Сотир Сотироски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сотир Ѓорев Сотироски-Џигиџик некаде се сретнува како Сотир Георгиески - Џигиџик (22 август 1919 во Прилеп19 септември 1942 во Дабница, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил работник. Како активен помагач на Народноослободитлената борба, бил откриен и фатен од бугарската фашистичка полиција. По садистичкото мачење на 19 септември 1942 година, истиот бил стрелан кај месноста Завој, недалеку од селото Дабница, Прилепско.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 15.