Прејди на содржината

Сора (река)

Координати: 46°08′21″N 14°24′57″E / 46.1391° СГШ; 14.4159° ИГД / 46.1391; 14.4159
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сора
Селшката Сора под мостот Капучин, Шкофја Лока, веднаш над сливот со Полјанска Сора (2008)
Местоположба
ЗемјаСловенија
Физички особености
Извор 
 • местосливот на Селца Сора и Полјане Сора
 • надм. вис.330 м [1]
Устие 
 • место
Сава (близу Медводе)
 • координати
46°08′21″N 14°24′57″E / 46.1391° СГШ; 14.4159° ИГД / 46.1391; 14.4159
 • надм. вис.
308 м [1]
Должина9 км [1]
Големина на сливот636 км2 [1]
Проток 
 • просечен25 м3/с (кај истекот)
Особености на сливот
ТечениеПредлошка:Сава

Сора (германски: Zayer или Zeier) ― десна притока на реката Сава во западниот дел на Словенија. Сора своите води ги собира главно од Ридовите Шкофја Лока. Нејзините изворни ограноци се Полјанска Сора (исто така, Полјаншчица), именувана по Полјанска Долина, и Селшката Сора (исто така Селшчица), именувана по Селшката Долина Полјанската Сора е поголема и е долга 43 км, додека Селшката Сора е долга 32 км.[1] Тие течат заедно во Шкофја Лока и го продолжуваат течението како Сора во следните 9.2 км сè до Медводе, каде Сора се влева во Сава. Вклучувајќи ја Плјанска Сора, Сора е долга 52 км.[1] Ова ја прави 15-та најдолга река во Словенија.

Реката Сора е со пороен карактер и честопати се поплавува. Нејзиното просечно празнење при одливот е 25 метри кубни во секунда. Нејзиното најголемо излевање, измерено во 1990 година, било 690 метри кубни во секунда.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Rivers, longer than 25 km, and their catchment areas, Statistical Office of the Republic of Slovenia

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Sora на Ризницата ?
  • Состојба на Сора на Жеzелезники Архивирано на 4 март 2016 г. и Суха Архивирано на 4 март 2016 г. - графикони, по следниот редослед, за податоците за нивото на водата, податоци за протокот и температурата за последните 30 дена (земени во Железники и Суха од АРСО)