Софи Тарнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Софи Тарнер
Тарнер на Сан Диего комик-кон интернешенел во 2016 година
Роден(а) 21 февруари 1996 (1996-02-21) (воз. 22 г.)
Нортхемптон, Англија
Занимање Глумица, модел
Активен период 2011–сеуште
Родно место Честертон, Англија

Софи Тарнер (родена на 21 февруари 1996 г.)[1] — англиска глумица.

Тарнер го имала своето професионално актерско деби како Санса Старк во серијата Игра на тронови, која ѝ донела светско признание и пофалби од страна на филмските критичари. За нејзината изведба, таа добила четири номинации за наградата на здружението на глумци за најдобра актерска екипа во драмска серија, како и номинација за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија.[2]

Tарнер глумела во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна (2013), а прва улога во долгометражен филм добила во трилерот Друга јас (2013). Таа исто така глумела во комедијата Едвај смртоносна (2015) и во Икс-мен: Апокалипса (2016).

Кариера[уреди | уреди извор]

Од 2011 година, Тарнер ја играла Санса Старк, млада благородничка, во серијата Игра на тронови. Санса била нејзина прва филмска улога.[1] Таа била охрабрена од нејзината драмска учителка да се пријави на аудиција за улогата,[3] притоа заради улогата ја променила својата боја на коса од руса во костенлива.[4] Во 2012 година, таа била номинирана за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија за нејзината изведба на Санса. Досега, Тарнер се појавила во сите шест емитувани сезони од серијата. Во 2013 година, таа ја добила својата прва улога во долгометражен филм, играјќи главна улога во независниот трилер Друга Јас, базиран на истоимениот роман од Кетрин Макфејл. Таа исто така играла во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна.

Во 2013 година, таа добила улога во комедија Едвај смртоносна, заедно со Хејли Стајнфелд.[5][6] Тарнер била и наратор на кратката приказна на Лев Гросман, Девојката во огледалото во аудиокнигата Опасни жени, која е антологија на кратки приказни кои ги уредил Џорџ Р. Р. Мартин. Тарнер ја играла Џин Греј во научно-фантастичниот филм Икс-мен: Апокалипса, кој бил издаден во мај 2016 година.[7] На 9 мај 2016 година, било објавено дека таа ќе се појави во дел од антологискиот филм Берлин, те сакам, кое е четврто продолжение на франшизата Градови на љубов.[8]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Тарнер со колешката од Игра на тронови, Мејзи Вилијамс (лево) во ноември 2009 година.

Филм[уреди | уреди извор]

Год. Наслов Улога Белешки
2013 Друга јас Феј Делусеј
2015 Едвај смртоносна Хедер
2016 Икс-мен: Апокалипса Џин Греј / Феникс
2016 Сама Пенелопе Постпродукција
2017 Хантсвил Џоузи Се снима

Телевизија[уреди | уреди извор]

Год. Наслов Улога Белешки
2011–сеуште Игра на тронови Санса Старк Главна улога; од сезона 1-сеуште
2013 Тринаесеттата приказна Младата Аделин Марч ТВ филм

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Interview with Sophie Turner“. Winter-is-coming.net. 31 март 2011. http://winter-is-coming.net/2011/03/interview-with-sophie-turner/. посет. 19 септември 2011 г. 
  2. „34th Annual Young Artist Awards“. YoungArtistAwards.org. http://www.youngartistawards.org/noms34.html. посет. 31 март 2013 г. 
  3. Hibberd, James (19 март 2013). „'Game of Thrones': Sophie Turner on fans bashing Sansa“. Entertainment Weekly. http://insidetv.ew.com/2013/03/19/game-of-thrones-sophie-turner/. посет. 19 март 2013 г. 
  4. Nguyen, Hanh (9 јуни 2011). „Game of Thrones' Sophie Turner: Sansa Has Been Manipulated by Joffrey“. TV Guide. http://www.tvguide.com/News/Game-Thrones-Sophie-Turner-1034079.aspx. посет. 19 септември 2011 г. 
  5. „'Game Of Thrones' Star Sophie Turner Joins 'Barely Lethal'“. Deadline. 10 октомври 2013. http://www.deadline.com/2013/10/sophie-turner-barely-lethal-movie/. посет. 4 април 2014 г. 
  6. „Barely Lethal: Score By Acclaimed Composer Mateo Messina Coming Soon, Action-Comedy Film Opens In Theaters May 29“. Film Music Daily. http://filmmusicdaily.com/2015/05/28/barely-lethal-score-mateo-messina-coming-soon/. 
  7. Singer, Bryan (22 јануари 2015). „Bryan Singer on Twitter: Meet our new and brilliant young mutants: @Alexshipppp as #Storm @SophieT as #JeanGrey and @TyeSheridan as #Cyclops. #XmenApocalypse“. Twitter. https://twitter.com/BryanSinger/status/558437540831567872. посет. 22 јануари 2015 г. 
  8. „Cannes: Sophie Turner, Jack Huston Join Anthology Film 'Berlin I Love You'“. The Hollywood Reporter. 9 мај 2016. http://www.hollywoodreporter.com/news/cannes-sophie-turner-jack-huston-891810. посет. 12 мај 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]