Софи Шол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Sophie Scholl.jpg
Роден 9 мај 1921
Форхтенберг
Починал 22 февруари 1943(1943-02-22) (воз. 21 г.)
Минхен
Националност Германка

Софија (Софи) Магдалена Шол (германски: Sophia Magdalena Scholl; Форхтенберг, 9 мај 1921Минхен, 22 февруари 1943) била член на тајното здружение Бела ружа кое со ненасилни средства се борело против национал-социјалистичкиот режим во Германија за време на Втората светска војна.[1][2] Софи и нејзиниот брат Ханс биле обвинети и осудени за предавство откако се фатени како делат антивоени летоци на Универзитетот во Минхен. Режимот на власт ги осудил на смрт со гилотина.

Биографија[уреди | уреди извор]

Софи Шол е родена како четврто од шесте деца на Магдалена и Роберт Шол. На возраст од 12 години, Софи се вклучила во Лигата на германски девојки како и повеќето нејзини другарки. нејзиниот ентузијазам преминал во критицизам. Нејзиниот брат Ханс, кој бил член на Хитлерова младина потполно се свртел против Нацистичката партија.[3] Апсењето на нејзините браќа и пријатели во 1937 година заради учество во „Германското движење на младите“, било пресвртница за неа.

Софи Шол била воспитувачка во градинка. На Универзитетот во Минхен се запишала во мај 1942 година, каде студирала биологија и филозофија. Нејзиниот брат собрал околу себе група на пријатели кои се интересирале за уметност, филозофија и теологија, и за заеднички излети. Со време, почнале да расправаат за тоа како би требало човек да се однесува за време на диктатура. Оваа група, под името „Бела ружа“, летото 1942 година изработила 6 политички летоци во кои се советувал германскиот народ пасивно да се спротивставува на нацистите. Софи не учествувала во пишување на летоците, но била вклучена и главна при нивното растурање. Ханс, Софи и нивниот пријател Кристоф Пробст биле уапсени за време на ваква акција, на 18 февруари 1943 година. Судено им било на 21 февруари, а пресудата била изречена наредниот ден, кога и биле погубени на гилотина во 17:00 часот.

На судењето Софи изјавила:

Некој, конечно, мораше да почне. Оно што го напишавме и што го зборувавме, во тоа веруваат и многи други. Другите само не смеат да се изразат како нас.[4]


Од 1970-те години, братот и сестрата Шол во Германија добиле големи јавни признанија како редок пример на храбри Германци кои активно се спротивставиле на нацизмот.

За неа се снимени неколку филмови, меѓу кои Последните денови на Софи Шол

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Scholl, Inge (1983). The White Rose: Munich, 1942–1943. Schultz, Arthur R. (Trans.). Middletown, CT: Wesleyan University Press. стр. 114. ISBN 978-0-8195-6086-5. 
  2. Lisciotto, Carmelo (2007). „Sophie Scholl“. Holocaust Education & Archive Research Team. http://www.holocaustresearchproject.org/revolt/scholl.html. посет. 21 март 2016 г. 
  3. Atwood, Kathryn (2011). Women Heroes of World War II. Chicago: Chicago Review Press. стр. 16. ISBN 9781556529610. 
  4. Simkin, John (јануари 2016). „Sophie Scholl“. Spartacus Educational. http://spartacus-educational.com/GERschollS.htm. посет. 21 март 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]