Софија Палеолог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Софија (Зоја) Палеолог била втората сопруга на московскиот кнез Иван III (1462—1505) и византиска принцеза од династијата на Палеолози, ќерка на морејскиот деспот Томе (1428—1460) и била братучетка на последниот византиски цар Константин Драгаш (1449—1453).

Потекло и семејство[уреди | уреди извор]

Софија Палеолог била родена во бракот на деспотот Томе Палеолог и Катарина Захарије, кои покрај неа имале барем уште 3 деца:

  • Андреја, територијален морејски деспот;
  • Манојло;
  • Јелена, мажена за српскиот деспот Лазар (1456—1458).

Нејзинот татко бил роден како најмал син (од десет деца) на Манојло II и Јелена Драгаш (ќерка на Константин Драгаш) господар кој владеел со Источна Македонија. По мајчина линија тој бил правнук на кралот на Србија Стефан Дечански (1322-1331) чија ќерка се омажила за севастократот Дејан, и по таа основа е потомок на Немања. Нејзината мајка била ќерка на Центурион II Захариј(1404-1430), последниот ахајски крал.