Прејди на содржината

Соседната куќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Соседната куќа
Податотека:Posterlacasadelalado.jpg
Ништо не е како што изгледа
ЖанрТрилер, Aкција, Криминал
Создадена одХосе Игнасио Валенсуела
Развиена одTelemundo Studios, Miami
Режирана одЛуис Мансо
Рамиро Шварц
УлогиМарица Родригес
Габриел Порас
Катерин Сијачоке
Мигел Варони
Давид Чокаро
Композитор(и)Тулио Кренисини
Земја на потеклоСАД
Првичен јазикШпански, Англиски
Бр. на епизоди165[1]
Производство
Извршен продуцентАурелио Валкарсел Карол
Давид Посада
ПродуцентХаиро Арсила
УредникРамиро Пардо
Времетраење41-44 minutes
Прикажување
Првична мрежаTelemundo
Првично прикажување31 мај 2011 – 23 јануари 2012
Хронологија
ПретходникКралицата на југот
СледбеникОпасни врски[2]
Слични програмиСоседната фамилија
Надворешни врски
msnlatino.telemundo.com/novelas/La Casa de al Lado

Соседната куќа (La casa de al Lado) e теленовела на шпански јазик продуцирана во САД од страна на Телемундо. Оваа теленовела е римејк од чилеанската теленовела Соседната фамилија продуцирана од страна на TVN во 2010-2011 и е адаптирана од страна на авторот на оригиналот, Хосе Игнасио Валенсуела правејќи подолга приказна од оригиналот. Марица Родригес и Габриел Порас настапуваат како протагонисти, додека пак Катерин Сијачоке, Мигел Варони, Давид Чокаро и Марица Родригес (која толкува двојна улога) настапуваат како антагонисти.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

"Соседната куќа" е теленовела каде што има многу неизвесност, каде што смртта е двигател на ланец на интриги помеѓу две фамилии. Сите чуваат по некоја голема тајна која ќе предизвика да се сомневаме во сите. Во оваа приказна, не се знае кој лаже или кој ја кажува вистината, кој се добрите или кој се лошите и на кој може да му се верува а од кој треба да се плашиме. Ренато Конде е просперитетен и богат стопанственик кој знаел да се движи многу добро во светот на бизнисот. Неговото име е синоним на моќ, богатство и интелигенција. Тој и Ева, неговата сопруга, се горди на својата фамилија односно на Игнасиа, Емилио и Карола, нивните три деца. Пилар Аризменди, една слатка и прекрасна жена е мажена со Хавиер Руиз, еден ладнокрвен и лош човек кој сака се да биде под негова контрола, па дури и животот на неговата сопруга. Хавиер е адвокат на фамилијата Конде веќе многу години, и има две деца заедно со Пилар, Андреа и Диего. Гонсало Ибањес е адвокат, кој набргу се заљубува во Игнасиа и се жени со неа. По свадбата, Гонсало се сели во куќата на фамилијата Конде, и таму започнува да открива тајни дотогаш непознати за него. Имено, тој е вториот сопруг на Игнасиа, која пред само неколку месеци останала вдовица кога нејзиниот прв сопруг Адолфо, починал во чудни околнонсти. Исто така, Гонсало дознава дека во куќата на Конде живее и Леонардо, братот близнак на Адолфо кој всушност е инвалид. Со тоа откритие, Гонсало сфаќа дека ништо не е како што изгледа во таа куќа, и дека тој ќе треба да ја открие вистината што се наоѓа зад мистериозната смрт на Адолфо. Дознава дека сите што го опкружуваат се осомничени, и колку повеќе се обидува да дознае што се крие зад "несреќата" која го зела животот на Адолфо, толку повеќе сфаќа дека сите кријат по една многу добро чувана тајна.

Главни ликови

ГлумецЛик
Марица РодригесПилар Аризменди де Руиз / Ракел Аризменди
Габриел ПорасГонсало Ибањез / Ињаки Мора / Роберто Акоста-
Катерин СијачокеИгнасиа Конде Спенсер
Мигел ВарониХавиер Руиз
Хорхе Луис ПилаМатиас Санта Марија Уртадо
Анхелика МаријаСесилиа Аризменди
Давид ЧокароАдолфо Акоста / Исмаел Мора - Леонардо Акоста / Иван Мора
Даниел ЛугоРенато Конде
фелисија МеркадоЕва Спенсер де Конде
Карла МонроигРебека Аризменди
Хенри ЗакаИгор Мора
Орландо ФундичелиСебастиан Андраде
Химена ДукеКарола Конде Спенсер
Софиа ЛамаИлда Гонсалес де Конде
Росалинда РодригесКарен Ортега
Габриел ВаленсуелаЕмилио Конде Спенсер
Хектор ФуентесНибалдо Гонсалес
Вивијан РуизЈоланда Санчес
Алехандра ПомалесАндреа Руиз Аризменди
Андрес КотриноДиего Руиз Аризменди
  1. „Telemundo's ''La Casa de al Lado''. Msnlatino.telemundo.com. Посетено на 2012-09-28.
  2. „Gonzalo García Vivanco se integra a Relaciones Peligrosas“. Ecuavisa.com. 2011-11-30. Архивирано од изворникот на 2012-04-05. Посетено на 2012-09-28.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Telemundo 2010-2011 telenovelas Предлошка:Telemundo 2011-2012 telenovelas

http://en.wikipedia.org/wiki/La_Casa_de_al_Lado{{Infobox%5Bмртва+врска%5D television