде Советската академија на науките.[1]

Сегашност[уреди | уреди извор]

Дури и за време на Советскиот период, постоел голем судир на мислења меѓу руските социолози за тоа дали да се фокусираат на социологијата на Маркс и Ленин, или можеби повеќе на општата наука за социологија. Пристапот на Маркс и Ленин, честопати поддржан од партијата, триумфираше во повеќето случаи до падот на Советскиот Сојуз. Оттогаш, во отсуство на поддршка од институциите, нивниот пристап започнле да го губи својот доминантен статус и тоа довело до видливи поделби и конфликти во рамките на руската социологија. Според Романовски и Тошченко, руските социолози го прошириле својот домен на истражување, во смисла да се занимаваат и со темите и со географија. Во 2009 година, Д. Г. Подвоиски истакнал дека „во денешното руско општество, статусот на социологија е на екстремно ниско ниво“, особено нагласувајќи дека ниту пошироката јавност, ниту политичките критичари не знаат многу за социологијата, ниту пак се грижат за социолошкиот пристап.[6] Во текот на 2012 година, рускиот социолог Виктор Вакстејн објавил статија во која цврсто застанува зад ставот дека руската социологија е во криза. Руските социолози Н. В. Романовски и Т. Тошченко настапувале со помалку песимистични погледи на социологијата во Русија.[7] Тие посочувале дека најголемиот проблем со кој се соочува руската социологија е постоењето на недоволно образовани „псевдо-социолози“ кои, ни повеќе ни помалку, со своите тврдења кои не се темелно истражени, го пренасочуваат целото внимание на медиумите.[7]

Од 2012 година, Русија има над триста универзитетски оддели за социологија и околу 110 советодавни степени.[7] Помеѓу 1989 и 2003 година, дваесет илјади студенти дипломираа на одделите за социологија низ целата земја. Најголемите социолошки конференции во Русија се „All-Russia Sociological“ (може да се преведе како „Социологија од потполно руска гледна точка“) и „ Russian Pathways “ („Руски патишта“).[8] Руското социолошко друштво е основано во 1999 година, иако, според Г. В. Осипов, од 2009 година има неколку алтернативни организации (како што се „Здружението на социолози и демографи“, “Социолошко друштво Ковалевски“, “Друштво на професионални социолози“ ...), и не е сосема јасно кој е соодветниот наследник на „Советската социолошка Организација“(распуштена во 1999 година).[4] Двата најголеми центри за социолошки истражувања се Институтот за социологија и Институтот за социополитички истражувања, и двата се дел од Руската академија на науките.[4] Наградата на М. Колевски е најпрестижната награда за социолошките истражувања во Русија.[4] Постоат околу триесет социолошки списанија објавени во Руција, од који два се објавуваат на англиски јазик: "Sociological Research" ("Социолошко истражување") и "Society and Education" ("Друштво и образување").[7] Помеѓу 1998 и 2006 година, во Русија беа објавени илјадници социолошки книги и монографии, вклучително и неколку речници и социолошки енциклопедии.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Osipov, G. V. (2009). „The Rebirth of Sociology in Russia: How It Actually Developed“. Russian Social Science Review. 50 (6): 80–108. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. 2,0 2,1 Weinberg, Elizabeth Ann (1974). The Development of Sociology in the Soviet Union. Routledge & K. Paul. стр. 8–9. ISBN 978-0-7100-7876-6. Посетено на 10. 9. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Sorokin's Biography“. Архивирано од изворникот на 02. 12. 2015. Посетено на 04. 12. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Osipov, G. V. (2009). "The Rebirth of Sociology in Russia: How It Actually Developed". Russian Social Science Review 50 (6): 80–108.
  5. Weinberg 1974, стр. 11.
  6. Podvoiskii, D. G. "Sociology in Today's Russia". Sociological Research 48 (6): 60–72. doi:10.2753/SOR1061-0154480605
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Romanovsky, N.V.; Zh.T. Toshchenko (2012). "On the Real State of Sociology in Russia: Opposing Vakhshtayn’s Polemics". Global Dialogue 2 (5). Посетено на 10 September 2012.
  8. Vakhshtayn, Victor (2012). "The Lamentable State of Post-Soviet Sociology". Global Dialogue 2 (3). Посетено на 10 September 2012.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]