Сон за розата (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Сон за розата“ (српскохрватски: Сан о ружи) — југословенски филм од 1986 година, во режија на Зоран Тадиќ. Улогите ги играат: Раде Шербеџија, Ива Марјановиќ, Фабијан Шоваговиќ, Влатко Дулиќ, Томислав Готовац итн.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Валент е работник од ноќната смена кој едвај го прехранува семејството. Еднаш, додека се враќа дома од работа, тој е сведок на гангстерска пресметка пред локалната месарница и ја зема торбата со парите и пиштолот која е оставена на местото на настанот. Месарот кој е поврзан со криминалците сфаќа дека Валент ги зел парите, па почнува да врши притисок врз него...[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]