Прејди на содржината

Сорвагсватн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сорвагсватн

Сорвагсватн е најголемото езеро на Фарските Острови. Се наоѓа на островот Вагар помеѓу општините Сорвагур и Вагар. Неговата површина е 3.4 км2, повеќе од три пати поголема од Фјалаватн, второто по големина езеро, исто така сместено на Вагар.

Кај мештаните има несогласување околу името на езерото. Жителите на Sørvágur на запад претпочитаат Sørvágsvatn, што значи „езерото покрај Sørvágur“. Жителите на Miðvágur и Sandavágur на исток претпочитаат Leitisvatn, што значи „езерото покрај Леити“, што се однесува на територијата на источната страна од него.

Селото Miðvágur е поблиску до езерото од Sørvágur, но се смета дека второто било населено порано. Сорвагур - заедно со Бур и Сандавагур се смета за една од трите оригинални населби на Вагар. Тие ја поделиле земјата на островот на три еднакви региони од 60 марки (територијална област) со што езерото би се сместило во регионот на Сорвагур.

Локалните жители најчесто го нарекуваат Vatnið „езерото“. Дебатата најчесто се случува кога луѓето од другите делови на Фарските острови го нарекуваат езерото со едно од неговите дадени имиња.

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на езерото.
Фотографија од 1898 или 1899 година на која е прикажан водопадот Bøsdalafossur.

Езерото се наоѓа многу блиску до океанот, но неговата површина е околу 40 метри над морското ниво. Опкружен е со висока карпа што го спречува целосното истекување во океанот, а излезот е водопадот Bøsdalafossur. Поголемата висина на карпите од двете страни на Bøsdalafossur може да дадат илузија од одредени перспективи дека езерото е повисоко над морското ниво отколку што е. [1]

Историја

[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна, британската армија изградила аеродром (сега аеродром Вагар) западно од езерото. Тие изградиле и станица за поддршка на хидроавионите. Првиот авион што слета на езерото бил Каталина од крајбрежната команда на РАФ во 1941 година.

Места и имиња

[уреди | уреди извор]
  • Trælanípan
  • Oyrar
  • Bøsdalafossur
  • Sjatlá
  • Sálarbótsá

На езерото има можности за ловење пастрмка . Во летото 2005 година била формирана локална иницијатива за екскурзии со брод. [2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Strutner, Suzy. „An Optical Illusion Makes Lake Sørvágsvatn Look Absolutely Trippy“. Huffington Post. Посетено на 30 May 2016.
  2. „Welcome to LAKESIDE SIGHTSEEING!“. www.lakeside.fo. Архивирано од изворникот на 18 October 2005. Посетено на 22 May 2022.