Прејди на содржината

Сон во црвената одаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сцена од романот „Сон во црвената одаја“ од Цао Сјуеќин, насликана од Сјуe Бао, 1810.

Сон во црвената одаја (紅樓夢; 红楼梦) го напишал Цао Сјуеќин (1722-1763).[1] Тоа е роман за Чјинг (династија).

Романот е наменет да биде спомен на жените што ги познавал во младоста: пријатели, роднини и слугинки. На подлабоко ниво, авторот истражува религиозни и филозофски прашања, а стилот на пишување вклучува одгласи на драми и романи на покојниот Минг, како и поезија од претходните периоди.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Романот детално го опишува семејниот клан Џија и неговите две гранки, куќите Ронгуо и Нингуо. Овие семејства се сместени во големи куќи во главниот град. Нивните предци биле војводи. На почетокот на романот, обете куќи им припаѓаат на најпочитуваните семејства во градот. Опишано е нивното богатство и влијание, кое трае сè додека не се случи конфликт со царот. После тоа, нивните куќи се ограбени и конфискувани, а се случуваат и злосторства. Кон крајот на романот, нивната ситуација полека се подобрува. Една од главните теми на романот е љубовен триаголник. Главниот лик Џија Баоју е заљубен во својата роднина Лин Даи, но сепак се жени содруга роднина, Сјуе Баоцаи. Нивната љубовна приказна завршува трагично.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Liu, Zaifu and Yunzhong Shu (2008). Reflections on Dream of the red chamber. Cambria Press. стр. 115. ISBN 978-1-60497-524-6.