Сони Петровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 4 јануари 1977
Сиднеј, Австралија Австралија
Занимање композитор и универзитетски професор


Сони Петровски (Сиднеј, Австралија, 4 јануари 1977) е композитор, диригент и универзитески професор.

Биографија[уреди | уреди извор]

Петровски е роден на 4 јануари1977 година во Сиднеј, Австралија. Средно музичко училиште завршил во Битола, а дипломирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Гоце Коларовски. Посетувал семинари кај реномирани композитори во Македонија и странство, меѓу кои: Brian Fernheyhough, Krzystof Meyer, Faradj Karaev, John Woolrich, Pierre Allain Jaffrennou, Eric Gaudibert и други. Од 2001 година работи на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Бил уметнички директор на фестивалот „Денови на македонска музика“. 1998 до 2006 година бил основач и уметнички раководител на Ансамблот за современа музика „Алеа“ со кој остварил бројни настапи во Македонија и странство, промовирајќи ја современата македонска и светска музика. Во 2009 е добитник на наградата „Панче Пешев“ за композицијата „Зодијак“[1] доделена од Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ. Во 2012 бил избран за Претседател на СОКОМ.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Автор е на повеќе од 70 оригинални композиции и обработки во речиси сите жанрови. Операта „Леандар и Косара“, симфониски, концертантни, камерни, вокални, хорски и солистички дела. Автор е на повеќе нумери од албумот „Божилак“ на Тоше Проески како и 30-тина оркестрации на неговите песни изведувани ширум Балканот. Неговите дела се изведувани во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија, Франција, Унгарија, Австрија, Италија, Германија, Новрешка, Полска, Русија, Украина, Данска, Холандија, Велика Британија, Нов Зеланд, Канада. Неговите дела се издадени на носачи на звук од СОКОМ, Музичка младина на Македонија, Трио Интерарт, City Records, Hit Records, Hi-Fi Centar.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Зодијак“ на Сони Петровски ја отвора „Денови на македонска музика““, Утрински Весник, 18 март (посет. 5 мај 2012 г). (на македонски)
  2. „Сони Петровски на чело на СОКОМ“ (македонски). Плус инфо. 5 мај 2012. конс. 2012-05-05. 
  1. Реден број во список

„Зодијак“ на Сони Петровски ја воодушеви публиката, Утрински весник, 20.03.2009 (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]