Сон на тркала

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Сон на тркала“ — збирка со песни за деца на македонскиот писател Стојан Тарапуза.

Издание на „Детска радост“ од 2015 година[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена од Редакцијата „Детска радост“ на издавачката куќа Просветно дело АД Скопје, како дел од библиотеката „Лектирни изданија“. Таа има 112 страници, а испечатена е во печатницата Напредок од Тетово, во формат од 20 сантиметри, со мек повез. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-228-201-5. Илустрациите во книгата се дело на Натали Николовска, а лектурата и коректурата ги извршил Дениз Тесторидес.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 73 песни:[2] „Разденување“, „Око“, „Сончева песна“, „Зрак и јога“, „Игра“, „Со оваа песна“, „Кога човек ќе се роди“, „Здравица“, „Детето е жива слика“, „Дете и кловн“, „Ние сме деца“, „Тоа место“, „Наутро во часот ран“, „Песна“, „Шетај низ полето“, „Со два ата по два пата“, „Кога нешто убаво ми се случува“, „Денеска нешто во мене расте“, „Синолички“, „Принцезата капка“, „Дрво“, „Борови“, „Една птица златара“, „Дожд“, „Реките се станови“, „На облак скитник, „Желба“, „Зошто да кријам“, „Книгата е живот“, „Јас знам што е поток“, „Ах, ова лето“, „Облак се поти“, „Во полето овој час“, „Што им стори, бре, Илија“, „Огинот со огин се разгорува“, „Ветер капки шутирал“, „Ветерот еднаш направил грешка“, „Дибек глава“, Погледот на зимата“, „Зимата на децата им пее“, „Седум брода“, „Лебец јадам, слатко лижам“, „Кажи ми, мамо“, „Те молам, тато, води ме“, „Чевлите на дедо ми“, „Има едни очи“, „Два погледа“, „Љубовна песна“, „Бреза и јавор“, „Одам шарам нешто барам“, „Има нешто што ме вика“, „Често се прашувам“, „Умна глава“, „Каша не закашувам“, „Мора еднаш да се знае“, „Шајка ајка“, „Што видов, „Што купив на сон за мојот роденден“, „Какви топки има“, „Циркус“, „Покана за циркус“, „Кога настапува мрак“, „Сонцето се скрило, „Испади го мракот“, „Сè си мислам“, „Ѕвездичка“, „Ѕвезда“, „Како се повикува ѕвезда“, „Месечинке“, „Детскиот сон“, „Сношти на сон зборев“, „Каде одат соништата“, и „Добра ноќ, дете“. Покрај песните, на крајот од книгата е поместена белешка за авторот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стојан Тарапуза, Сон на тркала. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2015.
  2. Стојан Тарапуза, Сон на тркала. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2015.