Софре Марковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Софре Марковски - Чучето
Роден 21 септември, 1921 година
Галичник, Македонија
Починал 16 април, 1945 година
Будровци, кај Врпоље, Хрватска
Почивалиште закопан во заедничка гробница во Будровци

Софре Николов Марковски - Чучето (21 септември 1921 во Галичник16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во родното село, а потоа, есента во 1934 година заминал во Белград на печалба. Таму работел како работник во продавница за зеленчук. Есента во 1936 година заминал во Крагуевац во пиротехничкиот завод, со цел да изучи монтерски занает. Во него останал три години и го усовршил овој занает. Бидејќи ниту во Крагуевац ниту во Белград не можел да најде работа, во септември 1940 година, заминал за Скопје и се вработил во Поштата Скопје 1, како монтер. Окупацијата го затекнала во Скопје на работното место во поштата, но повремено живеел во Кадино Село, за да ја избегне воената обврска во бугарската окупаторска војска. Пролетта 1944 година заминал во НОВ и ПОМ преку Сушица и стапил во Втората македонска ударна бригада. При ослободувањето на Скопје бил во Третата македонска ударна бригада. На Сремскиот фронт заминал како поручник во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Загинал на 16 април 1945 година во Будровци кај Врпоље, каде бил закопан во една заедничка гробница со деветмина други борци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 89. На |first= му недостасува |last= (help)