Софија Карсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Софија Карсон
Софија Карсон во 2017
Роден(а)Софија Дакарет Чар
10 април 1993(1993-04-10)(30 г.)
Форт Лодердејл, Флорида, САД
Алма матерКалифорниски универзитет, Лос Анџелес
Занимање
  • Глумица
  • пејачка
Активен период2012–денес

Софија Дакарет Чар (анг: Sofía Daccarett Char; родена на 10 април 1993 г.) [1] [2] естрадно позната како Софија Карсон (анг: Sofia Carson) ― американска глумица и пејачка. Нејзино прво телевизиско појавување било како гостин во Дизниевата серија Остин и Али. Во 2015 година, ја играла улогата на Еви во Дизниевиот филм „Наследници“ (анг: Descendants), а подоцна ја имала истата улога во неговите продолженија. Глумела и во Нетфликсовата романтична драма Пурпурни срца (Purple Hearts) (2022).

Софија Карсон музичката кариера ја започнала во 2015 година со објавување на саундтрак албумот за Наследници, а истата година го издала синглот „Rotten to the Core“. Во 2016 година, потпишала за Hollywood Records и ја издала нејзината прва соло песна „Love Is the Name“. Во 2022 година, го издала својот прв истоимен студиски албум. Истата година, ја испеала песната „Applause“, песна номинирана за Оскар, напишана од Дајан Ворен за филмот Кажи како жена (Tell It Like a Woman), [3] и со песната настапила на 95-тото доделување на Оскарите.[4]

Детство и младост[уреди | уреди извор]

Софија Карсон е родена како Софија Дакарет Чар во Форт Лодердејл, Флорида,[2] [5] во семејство на исселеници од Колумбија.[1] [6] Софија естрадното име „Карсон“ го зела од нејзината баба по мајка Лораин Карсон.[7]

Основно и средно училиште завршила во Мајами.[5] Потоа се запишала на UCLA, отсек комуникации.[8] [9]

Кариера[уреди | уреди извор]

Карсон во 2017 година

Карсон рекла дека претежно била под влијание на поп музиката и им се восхитува на музичарите кои „раскажуваат приказни преку својата музика“. Навела дека врз неа најмногу влијаеле групите од 20-тиот век како Битлси и современите музичари како Ед Ширан и Тејлор Свифт.[10]

Софија настапила како дел од актерската екипа на саундтракот на „Наследници од 2015 година, кој се искачил на прво место на Билборд 200, на албумот била и нејзината сингл верзија на „Rotten to the Core“.[11] Таа, исто така, пеела на саундтракот за Наследници 2 и Наследници 3, кои стигнале до 6-то и 7-мо место, соодветно, на Билборд 200.[12] [13]

Во интервју во август 2015 година, Карсон изјавила дека работи на својот прв албум.[14] Во март 2016 година, Hollywood Records и Republic Records официјално објавиле дека Карсон потпишала заеднички светски договор за снимање со двете компании. Нејзина прва песна била „Love Is the Name“, препев на „Live Is Life“ од Opus, и била објавена на 8 април 2016 година [15] „Love is the Name“ имала и алтернативна верзија со J Balvin, а за таа верзија било објавено музичко видео со Карсон и Балвин.[16] Карсон објавила промотивен сингл на 26 август 2016 година, под наслов „I'm Gonna Love You“. Во 2015 година, Софија учествувала на парадата за Денот на благодарноста од NBC и на Божиќната прослава на Дизни во Дизни парк.

На 27 јануари 2017 година, таа го издаде својот сингл „Back to Beautiful“ со Алан Вокер, а на 15 февруари 2017 година го објави официјалното музичко видео на YouTube.[17] Во 2018 година, Карсон била гостин на три песни од EDM: „Rumors“ од R3hab, „Different World“ од Алан Вокер и „San Francisco“ на Galantis. [18] [19] [20] По успехот со „Rumors“, Карсон повторно соработувала со R3hab за нејзините следни песни „I Luv U“ [21] и „Miss U More Than U Know“.[22]

На 26 март 2021 година, Карсон ја објавила песната „Fool's Gold“, продуцирана од Stargate и Џеф Џонс.[23] На 2 септември 2021 година, Карсон ја издала песната „Glowin' Up“ како дел од саундтракот на My Little Pony: A New Generation.[24] Во март 2022 година, го издала нејзиниот прв студиски албум, Sofia Carson.[25] Карсон, заедно со Дајан Ворен ја извеле нивната балада „Applause“ од филмот Tell It Like a Woman на доделувањето на Оскарите во 2023 година, каде што била номинирана за најдобра оригинална песна. [26] [27]

Телевизија и филм[уреди | уреди извор]

Карсон на наградите Златен глобус во 2020 година.

Актерската кариера Софија Карсон ја започнала во 2014 година кога гостувала како Челзи во серијата од Дизни каналот, Остин и Али. Неколку месеци подоцна, Карсон била избрана да го глуми ликот на Солеил во серијата од MTV <i id="mwuw">Faking It</i>. Во 2014 година, била избрана за главната улога во оригиналниот филм на Дизни каналот, Наследници,[28] во кој ја игра Еви, ќерката на Злобната кралица од Снежана.[29] [30]

На 9 јануари 2015 година, Карсон била избрана за главна улога во оригиналниот филм на Дизни каналот, Adventures in Babysitting.[31] Во март 2016 година, Карсон ја добила главната улога во четвртиот дел од серијата Приказна за Пепелашка, Приказна за Пепелашка: Ако чевличето одговара, во режија на Мишел Џонстон и продуцирана од Дилан Селерс.[32] [33]

Во 2017, Софија Карсон повторно ја глумела Еви во Наследници 2; [34] [35] за улогата била номинирана за наградата Imagen за најдобра споредна женска улога.[36] Карсон ја глумела Слоун Силвер во втората сезона од Famous in Love на Freeform во 2018 година [37] Во јануари 2018 година, било објавено дека Карсон ќе глуми во телевизиската серија Слатки мали лажливки – Перфекционистки, [38] [39] каде ја угра улогата на Ава Џалали;[40] премиерно бил прикажан во март 2019 г.[41] [42] [43] За нејзината изведба, од Teen Choice Award била номинирана за најдобра ТВ глумица во драма.[44] Таа уште еднаш ја глумела Еви во Наследници 3, третиот дел од франшизата, чија премиера била на 2 август 2019 година.[45] Во јули 2019 година, било објавено дека Карсон ќе ја игра Ејприл во танцовиот филм на Нетфликс <i id="mw_A">Feel the Beat</i>, [46] [47] кој бил објавен во 2020 година.[48]

Во 2020 година, Карсон се приклучила на актерската екипа на трилер филмот <i id="mwAQY">Songbird</i>, во кој ја играла главната улога на Сара. [49] Истата година било објавено дека ја добила улогата на Кеси во романтичниот филм Пурпурни срца. Софија Карсон е и извршен продуцент на филмот,[50] и го напишала и пеела саундтракот од филмот. [51] Таа го позајмила гласот на Пип Петалс во Моето мало пони: нова генерација, објавен на 24 септември 2021 година.[52] Во јули 2022 година, Нетфликс го објавил Purple Hearts, и филмот се искачил на прво место во светот. [53] [54] Потоа, Софија глумела во филмот Carry-On заедно со добитниците на Златен глобус Тарон Егертон и Џејсон Бејтман.[55]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Sofia Carson (2022) [25]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „La barranquillera Sofía Carson, la actriz de la familia Char“. Revista Jetset (шпански). April 2014. Архивирано од изворникот на June 12, 2018. Посетено на August 31, 2015. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „birthinfo“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. 2,0 2,1 „Sofia Carson“. TV Guide. Архивирано од изворникот на July 22, 2016. Посетено на July 8, 2016. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „birthinfo2“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. Grobar, Matt (2023-01-24). „Diane Warren Lands 14th Oscar Nom For 'Tell It Like A Woman' Song "Applause" Following Honorary Oscar Nod“. Deadline (англиски). Посетено на 2023-01-27.
  4. Flam, Charna (2023-03-13). „Sofia Carson Urges Women of the World to 'Give Yourselves Some Applause' During Oscars Performance“. Variety (англиски). Посетено на 2023-03-17.
  5. 5,0 5,1 Madeleine Marr (July 30, 2015). „Sofia Carson: Fast Track to Fame“. Miami Herald. Архивирано од изворникот на November 24, 2015. Посетено на September 2, 2015.
  6. „Actriz barranquillera Sofía Carson vive un "cuento de hadas" en la película de Disney "Descendants". El Heraldo (шпански). August 3, 2015. Архивирано од изворникот на August 24, 2015. Посетено на September 2, 2015.
  7. „Actriz de Disney, Sofía Carson, pasa Navidad en Barranquilla“. El Heraldo (шпански). December 24, 2015. Архивирано од изворникот на September 14, 2016. Посетено на September 6, 2016.
  8. Amanda Rabines (July 29, 2015). „Fort Lauderdale native Sofia Carson stars in Disney Channel's 'Descendants'. Sun-Sentinel. Fort Lauderdale, Florida. Архивирано од изворникот на March 3, 2016. Посетено на April 9, 2016.
  9. Lucia I. Suarez Sang (July 31, 2015). „Sofia Carson takes on being teenage daughter of the Evil Queen in 'Descendants'. Fox News Latino. Архивирано од изворникот на April 22, 2016. Посетено на April 9, 2016.
  10. Blais-Billie, Braudie (April 28, 2017). „Disney's Rising Fashion Icon Sofia Carson Talks 'Back to Beautiful' & Hosting the Radio Disney Music Awards“. Billboard. Посетено на May 18, 2021.
  11. Празен навод (help)
  12. Празен навод (help)
  13. Празен навод (help)
  14. „All hail Disney's evil queen Sofia Carson“. The Citizen. August 27, 2015. Архивирано од изворникот на August 31, 2015. Посетено на August 28, 2015.
  15. Brian Cantor (March 29, 2016). „Sofia Carson's Debut Single "Love Is the Name" Makes Radio Premiere On 4/7“. Headline Planet. Архивирано од изворникот на April 12, 2016. Посетено на March 29, 2016.
  16. Flores, Griselda (May 17, 2016). „Watch Sofia Carson & J Balvin's Flirtatious 'Love Is the Name' Video“. Billboard. Посетено на May 7, 2021.
  17. Sydney Gore (November 21, 2017). „Sofia Carson Opens Up About The 'Ins And Outs' Of Her Career“. MTV News (англиски). Архивирано од изворникот на December 31, 2018. Посетено на December 31, 2018.
  18. Празен навод (help)
  19. Празен навод (help)
  20. Празен навод (help)
  21. Karenna Meredith (December 16, 2019). „Sofia Carson's New Single "I Luv U" Is the Most-Added Song on Spotify — Watch the Music Video!“. POPSUGAR Entertainment (англиски). Посетено на June 21, 2020.
  22. Man Hoh Tang Serradell (June 20, 2020). „Sofia Carson y R3HAB estrenan "Miss U More Than U Know". YOUNG España (шпански). Посетено на June 21, 2020.
  23. Chavez, Adriana (March 26, 2021). „Sofia Carson Releases New Single 'Fool's Gold'. Vacancy. Посетено на May 7, 2021.
  24. „Sofia Carson's Original Song 'Glowin' Up' from Netflix's 'My Little Pony: A New Generation' Released“. Film Music Reporter (англиски). Посетено на October 4, 2021.
  25. 25,0 25,1 Ross, Alex; Chung, Gabrielle (March 1, 2022). „Why Sofia Carson Says Her Deeply Personal New Album "Filled in the Blanks of My Story". E!. Посетено на March 1, 2022. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „SC-album“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  26. Davis, Clayton (28 February 2023). 'Naatu Naatu' From 'RRR' Will Be Performed at the 2023 Oscars“. Variety. Посетено на 2 March 2023.
  27. Dresden, Hilton (3 March 2023). „Sofia Carson on Preparing to Perform With Diane Warren at the Oscars: "I Still Pinch Myself". The Hollywood Reporter. Посетено на 8 March 2023.
  28. Jethro Nededog (April 16, 2014). „Disney's 'Descendants' Casts Newcomer Sofia Carson as Evil Queen's Daughter (Exclusive)“. TheWrap. Архивирано од изворникот на June 28, 2018. Посетено на February 17, 2021.
  29. Andrea Seikaly (May 23, 2014). „Disney Confirms 'Descendants' Villains“. Variety. Архивирано од изворникот на July 17, 2015. Посетено на July 25, 2015.
  30. Празен навод (help)
  31. Sara Bibel (January 9, 2015). „Disney Channel Greenlights Original Movies 'Invisible Sister' Starring Rowan Blanchard & Paris Berelc & 'Further Adventures in Babysitting' Starring Sabrina Carpenter & Sofia Carson“. TV by the Numbers. Архивирано од изворникот на July 13, 2016. Посетено на July 25, 2015.
  32. Borys Kit (March 1, 2016). 'Descendants' Star Sofia Carson Nabs Lead for 'Cinderella Story: If the Shoe Fits' (Exclusive)“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на March 10, 2016. Посетено на March 16, 2016.
  33. Elizabeth Wagmeister (March 2, 2016). „Freeform Nabs TV Rights for Sofia Carson's 'Cinderella Story' Sequel“. Variety. Архивирано од изворникот на March 16, 2016. Посетено на March 16, 2016.
  34. Ross A. Lincoln (April 10, 2016). 'Descendants 2' Greenlighted By Disney Channel For 2017, New Characters Added“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на July 9, 2016. Посетено на July 8, 2016.
  35. Lauren Piester (April 30, 2017). „The First Descendants 2 Trailer & Music Video Are Here! Dove Cameron, Sofia Carson and More Stars Sound Off“. E! News. Архивирано од изворникот на May 1, 2017.
  36. „Imagen Foundation Announces Nominees for the 33rd Annual Imagen Awards“. Imagen Foundation (англиски). June 28, 2018. Архивирано од изворникот на June 30, 2018. Посетено на May 15, 2020.
  37. Brianna Wiest (December 20, 2017). „Another Disney Channel Star Will Be on Bella Thorne's "Famous In Love". Teen Vogue. Архивирано од изворникот на January 10, 2018. Посетено на January 9, 2018.
  38. Denise Petski (January 29, 2018). 'Pretty Little Liars: The Perfectionists': Sofia Carson Cast In Freeform Drama Pilot“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на January 30, 2018. Посетено на January 29, 2018.
  39. Празен навод (help)
  40. Andy Swift (December 4, 2017). „Pretty Little Liars Spinoff: Meet the Perfectionists Joining Ali and Mona“. TVLine. Архивирано од изворникот на May 13, 2018. Посетено на May 14, 2018.
  41. Denise Petski (May 14, 2018). 'Pretty Little Liars: The Perfectionists' Picked Up To Series At Freeform“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на May 15, 2018. Посетено на May 14, 2018.
  42. Marilyn La Jeunesse (December 27, 2018). „TV Shows Coming Out in 2019 That We Can Hardly Wait For“. Teen Vogue (англиски). Архивирано од изворникот на December 31, 2018. Посетено на December 31, 2018.
  43. Lesley Goldberg (December 19, 2018). „The 19 Most-Anticipated New Scripted TV Shows of 2019“. The Hollywood Reporter (англиски). Архивирано од изворникот на December 19, 2018. Посетено на December 31, 2018.
  44. Annie Howard; Alexandra Del Rosario (June 16, 2019). „Teen Choice Awards: 'Avengers: Endgame,' 'Crazy Rich Asians' and 'Riverdale' Among Nominees“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на June 22, 2019. Посетено на June 22, 2019.
  45. Zach Johnson (June 1, 2018). Descendants 3 First Look: See Carlos, Evie, Jay and Mal's Makeovers“. E!. Архивирано од изворникот на June 12, 2018. Посетено на June 5, 2018.
  46. Amanda N'Duka (July 26, 2019). „Sofia Carson To Topline Netflix Family Dance Film 'Feel The Beat'. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на July 26, 2019. Посетено на July 27, 2019.
  47. Dave McNary (July 26, 2019). „Sofia Carson Starring in Netflix's Dance Movie 'Feel the Beat'. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на July 26, 2019. Посетено на July 27, 2019.
  48. Anna Menta (June 15, 2020). 'Feel the Beat': Trailer, Cast, Release Date, and What To Know About the Know About the Netflix Film“. Decider (англиски). Посетено на September 7, 2020.
  49. Borys Kit (July 13, 2020). „K.J. Apa, Sofia Carson to Star in Michael Bay-Produced Pandemic Thriller 'Songbird'. Hollywood Reporter. Посетено на September 7, 2020.
  50. Radish, Christina (September 28, 2021). „Sofia Carson on My Little Pony: New Generation and Purple Hearts“. Collider. Посетено на September 28, 2021.
  51. Andreas Wiseman (November 10, 2020). „Sofia Carson & Charles Melton To Star In YA Romance 'Purple Hearts' From Alloy Entertainment, Carson To Write & Perform On Soundtrack“. Deadline Hollywood. Посетено на November 11, 2020.
  52. D'Alessandro, Anthony (June 30, 2021). „Netflix's Animated 'My Little Pony' Movie Gets A Title And A Release Date; Voice Cast Revealed – Update“. Deadline Hollywood. Посетено на July 1, 2021.
  53. „Watch Purple Hearts | Netflix Official Site“. www.netflix.com (англиски). Посетено на 2022-08-05.
  54. „Purple Hearts Is Netflix's Most Streamed Program for the Week of August 1“. www.adweek.com (англиски). Посетено на 2022-08-13.
  55. Kroll, Justin (2022-09-26). 'Purple Hearts' Star Sofia Carson And Netflix Find Next Project To Team On With Thriller 'Carry On', 'Till' Star Danielle Deadwyler Also On Board“. Deadline (англиски). Посетено на 2023-01-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]