Сонот на жената (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сонот на жената (шведски: Kvinnodröm) е шведски филм од 1955 година, режиран од Ингмар Бергман. Главните улоги ги толкуваат: Ева Далбек (Eva Dahlbeck) и Хариет Андерсон (Harriet Andersson). Во Англија, овој филм е прикажуван со насловот „Пат кон есента“ (Jurney into Autumn).

Заплет[уреди | уреди извор]

Сузан е сопственичка на манекенска агенција во Стокхолм. Дорис, нејзината најпопуларна манекенка, има расправија со нејзиниот вереник Пале, пред да замине со Сузан заедно во Гетеборг на модна фото-сесија.